Дечки ве молам ако може да ми дадете линкови од некои хотели во Бодрум или Аланија или Анталија или Мармарис или Кушадаси со минимум 4* по ниска цена(Мислам не сега преголема) зш ако не нејдеме идеме Грција а Грција сме биле 1000 пати Фала ви многу Спојлер ако може линк од агенцијата и по можност со авион
гледав понуди за Kусадаси за хотели со 2** понуди од Савана ама незнам поточно кој хотел,некој да не има искуство/слушнато за хотел Germen,хотел Ozcam, хотел Аарган ...??
Јас бев во аргау 2010 година...ни бесе супер, газдите ни беа срцки(веќе не е истиот газда), хотелот е во центарот точно таму кај што е пазарот...на тој пазар можеш да купиш се, да ги потрошиш сите пари, да биде најефтино и пак да не си задоволен...има толку многу работиии аххх и по трет пат би отишла... инаку, немојте да мислите дека доколку го одберете ааргау или др хотел, ќе ве сместат таму...каде има место таму ќе ве стават
Јас ќе одам годинава ваму за првпат и ептен сум среќна, од 25 јули до 6 август. Колку е цената за посета на Ефес? Едвај чекам да отидам И препорачајте места за купување евтина, а убава облека и сувенири јас ќе бидам сместена во хотел Сани Хил, колку е тоа одалечено од пазарот? Хотелот бил одалечен 100м од центар
Прекрасно е.Сум била јас таму 2.А и има многу туристички агенции (на секој чекор) моишто организираат тури до Памуккале,Ефес,Огромниот аквапарк,еднодневна тура за шетање низ морето со бротче...Е сеа јас како што памтам имаше една до две плажи како пристаниште,другите плаши убави беа.Со ситен песок,убава вода...
Јас планирам да одам Кушадаси оваа година, но ме загрижија со Курдите кои биле наводно некои групи кои прават проблеми, и се задеваат. што се случува со нив? дали е страшно? сте имале некакво искуство? Исто и дали вреди да се оди во хотел со 2*?
гледам дека повеќето од вас веќе биле на одмор кушадаси,авионски,,,,дали може да ми кажите колку време с епатува авионски до таму,,и далие страшно ?многу сум плашлива,,дечкоми ми вика само хехех,,он не сака да се малтретира со автобуси..итн,,сака авионски,,и јас не сакам да се малтретирам ама ми е страв......ух,,далие старшно како што изгледа?...и ако може препорачајте некој хотел преку савана во кушадаси со 5 *,,all inklusive....или преку некоја друга агенција не мора савана..и вие што веќе сте биле или ќе одите авионски,во хотел со 5* полн пансион,,кажете како било
Девојки, ај ве молам кажете ми дали некоја има одено во хотел Minay или хотел Аyma, со по 3 ѕвезди се двата хотели, во Кушадаси. Гледав по нет ама сакам лично искуство доколку има некоја... Фала однапред
i mene ме интересира како одат цените....еве пример ако знае некој нека ми каже според табелава..колку би коштало за 7 ноќевања,авионски,алл инклусив..во некој од овие хотелчи со 5 *..и пример овде не пишува турата од кога до кога е....пример јас сакам од 3-ти август.до 10-ти....ај некој пшто веќе бил со Савана,,нека ни каже како оди тоа?поздрав до дите..и убаво да си поминете на одмор каде и да одите
ај ве молам вие што се раZбирате...објаснете ми според оваа табела,,за време на полетување и слетување...како ова ако полетува во 15.25 а стигне во 17,40 што стори толку долго да се патува????или јас не сум разбрала како што треба http://www.savana.com.mk/default.aspx?p ... ID=1&mID=1
Летот излегува дека е еден час, а така се пишани пошто се по локално време, а Турција е еден час по напред од нас. Значи од кај нас ако се полета во 15:25 по наше време ќе се слета во 16:40, по нивно во 17:40.
Сани Хил е оддалечен околу 10мин од центарот, на одење дека е удолница, а на враќање и повеќе дека е угорница исто толку е оддалечен и од плажата, на средина се наоѓа, кога ќе излезете на главна улица на лево е центарот, на десно е плажата. Места за облека по евтина од тоа што ќе најдете на плоштад и нема баш, може само да се ценкате, пример јас купив чанта која ја продаваа за 70е, и по 40мин ценкање ја земав за 15е. Исто и со сувенири, низ плоштадот имате милион продавнички, ќе разгледаш во сите, па ќе видиш каде ти е најевтино.
Ме интересира дали долмушите поминуваат баш пред хотелот Сани хил (и со тоа би можело да се избегне угорницата ) или сепак мора да се спуштиш до доле за да си фатиш долмуш. И ако знае некој колку се плаќа влез на Жаде бич, го молам да сподели
За ефтини работиако скаш да си купиш ќе чекаш во четврток имаат огромни пазари има неколку улици ( кај што се Атли и Сатурн хотелите и три четири улични подолу) тогаш улиците се блокирани и се е со тезги овде можеш да најдеш ефтини ташни, паричници, сувенири, а и гардероба за малку пари, а и можеш многу да се ценкаш. Сигурно ќе сакате да си купете локуми за дома е јас би весоветувала да си купите на мерење од продавниците на Кошка има таква продавница на влезот од чаршиата, а да не купувате од оние што ги има во сите продавници пакуваните што се пошто се поскапи и не се пресни, многу се тврди не се вкусни за јадење. Кога ќе одите на Памуккале задолжително носете си повеќе вода пошто е прилично далеку, топло е, а водата таму е многу скапа. Сите еднодневни екскурзии се убави и има што да се види доколку сте во можност не пропуштајте ги!
и јас ке одам годинава во кусадаси и гледав хотели со 3* ако може да сподели некој искуство за хотел albora или хотел minay yunior или хотел santur .... koj e podobar i poblisku do centarot i plazite ...