Јас планирам да одам таму од 21 јули до 31 јули? Гледав слики многу ми се допадна.. а иначе не сум била до сега. Ти ќе одиш, и кога? Иначе прашањето ми е: Некој што бил во Кушадаси да ми каже какви се цените за јадење, аквапаркови, клубови, плажи и други ситници? Скапо ли е многу? И каков впечаток имате од Кушадаси?
Да, планирам да одам и еве денес планирам да резервирам но од 11.07 - 21.07. Ај ако некој има одено или знаете некој што бил таму пишете искуство.
Видов, само уште да знам колку е далеку лејдис плажата од Абем хотелот. Или па од центарот. Иначе ако одиш сигурно, чекам да пишеш овде за Абем хотелот, лични искуства Најубав помин ако одиш, (јас гледам слики подобар е хотелот за разлика од другите со 2*) ..
Se soglasuvam od site hoteli so dve zvezdicki ovoj najubav mi stoi, mozete na facebook da go najdete ima mnogu sliki. Inaku prilicno dosta e daleku od Ladies Beach ama mislam deka e najdobro hotelot da e vo centarot oti sakame da gi prosetame plazite, a centar i za izlevanje i za se da ni bide blizu BTW Kontaktirav so povekje agencii i mi se cini deka nekako go forsiraat PAK Hotelot ama iskreno jas si go odbrav ABEM i ostanav toa
Инаку се одело со комбиња/автобус околу 2 лири. Ама еден ден ќе прошеташ до Памук Кале и слично, секој ден различни места, центарот да е близу за навечер, плус ако не ти се оди на море може во базенот...
Мила и јас планирам во Август да одам во Blue Sea, може и да се сретнеме а? Мене вака според критики ми се свиѓа, со ПЕТ ке идеме и ефтинка ми се виде турата. На Google Maps ми се гледа близу хотелот до плажа ама иако сум била веќе во Кушадаси не можам да се снајдам до центарот, некако хаотично ми е. Сите ме советуваат да идам со авион, ама што знам, некако не ми се комплицира, за со авион треба до Измир, Истанбул или Бодрум да патувам, па 2саати и кусур во автобус, не знам дали сум спремна за таков потфат Искрено сум била со бус и не е страшно воопшто. Мене ме интересираше плажата, си најдов тоа што ме интересира и сега хотелов уште некој да каже што бил и супер ќе бидам. Според критиките на нет е нов хотел 2011 граден, некои недостатоци имало на почеток ама демек до лани се било средено, на Booking нема некои значајни критики, од хотелите со 3 и 4 * овој најдобар ми се виде. Еве да не биде еден под друг пост ќе си се редактирам, пријателка која во моментот е таму ми во истиот хотел ми вика дека било се супер, само појадокот е секој ден исти, може малце да ви биде досадно ама не е страшно, впрочем тешко дека нешто различно и дома појадуваме нели. Лежалка на Лејдис Бич моментално е 5 лири, а еврото е 2,78 лири, значи нешто помалку од 2 евра што реално е поефтино него ли во Грчка. Водата и плажата се вика топ. Јас сум решена, се двоумев меѓу Лефкада, Василики и Кушадаси, што е до мене би идела повеќе овде него ли Василики.
Одам јас на 20ти си закажав во Sunny Hill 800m од Ladies Beach (шо е најбитно) Убав помин на сите што ќе одат
Може да ми ја пратиш понудата? Ние уште немаме одлучено каде да одиме, се мислиме Сончев Брег или Кушадаси, а можно е и Грција да биде некаде.
Бил некој во хотел Пак? Вака по слики не е нешто посебно, ама блиску е до центарот и плажите. Anyone?
Уплативме во Blue Sea, едвај чекам како сум уморна ми се плаче за одмор. Дотогаш ќе вежбаме, ќе слабееме за на плажа да бидеме згодни
Дали знаете да ми кажете какво е времето околу 20ти септември за одење тука на одмор? Планот беше на почетокот од месецот, но плановите се расипаа.
Дали некој бил во хотел Ог ерим? Дали има некој од хотелите со 2 ѕвезди да има фрижидер во собата? Дали има скутери за изнајмување во Кушадаси,и како се движат цените?