Ајде ако не, сите дома да си седиме. Треба да сфатите дека никаде не сте 100% безбедни, дури ни во Грција, Бугарија и Албанија како најчести дестинации за одмор кај нас. Никогаш не знаете кога и каде може некој фанатик да рокне бомба и да отепа 200 души. Се сложувам дека Турција не е безбедна, ама би одела на одмор. Со терористичкиве напади сакаат да ни втераат страв во коски, што се постигнува успешно. Ако сите толку се плашеа, не ќе се одржува Еуро 2016 во Франција или пак Олимпијадата во Рио, да не зборувам за Копа Америка - тие места се потенцијални опасности од терористички напади.
Мила, незнам дали гледаше на вести денес, бомби и пукање на аеродромот Кемал Ататурк во Истамбул , авион од Македонија е таму , или треба да слета, не разбрав баш. Господ да е и со нашите и со сите други таму.
Гледав и се потресов. Авиони од Скопје има секој ден, по два лета дневно. Само ќе речам Господ да не чува сите, оти никаде не сме безбедни, не само во Турција. Ова може да се случи било кога и било каде, а ако на сметка на тоа треба дома да се затвориме од страв, тогаш целта на ваквите заплашувања е постигната. И јас бев како тебе, се плашев да одам било каде, мм често патува службено за Истанбул, таква му е работата. Ама живот во страв и паника не сакам. Што треба да се случи, ќе се случи, макар седеле дома затворени меѓу четири ѕида. Убаво би било да можеме да промениме нешто и ние обичните луѓе, ама тоа тешко.
Целта им е да и се одмаздат на Турција зошо им срушија авион, И Труција допрва ќе трпи терористички напади. И да, треба да се земе во предвид како небезбедна дестинација баш поради тоа.
Јасно дека и допрва ќе има, ама Турција од секогаш си имаше проблеми со Курдите. Реално гледано, никаде не е безбедно.
Точно никаде не е безбедно од терористи, обично веднаш после напад во напредна земја е најбезбедно, цела полиција е на штрек, ама ова Турција е, секој ден се на црвено алерт, а ако не се, треба да се, и пак разнесоа на толкав интернационален аеродром. Да ми плаќа некој овоа време нема да земам во обзир Турција, исто колку Египет или Тунис, тој ризик за евтино море е повеќе играње руски рулет, отколку она шансите да ме некој разнесе се помали од шансата да ми падне кокос на глава.
Јас баш сега би отишла во Турција. И тоа во Истанбул, да си седнам покрај Босфорот и да уживам. Два пати терористички напад на едно исто место е малку неверојатно да се случи, но и да се случи, животот е секако краток. Ене оној ги запука во Зрењанин, 5 души уби, 20 рани. Утре може некоја будала ќе распали во Скопје, на Рекорд, во најголемата гужва. И што? Дома барем сум умрела, да се теши семејството. Пред ден два кафич се запали во Скопје, ако треба да умре човек ќе умре па и дома затворен во WC без прозор нека седи. Белгија, Франција, високо развиени западно-европски земји каде што ретко кој би очекувал немили настани, па умреа луѓе. Одете, шетајте, уживајте во моментите. Утре може нема да можете..
i jas se vodam od taa logika, deka pogolema e verojatnosta da se udavis nekade na odmor, отколку да настрадаш во теерористички напад... затоа во среда тргнувам за Анталија
Турција, лани летово бев анталија и повеќе никад, не се работи само ради безбедноста имабезброј негативи, се бањаш во базен па и во море со забулени луѓе, целата храна вклучувајки и десертот и мириса на овча лој, нема каде да прошеташ, да излезеш, забава тапа, плажите некоја средна штета....од 1 до 5 турција за одмор 2+
Каде беше сместен што толку лошо искуство имаш? Ние кога бевме дали 5-6 забулени имаше. И не пливаа, туку во плиткото се ладеа или топлеа, со оглед на температурата на водата хаха Барем Турција за храна е рај, во скоро сите подобри хотели храната не мириса на лој бидејќи има луѓе од сите страни во светот, all inc мислам дека најдобро функционира во Турција од сите околни земји... А ова со базенот, ние само навечер со пијачки се мотавме кај базенот, зошто би се пикал во базен со хлор, кога имаш вода со јод, сол итн итн итн Базени има низ цела МК, Турција не е Бугарија па да одиш за базенот.. А тоа дека нема за шетање, освен ако не си сместен во хотел на 20+км од градот и не ти се плаќа за бус или др вид на превоз, никој не е крив. Однапред се планира тоа..
Фaлa зa пoтсетувaњетo. Терoристичките нaпaди и држaвен удaр сo oпaснoст дa премине вo грaѓaнскa вoјнa се рaзлични рaбoти. Сигурнo декa никoј нoрмaлен не би oдел нa oдмoр вo вoенa зoнa.
Знам како стојат со парите, знам дека никој нема да им ги врати, ама животот во овој случај е поважен од парите. Јас не ги терав да одат, само си искажав мислење во темава. Светот е одамна отиден по ѓаволите, истово утре може да се случи било каде.
Пријателка моја е моментално во Лара Баш на фб зборевме, ми вика сите се на плажа, жешко е пеколно, да не виделе на интернет немало ни да знаат дека нешто се случувало на север. Не изгледале посебно растревожени тие од нејзината група. А и во хотелот изгледа им забраниле на вработените да коментираат за настаните.
^ Живо ме интересира дали и туристите од другите држави (ако воопшто ги има) се однесуваат како нашите. Пусто македонче за парите што ги дало и атомска бомба да падне, ќе гледа да го искористи алл инк.