Браво ако 1100 км сте ги поминале за 8 часа, тоа возење со најмалце 200 на час. Најмалце. Па и со толку нема шанси. Мислам, не потценувај тоа што други кажале, оти пореална е @Dust отколку ти. Немој да создаваш лажна слика за некои работи. Ако вие со кола сте стигнале за толку време, ок, ама тоа би значело дека буквално сте летале по автопатот, а не знам што сте правеле во планинскиот дел каде што е магистрален, обичен пат. Реално, теорија нема да поминеш 1150 км за 8 часа. На граници губиш време, еве ние поминавме саат време на македонско-грчка граница, исто толку на грчко-турска. Траектот со се товарање едно саат и пол, а тоа се три и пол часа. За пет часа нема шанси да го поминеш целиот пат. Без разлика што е автопат. Плус ако возиш цело време покрај брегот, излегуваат повеќе од 1150 км, сигурно уште 200км плус. Ние за ден и пол го поминавме овој пат, со тоа што преку ден возевме, ноќта преспавме во Чанак Кале на одење, во Галиполи на враќање. На одење застанавме да ја видиме Троја, а правевме и паузи попатно. Добро искуство, иако напорно, особено со дете. Времето во септември - топло, многу влажно, бранови имаше постојано, не беа големи. Водата ретко беше чиста баш поради брановите. Инаку некако ладно ми беше морето, што искрено ме чудеше. Одевме само на плажата од нашиот хотел, така што не можам да споделам искуства за другите плажи.
Кушадаси е прекрасно место....бевме со кола и точно 24 часа ни беше пат и попат неле, со застанување(кафе, јадење, мочање) одмор и со граница. Бидејќи имавме наше возило одевме секаде, на сите места, од Ефес, резервати, памук кале, аква паркови идр. Инаку и да немате кола, имаат автобусчиња и организрани превози до секаде. Кој ке оди во Кушадаси нема да згреши..инаку бевме приватен смештај а јадевме насекаде, од ресторани за самопослуживање па до....нема што нема таму...
Се двоумам за Хотел Блу Си и единствено што ме интересира за почеток е дали вистина го добивам овој поглед во цената? Од проста причина што одморот во Грција не ме фасцинира многу барем годинава, а и сакам да сменам дестинација, плус ми гледа како земја со пристапни цени. Таа најблиската плажа Лејдис бич не ме плаши, еве имало автобувчиња за посета на други плажи. Така да, ако имам поглед ваков (каков што сум сакала отсекогаш) можда ќе ме купи понудава, па ќе заборавам на 24 часа патување со автобус. И плус, хотелот каков сака нека е, за 220 евра добиваш појадок и вечера, барем еден проблем помалку, од типот што за јадење. Тоа не ја исклучува можноста дека за ручек може да се проба нешто и од околните места, ама сепак. Сѐ на сѐ, ве читав и имам поделени мислења, иако оставам шанса и си велам дека треба да се посети. Ако не оваа година, барем некоја наредна.
Ако имаш sea view соба тогаш да..ако немаш...што би го гледала морето А најверојатно ќе го имаш барем делумно погледот на море бидејќи така е поставен хотелот.. Ама дека баш ваков поглед ќе имаш, не се надевај.. може ќе си на прв кат или во тие соби што имаат поглед на море ама не директен..така да...
Ако се одлучиш да одиш во сопствена режија, а не преку агенција ќе најдеш и многу подобри погледи на море. И поблиску до плажа. Препорака од мене за ladies beach hotel. На букинг си го најдовме. На прва линија, сите соби се со делумен или целосен поглед кон морето. Бевме сега во јуни, плаќавме 36 евра за двајца со доручек за ден. Ако ручаш или вечераш во нивниот ресторан добиваш попуст и на јадењето и на пијалоците. Кујната им беше одлична. А нема да згрешиш и да седнеш да јадеш било каде, цените им се пристојни. Само алкохолот им е скап. Под обавезно да се проба нивниот ск, сли сладолед што го прават со салеп, предобар е. Еве каков поглед имавме:
Ние кога бевме, беше постојано разбранувана и поради тоа не беше баш чиста. И некако ладна ми беше. Баш во септември бевме, од 8-18.
Да пред некоја година бев и навистина е тој поглед,барем ние го имавме од нашата соба. Немам слика во телефон иначе ќе ти постирав.
Некој што е моментално или што веќе се вратил па да ми кажи како се цените и сл. Јас по 2 пат ќе одам, првиот пат ми беше феноменално. Оваа година одам на работите што ги пропуштив тогаш Кушадаси мене искрено ми е преубаво место за одмор, има и што да видите и кај да прошетате и добар ноќен живот
Турција неможе никако да ја споредувате со Грција .. Зашто во Турција каке каде е поубаво и подобро од Грците ... Анталија е Нешто фантастично како во Лос Ангелес да си бил/а хаа Кушадаси е исто фантастично , плус е блиску 2риот или 3тиот најголем град во Турција Измир за посета , блиску е Памук Кале и Кападокиа , Бодрум ..
Сериозно ова? Си бил ли некогаш во ЛА па да споредуваш? Врска си немаат еден со друг колку за информација