Eej па јас сум супер, бев за 149 евра @P.S.love Не се грижи, ако одиш знај дека супер ќе си поминеш зошто и покрај се никогаш не сум чула баш во Кушадаси да имало терористички напад, народот е многу љубезен, ќе запознаеш различна култура, морето е одлично, интересен и топол народ, за било каква информација ќе ти помогнат. Поркрај стандард плажа и хотел нуди можност да посетиш и културно историски места како античкиот град Ефес, куќата на Богородица, бањите на Клеопатра.... Не слушај многу умови од некои 'најшетани' и 'најпаметни' што не мрднале подалеку од грчка
@Sofi.ja Каде во Турција е ова,многу убаво изгледа. Јас лани бев во Белек,воодушевена сум од местото,од услугата во хотелот,и од самиот хотел каде што бевме.
Па за разлика од тебе, имам многу повеќе прошетано. И читај поубаво текстот што го постирав. Не реков дека "имало" терористички напад. А и нигде не пишува. Туку пишуваше дека "ќе има". Тоа се две различни работи. Ама ти уште нерасонета дојде да се расправаш со мене и одма грешиш. И се што и постирав е со факти. Не зборам на памет. А сега ти ако водиш инат, тоа е друга работа. Јас колку што знам, им кажувам. Не се правам паметен.
@Marick14 Никој не те означи што ме цитираш не ми е јасно? Што ти е проблемот тебе?? Или си ја имаш 'мувата на капата' па си се пронајде во постот Нема да паднам на твое ниско ниво и да се докажувам кој е пошетан зошто поразен ќе излезиш на крај, а ако мислиш дека тоа што си прошетал во околните држави те прави попаметен се лажиш. нема проблем отвори соодветна тема па ќе постираме кој каде е прошетан и тоа со лично мои фотографии..
Има ли некој информација како се движат цените за Истанбул периодов? Прифатлива цена за смештај може да се најде?
Од авион се гледа на кого беше наменет твојот пост. Не мора да ме означиш за да ми се обратиш. Нема ни јас да паѓам на твоето ниво. Отвори ти тема штом толку се јачаш, па да видиме кој е пошетан. Јас таму кај што сум бил, ти никад нема ни да бидеш. И дај не ме замарај веќе со твоите глупости. Терај си работа. Не ми се обраќај и не ме цитирај. Не мислам да се полнам со твојата негативна енергија, која што ја шириш на форумов последниве неколку години.
Бугарија и Грција не ни сакам да одам нити ми се предизвик Хаахахах последниве неколку години што рече, ме изнасмеа Бевме едно време пријатели на фб видов и сама, мене не можеш да ми продаваш пуканки Биди ми поздравен
Тој шо сака да оди овде, ич нека не се мисли,ние лани отидовме за 169 евра со пат доручек и хотел, има шо да се види и кај да се прошета , плажите се топ, ич не се мислете и цената е смешна реално
Здраво женски. Оваа година планираме со дечко ми да одиме или бодрум или мармарис ама дури крајот на септември, па би сакала да ве прашам преку која агенција да бараме оти се што гледам се до почеток на септември.
Бидејќи ја прошетав целата тема така низ прсти, некаде прочитав дека не е безбедно женско друштво да шета само без машко во придружба, па конкретно околу тоа, би сакала да слушнам мислење, зошто? Какви се? Премногу нападни? Прават нешто, коментираат? Сите се и секаде е така или само на одредени места?
@Summerlover нема врски, бош муабети се само тие. Јас сум идела често со другарки, само женско друштво. Инаку и јас сакам летоска да идам на одмор меѓутоа не знам каде има најдобри и најповолни цени ако има некој нешто да ми предложи би ви била благодарна
Ако Аурора, Фибула или Сава Турс немаат за крај на септември, другиве тешко. Од друга страна, подобро е да си уплатите директно во хотелот кој го сакате, па со превоз да се снајдете, или сопствен, или со автобус. Може и лет да си организирате, од Скопје до Истанбул, па после до Бодрум. Сигурно имаат интерни летови. Има и траект Солун-Измир, тазе отворен, пред некој месец. Не ми текнува што пари беше.
Гледав и од савана само понуди на хотели па може така да одиме и дополнително превоз да бараме. Сепак фала за помошта
Незнам како ви се оди во Турција годинава, состојбата е за никаде. Насвистина, не мора да значи дека баш каде што си ти ќе има терористички напад, но имајте на ум дека терористите напаѓаат онаму каде што има гужва. Имам пријатели кои живеат во Истанбул и велат дека скоро секој ден има по некој немир. Како и да е, кој решил да оди убав помин