Ako nekoj saka poveke informacii moze da me prasa na forumot,ke mu dadam iskreni informacii za ubavinite na Turcija
Не се согласувам дека најубав период за одмор во Турција е јуни и крај на август... Можеби тоа се однесува за појужните делови од Турција... Но. делот што излегува на Егејско море е пријатен и убав за одмор и во најтоплите летни месеци!!! Од 2000 до 2009 година секое лето одев со семејството на одмор во Турција... Сме биле и во јули и во почетокот на август... Преубаво ни беше!!! Одевме со кола во место оддалечено 700 км од Скопје... Тоа не е туристичко место, туку е викенд населба на луге од Истамбул, Едирне,,, Изнајмувавме вила, да не речам куќиште, опремено со се и сешто. За 15 дена плаќавме околу 500 евра!!! За Турците сите знаете колку се гостопримливи. колку ги сакаат Македонците исто така знаете, а колку е убав и евтин шопингот во Турција не треба да Ви раскажувам!!! Но, децата пораснаа и сакаат дел од одморот да го поминат со друштво и девојки... Баш ми е жал што немаме повеќе денови годишен одмор, за да одиме сите заедно во Турција...
Понуда за Кушадаси, т 10 ноќевања со појадок+превоз во хотел со 2 звезди е 190 евра, а со три 250тина. Тој со три убав хотел веднаш до плажата како што видов, а не дека и тој со 2 не е убав. Па планот е некаде натака Оваа година дефинитивно Турција е дестинација за одмор
Оваа година планот за одмор е после 16 август изборот е паднат на Турција Сакам смештај во хотел со се платено да не плакам лежалки базени и други работи Се работи з 2возрасни и 2деца до 12 год Сакаме и д аима кај да се просеташ навечер и секако ек се патува со кола во наша режија Кое место би ми го препорачале ?Колку пари отприлика да си спремам ?
Јас бев во Кушадаси 2011 супер беше во септе,ври бев и ми беше многу топло.јадењето не ми се допадна. Со локални агенции одев на тури Измир, памук кале, куќата на Дева Марија, Ефес.. и тие екскурзии многу ми се допаднаа. Меѓуградскиот сообрајќај е одличен. Недостаток малкумина зборуваат англиски. Сите кои ќе одите убав одмор.
Јас пак имам спротивно искуство.. Кога бевме во Кушадаси 2012 год, знам дека 2-ри Август таму го дочекавме, беше прежешко. Околу 45 степени, а замислете пак на сонце колку беше.. Така да би се сложила со Александар дека најдобро време е јуни и почеток на септември..
Ние одевме на место што е многу посеверно од Кушадаси! На плажа цело време има струење од некое ветерче, па е многу пријатно. Местото се наога во близина на границата со Грција, од едната страна е морето, а од другата има солана и борова шума. Во тој дел се наоѓаат и најпознатите извори на питка вода во Турција...
Епа затоа и го пишав моето мислење.. Во принцип, кога ќе се спомене одмор во Турција се мисли на Кушадаси, Анталија, Бодрум, Мармарис итн, каде што носат нашиве агенции.. Затоа и пишав дека е прежешко во почеток на август (па и цел јули) Инаку на север е друга приказна!
Дaли некoј е бил вo Истaнбул, кaжете ми штo требa дa пoсетaм,штo дa си купaм кoлку пoтрoшивте,кaде бевте сместени,кaкo се рaзбирaвте, кoи местa Вие ги пoсетивте,дaли некoј е бил зa Нoвa Гoдинa тaму??? Фaлa ви.
Моето искуство од Кушадаси 2014та е околу 35 степени крај на јули, почеток на август. Баш се издржуваше. Сепак различно е секоја година, не можеш да предвидиш.
Сега видов дека сум направила ненамерна грешка Станува збор за 2002 год а не за 2012. Кој знае во која фаза сум била додека сум пишувала хаха Инаку да, не е секогаш исто времето. Ама 2002 се чудеа дури и вработените во хотелот зошто толку вода пиеме..А ние сироти врати се од плажа и уште не влезени, барај шишенце со вода, за пола минута го нема... После ни даваа по 1.5л уште пред да побараме..па правец во соба на "ладење" со водата
Зарем никој нема искуство со хотели со 4 или 5 звезди во турција? ме интерсираат цените и во кои места е убаво да има и кај да прошеташ сепак
Уф, баш ќе проверам како се вика, и ќе ти пишам име. Во Бисер е агенцијата ако ти е за помош Ама пуста јас име не загледав
Луѓе има некој одено во Турција(Кушадаси, Анталија или Аланија) на одмор крајот на август, почетокот на септември? Да ми кажете дали има народ и какво е времето.
Здраво девојки, дали знаете некој сајт на којшто можам да прегледам all inclusive понуди (освен оние што ги нуди Фибула) за Турција? Планот е Аланија, ако има некоја да подели искуство, нека повели Исто така би сакала да замолам за сајт кадешто може да се пребаруваат евтини летови. Јас ги пратам skyscanner и edream, но ако знаете некој друг, напишете. Фала ви!
Ќе ти кажам само искуство со мојот одмор во Аланија, а за моменталните понуди не сум упатена, не сум разгледувала. Јас бев поодамна пред 4-5 години и навистина убаво си поминавме. Со авион, не се патува многу долго, чартер лет(околу2ипол, 3часа) . Во хотелот имавме ол инклузив, јадење, пиење колку ти душа сака. И покрај базените и на приватната плажа од самиот хотел. Навечер имаше многу места за шетање, што значи дека досадно не беше во ниту еден момент. Комбиња и такси имаше на секој чекор ако некој сака да го однесат до соседните мали градчиња да се прошета или плажи. Јас бев при крај на јули и беше доста топло, а и воздухот доста спарен и загушлив и купаќите ,пешкирите многу долго се сушеа на тераса. Само тоа беше мал проблем, инаку за другото све бевме презадоволни.
@mirandaa фала ти на информацииве, ако не те мрзи, пиши ми на кратко за ноќниот живот. дали има места кадешто може да се слушне rock n roll на пример?
Не би знаела за тоа да ти кажам со сигурност. Но има доста клубови, барови во Аланија,кафичи, кои се полни, со музика за сечиј вкус. Знам во Бодрум кога бев имаше еден бар блиску до мојот хотел, од кој цела ноќ се слушаше рок музика. Па така и тука би требало да има…