Тие што биле во Кушадаси нека ја оживеат малку темава.Ние се мислиме да отидеме оваа година на одмор во Кушадаси.Па,споделите некои искуства.Какви се цените,плажите и слично.
Да одите, нема да згрешите. Пред околу месец бев за првпат, ептен ми се бендиса. Јас добив на наградна игра, се' ни беше платено, за цени по хотели, лежалки и влезници не би знаела да кажам.Бевме сместени во хотел Санта Мариа, на 5км од центарот, ама има домуши(така ги викаат мини бусите) за пола евро, се стигнува секаде. Убав градот, и дење и ноќе, има што да се види, островчето на птиците, убави плажи, аква паркови, крстарења, тури до Ефес, Памук Кале...Во маркетите цените како кај нас, за шопинг исто ефтино, се изнакупував Во хотелот се оранизираа и турски вечери, со танчерки, акробати..Се' ми остави убав впечаток, многу љубезни Турците. Пак би одела затоа што не успеав се' да видам.
Разбираат англиски или?А тие тури што ги спомна и до островот колку чинеше од прилика? Истотака,ја споменуваат и смрдеата.Смрди многу?
Како е со банкомати во Кушадаси? И со кои картички може да се плаќа по продавници...јас имам само дебитна картичка
Побрзо македонски ќе се разбериш отколку англиски Смрдеа?! Ништо од то. На островчето(Guvercin Ada) се оди пешки, поврзано е со пристаништето, мислам дека не се плаќа.Преубаво е таму.Штета што бевме ограничени со време, таква ни беше агендата, инаку би останала малку повеќе таму. Какви глетки има (Слики од мојот приватен албум) @љубопитна Има банкомати на секој чекор во центарот. Има и такви АТМ како менувачници-ставаш евра, ти даваат лири. Совет- најисплатливо е со лири да се купува и во кеш. На етитеките има 2 цени, едната за во кеш(поевтина) и другата за со картичка(поскапа). Со евра ако плаќаш, губиш, друга цена ти кажуваат. Знаат да бидат безобразни во тој поглед, одма прашуваат: евра или лири? 1 евро= 5.3 лири
Сум заборавила да се пријавам со импресии Почеток на август си тргнавме со кола за Кушадаси некаде 1100-1200км Таму си имавме изнајмено кука со 2ката ,доле дневна кујна вц огромна тераса горе 3 спалнини вц за ич пари Кога отидовме за едно евро даваа 5.9лири а кога си тргнавме некаде 8.7 лири Голем плус за нас Едино нешто скапо во Кушадади беше алкохолот околу 100 ден во продавница шише стакло или лименка пиво Познато локално пиво е Ефес има и Амстел,Туборг не се грижите Градот не спие 24часа По чаршијата во центарот на градот има безброј продавници ,ресторани,сендвичари дискотеки Тука има и апарати од евра да си смените во лири истото може да го сторите во менувачница и во банка без проблем Во банка 300 е најмногу од човек може да се смени во еден ден Во текот на 24 часа чаршијата е полна со народ ,живо,раздвижено луѓето фини услужливи и во 2 дента и во 2 нокта полнооо туристи Огромни шопинг центри со сите фирми кои работат касно во нокта За тие шо ке одат од корист им е да го посетат Јусуф кофте ресторант кој нуде готвено ефтино вкусно јаденје на кило Исто така да се посете и ваикики цените беа смешни дупло ако не и три пати поефтини од кај нас Најинтересни се нивните пазари на кои нема што нема од храна ,облека Баклавите со фстак се мхххјх Исто така и адана кебап да пробате и кајмак Да напоменам дека никаде не мирисаше лошо ни по град ни во ресторант ни храната Храна ефтина ,облека ефтина Повеке слики неможам да прикачам па ке одат во друг пост Плажите..... Најбучна и најфул плажа Лејдис бич ништо посебно Лонг бич долга 17 км(сликата горе) и доста широка на неа имате сламени чадори и си користите безплатно уствари сите се бесплатни плажи На некој км од Кушадаси го имате Мили парк национален парк со борова шума кој излегува на морето и тука ги имаш најубавите плажи од една страна шума борова од друга страна море Тука се плака влез од кола 5 е мислам на плажите има чадор и лежалка а во шумата клупи со маси Да го посетиш Кушадади а да не посетиш аква парк е рамно на лудост Доживување за цел живот Се одлучивме за Адаленд влез 25 е од човек внатре огромен простор милон топогани големи и мали затворени отворени ,разно разни скокалници,џакузи базент,базент со браневи ,музика ,шоуа за деца со маскоти,шоуа за