Дали треба патничко осигурување за Турција? Од агенцијата преку која ке одам извадив само за грција и плус за др земји важи само за турција не. Вработените не знаеја баш да ми објаснат, ама изгледа не треба осиг за во турција. Дали некој од Вас знае подетално дали и зашто е тоа така?
Мораш да имаш патничко осигурување за Турција. Требало убаво да се распрашаш. Неможе без осигурување замисли си недај боже нешто ти се случи тошоците се сама си ги покриваш, а огромни се затоа распрашај си се убаво.
Одам во хотел Пеликан До сега никој не го спомна и не знам каков е за да ти го препорачам. Хотелот е со 2*, плаќам 230 евра и со тоа имам автобуски превоз, полупансион во овој хотел за 10 ноќевања. Ако сакаш отвори на нет ќе најдеш слики од хотелов, не изгледа лошо, собите се малечки до душа ама изгледаат чисто и имаат клима и ТВ...плус тоа има и форум на самата страница и повеќето коментари за хотелов беа ок. Се надевам ти помогнав некако Со среќа во потрагата позз
И јас имам одено во Пеликан. Хотелот не е ништо посебно само мн ми се допага дворот реден е во Турски стил ептен убаво. Само уште сега те предупредувам ако ти не и кажеш на чистачката на неа нема да и текане да ви смени постелнината и да ви исчисти собата Базентчето е малку мизерно повеќе на када личи Во глобала за тие пари супер е хотелот, а и мн многу убаво место е во центар се ти е блиску.
јас оваа година одам за Турција,поточно утре извадив патничко осигурување кое трае 1 год од UNIQA тоа ми кажаа дека било најдобро,инаку ова осигурување важи за цел балкан,но само преку ова осигурување можеш да се осигураш за Турција и Црна Гора кои ги немало во др.осигурувања,тоа е се што ме информираа се надевам ке ти помогне нешто позззз
Леле фала ти многу, конечно најдов некој што го знае хотелов Ако не ти е тешко можеш да ми кажеш каква е храната во хотелот и на која плажа одеше? Мене ми кажаа дека најблиску била градската плажа но не била нешто многу убава
Фала мн на информацијава, и мене ми беше сомнително како тоа не ни треба осигирување за таму, вработените претходно имае кажано дека турскиот фонд за здравство имале договор со македонскиот, ама јас кога ги прашав вчера не знаеја шо да ми кажат иначе станува збор за СКОБУЛ туристичка агенција и преку нив е и осигурувањето и затоа мислев дека ќе нема проблеми, јас веќе платив за осигурување ама утре ќе одам да им го вратам ако може ако не бар ќе се искарам Ме праќат во турција на одмор а ми даваат осигурување само за во грција. Катастрофа Ај кажи ми каде се наоѓа тоа UNIQA и колку чини осигурување за цела година. позз
Ние бевме само со доручок кој секој ден беше ист ( патлиџани, краставици, маслинки, сирење, јајца варени, путер, мармалад и турски чај) За вечера имаше направено мени на денот и ако сакаш можеш да си порачаш и мислам дека беше 10 лири. За хотелот ти кажувам неочекувај којзнае што и собите се мн тесни али знаеш како се вика колку пари толку музика Ние прво бевме уплатиле за Клуб Анра хотелот тој е блиску до Пеликан но во последен момент резервацијата ни беше одбиена и имаше само слободно место во Пеликан. Најблиску ти е градската плажа која и како сите други градски плажи е ужас, но веднаш до неа има една плажа Палм Бич и таа е нешто подобо ( ова се плажи што можеш пешки да стигнеш до нив) за другите плажи имам напишано во некој од предходните постови.
Па вака јас тоа осигурување го извадив во мојот град а инаку не сум од Скопје и не знам каде се наоѓа тоа УНИКА,побарај распрашај се,каде би можела да го извадиш јас го извадив значи не во агенцијата УНИКА туку на место каде што даваат патничко и здравствено осигурување и сл. работи,немој да вадиш осигурување преку туристичката агенција со која одиш зошто сум чула дека ги зафркнуваат работите и дека само пари земаат а после на граница ќе се крстиш што те снашло кога грците ќе ти кажат да вадиш ново осигурување,инаку да не должам ме кошташе 300 ден и важи за цела година до датото на кое си го земала оваа година,поззз се надевам ќе се снајдеш,убаво да си поминеш во Турција јас денес од 10 поаѓам кај деко дрво со вардар експрес автобус,позззз
И јас да си се пофалам, лани бев во Кушадаси, со брат ми и компанија и топ беше. Еден од поубавите одмори. Се изнашетавме, се изнауживавме...единствено малку турската храна ми пречеше, ама не беше страшно, си се снајдовме Кој сака да си помине убаво, нека повели во Кушадаси...Штета што оваа година не можам пак да одам
бил ли е некој во Кушадаси во некои од овие хотели TECIMEN/ TOPALAN/ SEALY so 2** се и се наоѓаат близу плажата LADY BEACH?
