Jas bi sakal da odam vo Kusadasi ama mnogu e daleku duri vo Azija vo toj del od Turcija e vo avion nesakam da se kacam so avtovus ili kola nad 1200 km e Lugje sto bile kazuvaat preubavo e kako i cela Turcija , nas Makedoncite mn ne pocituvale i sakale treba da go iskiusam toa godinava ako so koronava se e okej
Да ја обновиме малку темата, дали некој бил или планира да оди летово во Кушадаси? Каква е водата, дали е подобро да е хотелот блиску до центарот или до плажата? Како е на Ladies beach? Дали вреди да се плати поскап хотел со повеќе ѕвезди?
Јас бев поблиску до центарот и секој ден одев на плажа со комбе, што беше малце малтретирање, но од друга страна си одиш на различна плажа секој ден. Имаше една Миракл (така нешто) на платформа и беше многу убава, но не можеш да без кола или комбе. Во врска со ѕвездите има огромна разлика во однос на храната.
Здраво за 2 дена одиме во Кушадаси. Прв пат патуваме во Турција. Би сакала некој што бил последниве 2 години да сподели искуство. Ме интересира како се плажите и која би ја препорачале за млади, исто околу плажите ме интересира дали има можност сам да си понесеш лежалка чадор или мора да плаќаме лежалки на сите плажи и како се движат цените на лежалките. Исто доколку некој би сакал да пише како се цените на храна, пијалок и цигари бидејќи сме во хотел само со појадок а и не знаеме дали да носиме цигари од овде. Друго што би сакала да знам е за превоз до плажите, цена, дали има редовно комбиња/автобуси.Ние ќе бидеме сместени во центарот. Доколку некој има предлог за нешто интересно да се посети и види исто така би ни било од корист. Читав многу и за менување на пари, каде е подобро во банка или менувачница или исто му доаѓа. Секое искуство е добредојдено во врска со кафиќи,дискотеки, тури, плажи и сл. Би благодарам однапред
Здраво, дали некој бил во хотелот Флора Суитес 3* во Кушадаси сега скоро, и ако сака да сподели некое искуство, со која агенција одевте и слично. Благодарам
Јас имам одено преку Феријал Кашиков од Штип, ама продаваа аранжмани на Вардар Експрес. Така што види преку нив. Се беше ок тогаш (2015 лето). Не за овој хотел, туку општо за патувањето ти одговорив.
За хотели искуства барајте на Tripadvisor, Booking. Распрашајте се која агенција ги организира турите. Порано Вардар експрес го држеа Кушадаси, помаливе агенции ги препродаваа нивните аранжмани. Така што, не барајте искуства за тие агенции, туку директно за организаторот.
Се вратив пред 2 недели од Кушадаси па да споделам искуство бидејќи многу ми пишавте во порака. ПАТ Патувавме со автобус преку агенцијата Rapsody, автобус на Ekstra Bus. Автобусот одличен понов, со доволно простор, со клима. Имаше и празни седишта па патот не беше воопшто напорен. Тргнавме околу 16 часот во 10 часот бевме во хотел. Ќе беше и побрзо но се задржавме околу 2-3 часа на турска граница. За назад тргнавме во 10 часот дента во 2 по полноќ часот бевме во Македонија СМЕСТУВАЊЕ Бевме сместени во хотел со 3* на база ноќевање со појадок. Името на хотелот е Cagdas и се наоѓа во стог центар на улицата со продавници и дискотеки, некои 5-7 минути до море. Локација 10/10. Појадок на база на шведска маса. краставичка,домат,кашкавал, сирење, мармалад, варено јајце и некоја турска салама. Скормно но беше сосема океј за парите што ги плаќавме. Хотелот на кров има базен, дел со лежалки и како кафич со поглед на градот и морето. Бесплатно пикадо,пинг понг и сл. Во хотелот имаат Промо соба без клима и тераса. КАТАСТРОФА. Видов каква е поради тоа што погрешно бевме ставени на список за промо соби од агенцијата па не сместија во таква соба. Ние имавме платено за соба со тераса и клима. Средивме со агенцијата некако и ни ја сменија собата. Собата 5/10 на скала за хигиена, мебел постар но сепак е хотел со 3*. Терасата,услугата и локацијата вредеа така да би го препорачала хотелот, особено за тие што сакаат навечер да шеткаат низ градот пеш. Исто и постојката за комбињата за на плажа е многу близу. ПЛАЖИ Бевме на повеќе плажи. Најдобра е Ladies Beach, има лежалки кои не беа многу скапи има и дел за сам да си поставиш чадор но треба да се појде порано бидејќи е многу гужва после 12 часот. Long Beach воопшто не ми се допадна. На оваа плажа се и помалите приватни плажи. Може да ги погледнете на имтернет. -10/10. Загадена вода, плажата не средена со алги цели наноси. Бевме 10 минути и заминавме. На плажите се стигнува со "комбиња" кои ги има многу често и се околу 8 лири во 1 правец.Нешто плус за некоја плажа некој ако го интересира нека ми пиши слободно. ЦЕНИ Цените се како кај нас би рекла и поефтини. За шопинг за гардероба имаат во близина трговски центар каде што има оригинали се друго е лоши копии по скапи цени. Среда имаат пазар за алишта, би рекла дека не вреди да се појде но еве да спомна ако некој има мерак да оди. ШТО ДА СЕ ВИДИ Памуккале - земете во предвид дека е мнооогу жешко и понесете вода и шешир ADALAND- забавно за сите возрасти воедно е и број 1 аквапарк во Европа. Посета на остров на птиците- се оди пеш или со комбе Крстарење на залез - се тргнува од остров на птиците и кошта смешни 100тина денари а искуството е ПРЕУБАВО. Бонус нарачајте турски чај или турско кафе за време на вожњата. Посета на Efes - Антички град Дополнително Посетете чајџилница. Среда има пазар за алишта за тие што сакаат да се ценкаат. Шопинг во outlet Sokke. Посета на Хамам (така мислам се викаше) за тие што сакаат масажи. Мислам дека скоро се напишав што мислам дека е важно. Ако некој има нешто плус што го интересира нека ми пиши слободно.