возрасни со бина музика играње под млазови вода кои испагаат од земјата ,пена парти ,ресторанти шанкови диџеј... https://www.facebook.com/AdalandAquapark/videos/1429525933779263/ За да го доживеете ѕирнете видео Страшно обезбедување се си оставаш на лежалките никој не смее да чепне камери на секој чекор страшна хигиена Имаш доктор на располагање и сеф За да купиш храна или пијалок мораш да земиш адаленд картица да внесиш пари на неа се шо ке ти остане на одење на каса ке ти вратат На самиот влез во аква паркот прво ке те претресат храна и пијалок забрането Тука е и познатото шоу со делфин Имаш опција да пливаш со него ,да се сликаш со него Друго место за посета Памук кале Незнам шо да пишам за памук кале место што вреди да се виде,природна убавина едино да се виде па да се свати зошто е толку убаво влез 35 лири или околу 5 е Тука ви е бањата на Клеопатра и еден стар антички град појма немам како се викаше Кушадаси -памук кале 180 км имате тури од центарот на градот околу 35 е од човек со ручек превоз и карта еве слики Тука се бањала Клеопатра Се верува дека оваа вода била таа што ја одржавало убава и млада Клеопатра Убаво поминати 15 дена Незнам што друго пропуштив да кажам а сигурно пропуштив многу но ако нешто ве занима пишете ми слободно Се надевам дека успешно ви го доловив Кушадаси Лето 2019 ке продолжиме пак
Bidekji jas sakam so avion, bash ovoj period baram ama sepak e teshko. Dokolku znaesh nekoja agencija te zamoluvam da mi pishesh.
Освен ако не мислиш за по пат, па искуството со фери, чанакале итн, нема многу да пропушти.. Има еден куп екскурзии што се организираат факултативно, а некои одат само за да си легнат на плажа и да кулираат без да се замараат со други работи. Тие недела дена да им се баш одмор. Не оди секој за активен одмор.. Плус да не зборам дека цел ден и ноќ ќе го утепаат во возење, тоа бара концентрација и замара не само физички туку и психички.. Од искуство зборам..
даст неможиш кај сакаш да се движиш и кога сакаш со кола е подруго кога сакаш испаѓаш кога сакаш се вракаш одиш кај сакаш ко дома се осекавме по сто пати до град и назад маркети сопнг центри луна паркови и шо ти уште не коа ке те акнат у хотел некој шо ке додремиш додека се снајдиш со такци долмуши додека научиш како функционират за кушадаси редко има со авион бар ја шо гледав и зависи кој шо сака ја пример и маж ми не сакаме друг да не вози и друг д ами темпира кај да одам и кога ние сме научени ни текне ли палиме кола и тргаме и не разбирам шо е проблем вожњата ? 1000 км шо се? 8саати со фери и чекање 10саати преку сила
Зa некои 1100 км се многу, за други малку. Некои имаат возачка и возат, некои имаат по 18-20год и се возачи почетници..некои немаат никаква. Дека 8 саати ти требало за да извозиш 1100км те молам други залажувај. Две т.е четири граници имаш, само на граници губиш саат време во сезона. Некои едноставно не сакаат да возат 2200км и да дадат 200 евра само за бензин плус другите трошкови.. На некои им се лоши на долги релации, други патуваат со мали деца.. Не разбираш дека секој си има свои желби? Ние имавме желба да шетаме секој ден по плажи..некои сакаат да легнат и да пијат коктели на убава плажа. И толку. Не секој ден номади да изиграваат. На нив кола не им треба. Плус кратат 10+ саати во правец. Има многу што одат со авион. Има и чартери летно време а има и флајпегасус до измир лет за тие што сакаат сами да се организираат.. 10.000-12.000 ден по човек е во просек повратна авионски ако не одат преку агенција со целосен аранжман.. тоа се 400-450е за двајца плус хотелот..(со се трансфер измир-кушадаси) Сите луѓе имаат различни желби. @Teodora12345 за агенции Фибула травел, етц травел, еуросава
А некој има намера да се прае паметен Кој како намислил така јас си кажав лично за мене и мое мислење Јас не можам да замислам некој друг да ме возе мене такси агенција или било шо и за одмор и за се општо Неможам повеке да се замарам Секој си знае за себе Пријатно
Ако си расположена, да те прашам таа женската плажа дали е солидна ( песочна, вода чиста, гужва), и дали во близина има плажи до кои се стигнува со локално бусче?