Еве јас ќе го споделам моето искуство од престојот во Сани Хил. Точно е дека има угорница ама целото гратче е некако на брдо и насекаде има угорници, па ако сте сместени поблизу до Лејдис Бич, треба да се искачувате нагоре па да се спуштите од другата страна на брдото за до центарот освен ако не одите со превоз. Ако сте сместени во центарот пак, ќе ви треба превоз до плажа. Сани Хил му доаѓа на средина некаде што значи имате 5мин од прилика спуштање десно ако одите на плажа и исто толку на другата страна за до центарот. Воопшто не е проблематично тоа искачување, нека не ве плаши. Не сум сигурна за следново, ама ако добро се сеќавам Огерим беше во редот позади Сани Хил, што значи на малку повисоко дури. Во однос на хотелот, далеку од луксузен е, ама е сосема пристоен- особено за таа цена што ја нуди. Газдарицата е многу пријатна и услужлива, редовно организира барем по една журка за секоја смена во хотелот за да се запознаат гостите што се во таа смена и интересно е. Брат и исто има 20 и некоја година и многу се дружељубиви двајцата. Ние некако се здруживме групно цела смена зашто бевме претежно млади па заедно со нас доаѓаа во дикотеки и слично. Храната не е многу скапа, има многу маркетчиња од околу па и не мора секој ден да јадете во ресторани ако сакате поскромно да поминете, а има и убав донер во центарот кај Али баба Во собите нема фрижидер, ама газдарицата дозволуваше ако купите нешто сами да ги ставите нештата во фрижидерот на 6ти кат, односно во кујната на хотелот. Точно е дека на многу луѓе им снема по некоја ситница од таму, ама тоа е зашто самите гости најверојатно си земаа нешто што не е нивно, а не заради управата и вработените. Ние не остававме ништо таму па немавме таков проблем. Во секој случај, од целиот престој мислам дека фрижидер најмногу ни фалеше особено заради водата и пијалоците, ама имаше еден маркет близу хотелот кој продаваше замрзната вода за некој куруш повеќе, си се навикнавме па накај плажа си земавме од таму. Собата беше чиста (барем нашата, иако имаше луѓе кои се жалеа дека не им е баш чисто), а други проблеми немавме ниту со топла вода, клима или нешто слично.
значи се на се задоволни сте ) И ние со дечково ја гледавме истава понуда и баш се заинтересиравме премногу ама мислевме дека нешто не е како што треба чим е толку евтино.дури премногу евтино е ) а плажата беше убава?морето? за лежалки колку се доплаќаше?И центарот и плажата се тука некаде така?мислам од хотелот до нив нема премногу пешачење зашто нели проблем се јавува дека ке одиме со автобус..
^ Па се' на се' сме задоволни Ние не користевме превоз ни за до Лејдис ни за во центарот, на 5мин максимум растојание се и двете, а за другите плажи одевме со комбенца ама си плаќавме кај агенцијата што организираше, па за 5евра по човек имавме превоз до и од плажата, лежалка и чадор. На Лејдис бич не земавме ниту еднаш лежалка, си носевме чадор па не би знаела да ти кажам за цена. Морето беше супер, ама попладне 2-3 дена се погоди да има бранови па јас не влегував многу тогаш зашто и повалкана беше водата. Инаку ние го погодивме терминот кога беше муслиманскиов празник, па тие не одеа на плажа и плажата беше прилично растеретена во однос на тоа што ми кажувале каква може да биде, а и следствено немаше жени со бурка и слично кои влегуваа во вода така цели облечени во тие нивните "костими за капење".
^ На Лејдис бич можеш, плажата е така некако поделена на делчиња и наизменично се поставени, дел каде се изнајмуваат лежалки, па дел за сопствен чадор, па пак дел за изнајмување итн.
ти благодарам на информацијата а дали си запознаена во врска со другите плажи дали бива да се поставууват
Многу се мали деловите каде можеш сам да си поставиш пешкир.Понекогаш тоа е скоро невозможно зошто секогап тие места се зафатени.Треба да отидеш ептен рано за да си најдеш место .
има ли некој кој ке оди во Кушадаси од 4 август.... после многу догаварање и предоговарање накрај одлучивме да одиме со сестарми во Кушадаси , бидејки не се договоривме со останатиот дел од екипата поради различните желби и ставови се надевам дека се ке ни се погоди и дека нема да жалиме за ништо . Доколку некој оди тој период со автобус се гледаме таму
Mене ме интересира дали некој бил годинава на аква паркот,адаленд?Колку пари е карта?Читав дека лани била 15 евра со се превоз ,но сега отворив на нивната страна и пишува 24 евра.Или можеби е поевтино од 24 евра,со превоз, да не вадат како карти за цела група?
И пред две години беше 15е со превоз штом и лани било така не верувам дека сега толку драстично се сменила цената
За тие што иделе или идат со кола, знаете колку е билетот за траект на Чанакале? Ја со бус сум била и во цената беше, па не знам да им кажам на заинтересираните
Здраво, се регистрирав само заради темава Кушадаси, бидејќи планирам да одам таму на одмор во Септември, па ме интересира дали некој од вас бил таму во септември, како е тогаш, гужва е или е таман Јас гледав за во Хотел Grand Nett Beach, најблиску е до плажа од другите понудени, па дали некој знае нешто, бил или има слушнато и разбрано?
devojki me interesira dali nekoj ima iskustvo za hotelot sanny hill vo kusadasi, kakva e hranata i dali e daleku od centarot na gradot
Некое искуство со хотел САНТУР или ААРГАУ во Кушадаси?? Се мислиме помеѓу овие 2, па не интересира дали има постојано топла вода, каква е храната, дали дозволуваат внесување на храна, дали е чисто и слични детали? И дали во септември е топло во Кушадаси