најдов една многу јака понуда за во турција во сиде,преку фибула травел...некој да ми пише доколку патувал со таа агенција дали е задоволен
Јас сум патувала за Турција преку нив и сум задоволна, т.е тоа што го гледаш и сакаш да го земеш тоа го добиваш, со нас беа многу коректни и се се одвуваше во најдобар ред. Сиде е прекрасно малечко место, само ние најмногу згрешивме што отидовме крајот на Јули почеток на Август и се запаливме, беше претопло и воздухот беше многу влажен, купачите и пешкирите не се сушеа по 5 дена и вода течеше од нас, спиевме со клима, ама во тој дел на Турција така е. Сега кога би одела би избрала или Јуни или Септември, а да и има разлика од хотелите со 3* и со 4* и тоа голема...Се надевам ти помогнав малку
Ке одам во Кушадаси, дали е безбедно да носам лап топ, да не ми го украдат? ,Носите ли лап топ кога патувате?
Дали Може некој да сподели информации за Сиде? Какво место е и какво е морето пред се? За другите места околу Анталија знам,сум била одамна,ама децата првпат сакам да ги носиме во Турција. Најдов убав хотел,се уште не сме се одлучиле,па секоја информација ќе ми биде добредојдена.
Сиде ти е мало место, тивко но многу убаво. Јас единствено во тој дел во Турција ми сметаше само климата, т.е влажноста на воздухот, ама ние бевме ептен сезона крај на јули почеток на август. За морето се си е до вкус, ок е морето, плажите се убави, но конкретно јас секогаш би одбрала Јадранско, тоа ми беше малку топло море и не секогаш најчисто, ама за со дечиња е ок да е потопло, а и зависи од хотелот и плажата каде ќе бидете сместени, нели бидејќи секој хотел си има своја плажа па и од тоа зависи. Инаку ако си нашла топ хотел супер ти е Сиде...Леп провод
Од Јадранско поубаво море -нема,според мене. Но сакам промена и Турција ми е како опција. Ти благодарам за информацијата.
Размислувам за Турција - Анталија Аланија - има интересни понуди со Фибула. Но ме предомислуваат дека крајот на Јули било премногу топло?? Некој со искуство
Даааа еве јас, ние бевме тогаш и претопло е, а башка воздух влажен абе по 5 дена неможе пешкир и купачи да ти се исушат...Јас нареден пат кога би одела таму дефинитивно би било најдоцна до 15 јуни, таму подоцна нема воздух за дишење, а за убаво многу е убаво. Јас прв пат таму фатив алергија од сонце, а никогаш претходно немав, и после одев само на Јадран и никогаш не ми се повтори алергијата. А инаку имавме преубав одмор и хотел и се друго беше предобро.Позз
Сега што ќе правам, толку многу сакав Турција а одморот од работа ми го даваат крај на Јули ................оффффффффффф
@jasmina00 јас кога одев во Турција скоро секогаш одев во Јули. Никој да не те предомислува со такви работи, преубаво е.
Јас ти кажував за тој дел долу кај Аланија и Анталија што е, ама може на тебе нема да ти смета влагата и топлото секој си е различен, ич не му ја мисли, уплати си, авионот и правец таму, па после чекаме импресии, а да те сваќам за одморот како ни го даваат така ќе темпираме...Па пиши ни што си одлучила
Дечки искуства за одмор во кушадаси ...Сакам да одам почеток на септември ама хотелите се или блиску до плажа а на 2км од центар или обратно. Која варијанта е подобра и да изберам хотел блиску до Градска плажа или е подобра Ladies Beach? позз
Дали некој има патувано преку туристичката агенција SavaTours или Eurotours? Има многу убави понуди за Турција, па ме интересира дали некој има некакво искуство?
Моја колешка вчера се врати од Турција, одеше преку Сава Турс и е многу задоволна, како што била понудата така поминале
Sakam Da Odam Do Istanbul Gledam Ima Ponudi za 2 Avgust sakam da go vidam toj velegrad so 16 miliona narod Isto Sakam Da Vidam Kako e Vo Turcija vo tolkava golema zemja