јас бев минатата година во сани хил...хотелцето е како и сите други понудени за тие пари, но има лоша локација.немас близу ниту плажа ниту центар... центарот ти е на 7 минути надолу, ама 35 нагоре харикирам...угорница..да си умреш од нејзе газдарицата ок, ама татко и ѓавол!!!мајка и намокор. секој ден ставаа ново соопштение на лифтот: нема внесување на храна и пијалоци во собите, нема гости, не смеете да одите во ресторанот, не смеете да пушите во собите, не смеете да пушите во лобито...ама излеговме на крај со нив) кушадаси нуди други предности, па овие глупости нема шанси да ти го расипат одморот п.с. сакам да кажам дека сума сумарум кушадаси не е најубавото место , тоа е најмагично...дефинитивно има магија која те тера повторно да се вратиш на тоа место!
Девојки, ај ве молам кажете ми дали некоја има одено во хотел Minay или хотел Аyma, со по 3 ѕвезди се двата хотели, во Кушадаси. Гледав по нет ама сакам лично искуство доколку има некоја... Фала однапред
Планирам да одам крајот на Јули почетокот на Август,ама сеуште не сум сигурна.. Организација нешо било патот,престој,јадење се тоа платено,и знам дека се ке биле женски.ЕАх сеа кој организира и од кој градови ке биди незнам,мене ми кажа другарка ми , посо татко е директор на Авто Мото Друштво дали е преку тоа нешо или не нзм
јас бев лани во Аyma, хотелот е многу близу до една од најубавите плажи во кушадаси -lady beach има многу убав базен и тениско игралиште (кое можеш да го користиш бесплатно ако имаш рекети). Јас бев со полупансион јадењата се многу добри (особено вечерата која се слуши на покривот на хотелот и има прекрасна гледка на плажата и зајдисонцето) -шведска маса е. Хотелот имал порано 5 ѕвезди ама сега е малце запуштен (например кај мене не работеше телевизорот и светлото на терасата - но потоа го средија тоа). Така да јас си поминав многу убаво па се надевам ќе имаш убав помин ако го избереш овој хотел..
Колку би ме коштал еден среден одмор во Кушадаси (без понуда од агенција) за периодот после 15 септември за 10 дена? Нормално без штедење но и без расфрлање. Фала
Читам и неможам да си поверувам :geek: Значи каква среќа сме имале ние , татко, мајка не начекавме во хотелот, газдарицата(Азру) уште првиот ден кога не пречека ни направи журка горе во ресторанот, многу беше пријатна, фина, друштвена, достапна за секакви проблеми немам еден единствен збор со забелешка за неа. За локацијата, да, така е но сепак е подобра за разлика од Минаи и Аима(и двата мислам дека беа надоле кај плажата).
Дали некој бил во Белек, да ми каже како е, посебно ме интересираат плажите. Имам одено во Алања до сега, па сега сакам малце да сменам. Или дајте ми некоја друга понуда во округот на Анталија
Здраво девојки, нова сум на форумот и со безброј прашања во глава Би сакала да прашам дали некоја била во White city resort hotel во Аланија или во Club Hotel Falcon во Анталија преку Фибула травел ? Доколку сте во можност споделете ваши искуства, мислења.... Благодарам
Здраво на сите, Се надевам дека некој ќе размени искуство за Аланија па ако може да ме посочи на некој хотел кој го посетил и кој може да го пофали. Ние ќе одиме неколку другарки но навистина се бунам со хотеливе на агенцииве на веб страните се нејасно опишани а кога одам на трип адвисор или букинг многу лоши критики... Па ајде ве молам кој бил скоро бил изминатите години допрва ќе оди, ако може нешто повеќе да каже за Аланија? Генерално ние гледаме да сме поблизу до центар(за навечер да не умираме од досада да шеткаме низ град) ал инклузиве да има базен и да не плаќаме лежалки чадори..... Однапред ви благодарам за помошта , позз
Алања(како јас што ја нарекувам)во овој период од годината не ти е многу добар избор. Зошто? Провери ги температурата и влажноста на воздухот и ќе ти стане јасно . Значи при излегување од авион,имаш чувство како некој со лопата во глава да те удрил...преголема влага,високи температури...страшно... Затоа и аранжманите за оваа дестинација се поевтини за разлика од другите во овој период од годината.
Па не би рекла дека е поевтино, напротив велат поскапени се аранжманите од минатите години...па навистина ли е дотолку жешко....во споредба со грција еве на пример?
Здраво девојки, Сакаме месецов да одиме эа Кушадаси ама неэнаеме кој хотел да го одбереме со дечкото ,а како што гледам сите скоро се во центарот а далеку од плажите. Ве молам помагајте веќе ме фаќа паника а прочитав многу лоши коментари на интернет эа некои од нив па ВЕ МОЛАМ ако сте престојувале во некој од овие хотели пишете ми HOTEL ABEM HOTEL PAK HOTEL OGERIM HOTEL SUNNY HILL HOTEL AYDA
pozdrav do site proslata godina bev vo kemer antalija bidejki imav moznost pa se odluciv da otepam eden dobar odmor bev vo hotelot akka alinda navistina nemam zborovi stvarno mnogu dobro pominav ona sto nekolku pati sum bil vo bibione i lignano sabia doro italia ima golema razlika turcite se navistina jaki vo taa gledna tocka za da go privlecat klientot za pak da se vrati italiancite nemozat takvi uslugi da napravat imat moznosti no nemat personal za uslugi jas taka mislam a slusnav vo sk vo agencija deka navistina mnogu luge go zboruale toa ,zavisi neznaci deka ako za mene bese super pa za site e taka da ne me sfatite pogresno sekoj ima svoj fkus no toa sto e dobro navistina e dobro ova godina mi se nablizuva vremeto i se mislam kade problemot mi e sto moram segogas posle septemvri da pravam pogolem odmor nekolku dena bev vo heraklea mare blisku venezia no nema poveke atmosfera na dobro vo italia krizata mnogu nazalost se custvuva .utrinsko kafe super mi e vo ohrid ....ahhh ohride ohride
Sum bil vo Turcija poveke pati,vo Fetie,vo Kusadasi dvapati,vo Bpdrum,vo Marmaris kade dosega kako grad mi se dopadnal najmnogu,a Kusadasi e dobar oti moze da go posetite Efes i kukata na majka bogorodica a i pamukkale e na okolu 200-250 km.Sekogas sum odel so kola i familijarno so decata,turcite se prekrasni i mnogu gostoprimlivi .Ako odite so kola ke vi preporacam dve eftini stranski(turski) agencii koi slucajno gi najdov na internet,mnogu eftini,Otel.com i Galahotels.com.Tamu imate razni hoteli so najniski ceni,nikade ne sum sretnal poniski ceni.Jas lani bev vo Marmaris na pr.za dvajca vozrasni i 2deca do 12 god.za deset veceri vo juni plativ smesna suma od 560evra na baza all inklusive.Sekako najdobra opcija koga odis vo Turcija e da se odi vo hotel na baza all inklusive.Jas uplativ preku Galahotels i nemav nikakvi problemi sto znaci agencijata e proverena.i drugata e dobra gi ima skoro istite hoteli i se so slicni skoro isti ceni.Zatoa uzivajte evtino vo turcija i bidete kako carevi za svoite pari.A vo Grcija poveke nikogas ne odam na odmor moze samo vikendaski.Da vi napomenam deka najubavo e da se odi na odmor vo Turcija vo juni i krajot na avgust i septemvri zasto e premnogu toplo