Истaнбул е прекрaсен грaд.Вреди дa се пoсети и прoшетa.Прекрaсни местa... Јaс бев вo зимa и беше прекрaснo,a сегa вo летниoт периoд е уште пoубaвo сигурнo. Сaмo внимaвaј пo рестoрaните,a и тaксистите се спремни дa крaдaт нa гoлемo.Кoгa ќе видaт декa си турист и не рaзбирaш тoлку турски,или пaк вooпштo.
Феминки, поради домаќинските обврски бев отсутна, но се ближи зима и обврските се намалуваат па затоа повторно ќе се дружиме како и да е, сакав да ви ја препорачам Турција како одлична дестинација за одмор значи медениот месец го поминавме во Аланија, со all inclusive аранжман и воопшто не се каеме за дадените пари. Значи од услуга, храна, одржување на собите, хотелот и плажата...се беше подобро од очекуваното. Само мој совет до сите, добро одбирајте го хотелот. Значи не ја заобиколувајте TripAdvisor страната и да си прочитате совети од други гости кои престојувале во хотелот каде сакате да одите...и подалеку од русите. Ние немавме проблем во нашиот хотел бидејќи голем број од гостите беа од западна Европа, но од муабети со друг пар од Македонија што беше во хотел блиску до нашиот, рекоа дека поради нив не си поминале нај нај. И уште нешто, Кушадаси е за млади и луѓе што сакаат одморот да им биде и еден вид екскурзија, значи ем е поевтино, ем има многу работи (факултативни излети) што можат да се видат и се поевтини во однос на оние од Анталија и тој предел ( и плажите се поубави таму), додека Анталија, Аланија и останатите делови од турската ривиера се апла за одмор
Ми кажуваа дека храната во Турција ја припремале со лој, па не била баш добра. Колку има вистина во ова? Ајде за своите верувам да, ама не верувам и за туристи да е така.
Не, спремаат стандардно, ама користат доста зачини во исхраната на кои ние не сме навикнати, па може да има јак мирис и вкус.
Сега е шансата да се оди во Турција на одмор. Цените ги намалија премногу, откако Русите се заминаа и ги откажаа сите аранжмани. Сега хотелите од 5 и 7 ѕвезди се за џабе цени.
Планираме со друштвото за Кушадаси,во јуни,ама некако ме плаши ситуацијата во однос на безбедноста Што мислите?
Јас бев лани со другарки во Кушадаси. Уплативме уште во јули, а отидовме од 25 август. Искрено, и ние се мислевме дали да откажеме, бидејќи пред тоа беше мислам една експлозија во Бодрум, а и претходно некои настани, ама се решивме на крај да одиме. Два полни автобуси Вардар експрес тргнаа тој датум. Мирно беше, немаше никакви инциденти. Најубав одмор досега, ако одете, супер ќе си поминете
Фала Баш ми е мило што си поминавте убаво.Се надевам дека се ќе биди ок.Не ни сакам да тргнам со страв и негативни мисли Ај ќе размислиме уште некој ден.
Јас на твое место не би се нафатил. Ризично е со Курдите и ИСИС. Имаше негде некоја објава сега скоро дека ќе ги напаѓале плажите во Турција за да бркаат туристи. Едино добро за да се појде во Турција е ефтините цени. Ако лани во хотел за двајца било 500 евра, сега е за 200. Поефтино е се, откако си отидоа Русите. Или па оди на некое помало и потивко место. А тие поголемите градови се под ризик.
Да,таму повеќе Курдите се проблем. Лелеее ме разочара сега На кое помало место? Тие се понудите за Турција,секоја година истите места.Ако(не дај Боже) е така како што било објавено,сите се тие најмногу посетувани места и ризични можат да бидат хмм...ако е Турција,ќе биди Кушадаси изборот,ако не,друга земја
Јас имам три пати идено во Кушадаси. Градот е топ, плажата тиња. Не ја бива. Боље иди на некој грчки остров. За тоа можам да ти препорачам и кажам што те интересира.
Дечко у реду е , на секоја тема за било кој град/држава ти имаш по 3 пати одено Не шири паника, прво дај да ти го видиме изворот на информација дека „Имаше негде некоја објава сега скоро дека ќе ги напаѓале плажите во Турција за да бркаат туристи. “ И трето, дај линк кај има понуди за 200 евра за двајца ,еден месец ќе одам на одмор освен ако не мислиш за 200 евра дневно
Ти ич не треба да се замараш колку пати каде имам одено. Глеј си за себе. Ми се може и кај сакам ќе одам и по колку пати сакам ќе одам. http://faktor.mk/2016/04/27/sad-gi-...ni-teroristichki-napadi-na-turistichki-mesta/ И не зборам за џабе. За 200 евра има колку сакаш: https://www.airbnb.com/s/Kusadasi--...20&price_max=30&ss_id=1tvbdtha&s_tag=kyJFI_5C Еве ти за 200 евра. Јас се ти докажав. Ајде да те видам сега тебе ако толку си стоиш на зборот и толку се чаламеше, да видам да одиш.
И во Египет пред неколку години имаше немири, па не слушнавме за загинати туристи македонци Инаку , те приметив дека се правиш како ти се знаеш, никој друг не смее да си каже свое мислење за туристичкото место, одма скокаш со твоите коментари дека толку и толку пати си бил. А од Лефкада подалеку може не си видел Поздрав од Турција за 200 евра
Не се правам дека знам се. Ако знаев немаше да ги прашувам другите форумџии. Во Египет скоро и да нема македонски туристи. Едно е Турција, а друго е Египет. Сите си кажуваат свое мислење, на никој не сум му кажувал дека не смее. И дај не ме замарај веќе.