во моментов најлоша варијанта е да си тргнат накај дома...сеуште има блокади и е несигурно. покрај море имаат повеќе можности за бегање...
Немаат ич мака бе нинџо, богаташи се нашите, со авион идат хаха Глеј http://www.aytport.com/user/flight.asp?FLIGHT_TYPE=2
Да, но кога зборував јас за Турција дека е небезбедна во моментов испаднав будала демек секаде имало, а сега "па јас само изразив мислење" Океј е да кажеш, меѓутоа во време кога Турција конкретно е тангирана како високоризична дестинација, нема потреба од креирање на јавно мислење ( не само од тебе, туку и од други членки, некои и пратеници од туристички агенција да не им пропаднат ангажманите и да не се откажат) Не треба да почнат плажи да напаѓаат како во Тунис лани за да сфатите дека некои земји се алармантни и подложни на вакви напади повеќе од други.
Јас бев минатата година и потрошивме точно 1000 евра за двајца. 820 евра плативме во агенција за хотел на база all inclusive, авион, аеродромски такси... и останатите околу 200 евра ги потрошивме на крстарење, шетање и други глупости Инаку бевме сместени во Zen the inn resort во Аланија
Местото за кое што пишував се вика Erikli... Исто како најпознатата вода во Турција Се наоѓа на 700 км од Скопје ако се оди преку Бугарија. Најблискоит поголем град е Kesan. Инаку, го нема во понудите од туристичките агенции... Во времето кога одевме таму, последен пат пред 7-8 години имаше само два хотела, а вили за изнајмување многу! Местото е еден вид на викенд населба за Турците од Едирне и Инстанбул кои што таму имаат убави и луксузни вили...
Во 2015 септември околу 1000 евра, за двајца (едно дете бесплатно) во хотел со 4 *, на база на all inclusive услуга. Со сопствен превоз, во Кушадаси. Во цената се вклучени трошоците за превозот, гориво, патарини, вињети.
Анталија. Кушадаси може да биде ладно. Ние бевме во септември, водата ладничка беше. Така што, Анталискиот залив ти е добар избор, сепак излегува на Средоземно Море, потопло е.
Анталиски залив, било кој хотел од ресортите, конкретно Кемер или Сиде. Кемер ми се чини поубаво, дека има борова шума. Ама во тој дел или јуни или септември се оди, во сезона е многу жешко и влажно. Исто и Чешме е добра идеја, се наоѓа пред Кушадаси, после Измир, на мало полуостровче во Егејот. Има убави плажи колку шти можев да видам.
Јас бев пред 2 години во Кушадаси од 01,06 и времето беше преубаво. Сместени бевме во хотел Блу си на лејдис бич и сум презадоволна.До градот имам превоз постојано, од пред хотелите и назад кога се враќавме доволно беше даго кажеме само иметона хотелот ине носеа до таму. Хотелот беше многу чист, храната беше ок. Еден однајубавите одмори што ги имам поминато.
тоа се хотели во Кушадаси со две звезди колку пари толку музика моја блиска шо беше таму вика мизерија
Да,да,со две ѕвезди се. И онака планирам да шетам,ми треба само за спиење.Сега,ептен да не се крш да не се изразам... Алиса,кој е поблиску до плажа од тие?