Јас лично не сум била ама ми кажаа дека во сани хил бело многу нечисто и базентот бил многу мал терасите биле мали.Тоа што знам тоа ти кажав а и појадочето било мизерно
Оние кои биле во Кушадаси на кој јазик се снаоѓавте и комунициравте, мене најмногу од тоа ми е страв од комуникацијата и со агенциите кои организираат тури, како и за во ресторанти, продавници. Незнам ниту еден единствен збор (требаше да следам турски серии без синхронизација ). Дечко ми пак не знае ниту еден збор англиски, јас за среќа знам но сепак ме фаќа паника некако а за 2 недели негде заминуваме
Немај гајле Турците се многу гостопримливи и комуникативни, комуникација само на англиски, ама знаат и некој македонски збор па и ќе те научат на некој турски збор битно нема шанси да не се разберете
Јас бев санни хил пред 1 година..далеку е од нечисто...базенот е мал да,но брка работа... терасата е исто така мала но доволно за да спружиш водени крпи или купачи...(што и да е) и појадокот беше ист секој божји ден...единствените позитивни работи се што внесувавме во хотелот јадење и пијање колку ти душа сака..(дури и пиевме со газдите заедно) правевме забави во подрумот...се беше онака опуштено а центарот ти е на 10тина минути оддалечен
Јас почнав уште од сега да гледам понуди за Кушадаси Со дечко ми сакаме да одиме таму на одмор летото здравје, ама бидејќи и двајцата не сме биле претходно, би сакала да ми кажете збор два за хотелите, турите кои ги има, цените. Ја прочитав цела тема и нормално секој со своето искуство, различно зборува. Најмногу сакам да одам во Кушадаси поради Адаленд, сега им отворив на страната пишува дека влезот е 24 евра. Тоа е без превоз најверојатно нели? А пливањето со делфини е многу привлечно ама 90 евра е за 20 минути, солена цена Кој ги организира тие тури до аквапаркот, до Памук Кале, нуркањето и сл? Агенцијата од овде или таму си уплаќаш на лице место? Нам би ни одговарала некоја понуда во хотел што е поблизу до плажите отколку до центарот на градот. Ако има појадок и вечера супер. Е сега ме интересира и дали може да си носиме така сува храна од овде во хотелот или забрането е внесување на истата?
Сите хотели се одалечени од плажа и од центарот,освен тие што се Beach hotels. Може и не се многу одалечени,ама се е узгорнина уздолнина ,таков е градот на брда е граден.Ама не е проблем за млади,плус има и автобувчиња што носат(заборавив цена,али зависеше до кај ќе одиш и колку е одалечено ама евтино е.) За аква парковите цената е 18 евра,а не 24.Ценкајте се,огромни ценкачи се.Со се превоз е толку,за двата аква парка.Јас не сум била за жал во Адаленд,но бев во Аква фантази.(цената е иста) За тури организирање има милион мали агенциички по градот,понудите им се слични горе доле. Ти препорачуам да одите само со појадок,без вечера.Има милион кафанчиња во центарот со пристапни цени,а ем и ќе пробате турски специјалитети како лахмаџун,како пиде,ајран итн итн. Појадокот е секаде катастрофа(освен во 5* и 4* ).Има јајца,салама,кашкавал,голем избор на намази,чај,овошје и тоа е.Секаде е ист. Ако сакате да си внесувате храна ,а да е дозволено ви препорачувам да одите во хотел аппартмен што е,зашто има фрижидер.Во другиве џабе е кога немате фрижидер,кај ќе ја чувате. Ако те интересира уште нешто,било што прашај слободно
A како да го изберам хотелот? По она што го читам во понудите на агенциите, скоро сите ги нудат истите услуги за исти пари. Во екот на сезоната, во хотелите со 2 * е 189 евра, за 10 дена со појадок и превоз со автобус. Само забележав дека во хотелот Адем за истата цена покрај појадок, добиваш и вечера. Бил ли некој таму? И како што видов, речиси сите хотели се на околу 1км оддалеченост од плажата Ladies Beach и исто толку и од центарот. Тоа значи ли дека и до двете места ќе треба да одиме со автобус? Колку се плаќа за лежалките? Знам дека Турција е многу топла земја, па ме интересира дали некој бил на одмор таму на крајот на август? Се издржуваат ли температурите?