Во Кушадаси бев лани летото (2011) и мислам дека тоа беше најефтиниот и најинтересен одмор на кој што сум била... Сепак има неколку цаки на кои треба да се обрати внимание: на градската плажа не се плива бидејки е пристаниште и смрди; секој ден треба да патуваш до некоја од плажите (на пр. мене ми се допадна највеке Дајмонд Бич, али сите се преубави наутро); хотелите со 2 и евентуално некои од тие со 3 ѕвезди може непријатно да ве изненадат бидејки се постари и храната е тапа. Немојте да мислите дека доручекот и вечерата би вредат нешто плус во аранжманот, зашто храната е 3 пати поефтина од кај нас, густите сокови, гирото, пилешкото и пекарските производи се феноменални и се ЏАБЕ. Мене ме чинеше 160 евра аранжман со доручек и 9 ноќевања во хотел со 2 ѕвезди. Плус, по 5 лири дневно за пат до плажа (2,5 евра, во 2 правци) и 5 лири за лежалка и чадор (некаде е 7 лири, а некаде за тие 5 ви даваат сокче/кафе). Тоа е 50 евра за десет дена. После, бевме на крстарење со брод (20тина евра, цел ден со ОГРОМЕН ручек и сок колку сакаШ), аквапарк ( 25 евра), али на Памуккале не бевме оти се патува 3 саати со комбе натака во температура од 50 степени, па 3 саати да акаш и да јадеш, па пак 3 саати назад на 55 степени... Али ако се оди вонсезона ич не е страшно. Околу 6ти до 16 јули дневна температура е 50-52 степена, а ноќе во 12 е 39-40. Иначе за шопинг, не се срами да се ценкаш ама ИЧ, дури може - ако не даваат тргни да си одиш и ќе трчаат по тебе. Оригинални патики купив по 13 евра. Се на се, дадов околу 100 евра таму, +50 за плажи, и аранжманот 160 = 310 евра, плус/минус 30тина. Од ништо не си скусивме значи и поминавме феноменално. Скап е само алкохолот и цигарите (2,5 евра најефтина кутија али ужас!!!). п.с. Немој да се лажете да одите со водич од агенција, се што ви треба ќе најдете сами, па и за турите за шетање гледајте да се договарате сами со агенции по центарот на кушадаси - цените се (со ценкање) 5-8 евра поефтини од тие со водичот кој ви го пратила агенцијата. И дружете се ! Секаде има попусти за групи!
Ги скапнале аквапарковите??? Јас два пати имам одено и тоа и во Адаленд и во Аквафантази и беа по 15 евра во кои е вклучено влезница и пат.
Јас бев полани ама не преку агенција.. во овоој хотел PASHA HOTEL 3 *...дададада на плажите има лежалки....може и годинава да сме таму.....ама не се знае.......верувај убаво ке си поминеш.....има многу убави места......
Отворам на Савана и неможам да ги сватам цените, ако некој има искуство нека ми каже Цениве кои се наведени важат само за 1ден или за 10 дена не е наведено а не ми се верува да е за 10 дена ќе излезе многу ефтино. http://www.savana.com.mk/Upload/Content ... 012%29.pdf Еве линк и од целата понуда па ако некој знае нека ми објасни. Цените во Кушадаси како се за храна, вода? Колку саати се патува до Кушадаси? И кој период е најубаво да се отиде (не сакам премногу топло). Во септември ако бил некој, какво е времето? едит: На кој јазик се разбирате во хотел, на пазар, продавница, на плажа, пошо од турски јазик поима немам, знаат англиски или како?
За Meandyou - Во "Kotur Otel" ; За ана банана - да, да, за еден ден се цените Во погорниот пост имаш апсолутно секакви податоци за местото, а за јазик - нерви ке искинеш... не знаат англиски 80%, али научиле по нешто од секој јазик Воглавно немај гајле, ке се разбереш и со мимики и крици )))))))) Времето за одење е најубаво најверојатно сега во јуни бидејќи кај нив до октомври е пекол...