Мене ме интересира дали некол бил во Кушадаси во Јуни? Колку време се патува со автобус? Како се движат цените таму? Планирам да одам од 6ти Јуни, и ги гледав хотелите: Хотел Ајда*** (10 полупансиона 109 евра, овој ми е најпримамлив), Хотел Паша Апарт***(10пп 100 еур), Хотел Пак **(10нп, 109 еур) Хотел Мелике**(10пп 200 еур, мада ова ми е прескапо, сепак ме интересира хотелов зашто дечко ми ме убедува да одиме таму во август, тогас е 270 еур, па ако бил некој нека сподели исуство) Дали некој ги знае хотеливе, кој би го препорачале, ме интересира хотел во центар бидејки секако ке ме мрзи да пешачам до плажа. Ако сте виделе некоја понуда за хотел кој сте го посетиле ве молам писете искуство. Поздрав,
Искуство девојки дали имате за хотел SUNNY HILL сакаме за таму да одиме. Како е одалеченоста од плажата ,центарот и храната. Благодарам
моја препорака е кога ке отидете таму да прошетате во центарот на градот има многу агенции кои ви организират тури за секаде каде сакате да одите зошто ако си уплатите преку нашиве агенции е многу поскапо плус по неквалиетна услуга. На пример лани за Памук кале преку наша агенција беше 45 еур. во август (хит на сезона) а преку нивна платив 30 еур. Плус со ручек во хотел со ''5"ѕвезди со термални води со нивни автобуси кои спрема нашите се авиони плус со водач -да си бираш дали сакаш на англиски или на српски јазик. А за храната... ти од плажа секако си идеш со торба во хотел. Таа никој не ти ја проверува па слободно можеш да си носиш што сакаш во неа. Стави крпа одозгора и тоа е...Инаку да не се лажете со ѕвездите на хотелите , нивните три ѕвезди се еднакви на една. Т.Е Во сведски рамки нема да добијат ни една.
Дечки бил ли некој во Паша Апарт или во Пак хотел? Колку е превозот до плажите, скапа ли е храната таму? Во хотелот Паша апарт колку што видов има и кујна и фрижидер ако бил некој таму нека каже нешто повеќе.
Презадоволна сум од одморот во Кушадаси. Турците се премногу гостопримливи и топли луѓе, секогаш расположени да ти помогнат. Бев сместена во Ozcam, тоа не е баш хотел, малечко е ама има се што е потребно. Газдата е премногу фин, си седеше и се дружеше со нас, има смисла за хумор, се ни дозволуваше, абе како да се знаеме цел живот. Има дворче и мало базенче, секој ден појадок меѓутоа ист е и по желба кафе или чај. До плажите одевме со комбенца и билетот кошташе околу 2,5 лири, меѓутоа вредеше бидејќи градската плажа е катастрофа, дури веднаш над неа има и главна улица од која слушаш колите како поминуваат. За ручек и вечера од најблискиот ресторан (карши хотелот) знаевме да си нарачаме менеме, по некој кебап (говедски кој само јас можев да го поднесам ), салата, компири, лебчето им беше преубаво, тенко како за гиро..... И најчесто кокошка, бидејќи на нивните јадења не е лесно да се привикнеш. Ама продаваа и школки на улица кои беа превкусни. Чаршијата ми се допадна премногу, мислам дека во ниедно туристичко место освен Кушадаси не можат да ти ја доловат толку Турција бидејќи Кушадаси истовремено е и градче. Исто така, имаше и една улица со ноќни барови и дискотеки, каде што камикази даваа гратис. П.С. Гратис совет од мене, доколку планирате да одите само на една тура, многу е поубаво да го посетите местото со Спа центарот и капењето во кал, отколку Памуккале, ништо посебно не е. Исто така и Ефес не ми остави некој впечаток. Спојлер По нешто од тоа за што напишав.
^^па јас си одбрав такава тура за памук кале со посета на хотелот со термална вода или како што викаш ти со кал и тоа ме чинеше 30 еур. Бев и на Ефес мислам дека 35 еур платив ама не сум сигурна затоа што имаше некоја подвоена тура а ние ја земавме целата и башка се ценкавме ...за група е секогаш поефтино ние бевме 6 души(се најдовме таму) па можевме да калкулираме со цената.
Не знам како некој може да го фали Кушадаси. Мене ми беше ептен мизерија, особено народот, на плажа Лејдис Бич се бањаа со облека жените, а за време на викенд не се одеше од гужва од околните градови. Цените ужас скапи, бевме сместени во центарот во хотел Услан и не беше ништо посебно ни храната ни собата ептен мала, освен базенот кој беше голем. До плажа одиш со комбе се малтретираш по жештините, а имаше и некој пазарен ден, хотелов беше блиску до пазарот, абе Шутка права. Сум била во Мармарис преходно и немаше ништо вакво, топло го препорачувам. Инаку во Кушадаси потрошив и повеќе пари од Мармарис, а нема споредба меѓу двете места.
Здраво, сакам да прашам дали некој бил во хотел Аида и хотел Паша апарт? Какви искуства имате од таму?
Јас бев пред неколку години и ми беше најубавиот одмор.. Плажата песочна.. Има кај да шеташ.. Само беше премногу жешко.. И ако одите треба или Јуни или Септември а може и крајот на Август.. Оти нема да испаднете од хотелот... +50 степени е !!
Здраво, Јас исто така би ве замолила да споделете искуство за во врска со хотелите. Јас сакам да одам следната недела а се уште немаме резервирано затоа што не знаеме каков хотел да одбереме, дали со 2 или со 3 ѕвездички? Ве молам за совет и предложете хотели или искритикувајте.