Далеку е Кападокија од Кушадаси. Кападокија е во централна Турција, Кушадаси на егејскиот брег. Има бајаги пат натаму.
Ние бевме лани во Аланија и имаше тури секој ден одеа на Памук кале. Имаше реклами на плажа можеше да се пријавиш,шетаа и нудеа.Ние не бевме.
Здраво, дали некоја била во хотел Мелике Кушадаси ? Или пак да предложите плажа во Кушадаси Ви Благодарам
Во мелике не сум била ама го видов, баш на плажа е на лејдис бич и е ок, солиден, не е луксузен ама па не е ни лако оное во центар со по 2 *. Моја препорака ти е Blue sea mn ponov i i poubav od Melike.
Фино, убав град е Аланија за шетање, не е нешто wow ама убав е. Плажите некаде се со каменчиња, некаде песочни, се зависи од хотелот каде е, ќе си прашаш во агенција ако не купи си патичиња за во вода зашто нема да можеш ни да влезеш ни излезеш. Таму е одморот хотел-плажа, ако си поблиску до Аланија ќе се шеташ почесто и повеќе време ќе се возиш од аеродром до хотел на одење и заминување. Времето е променливо знае да заврне и одма после тоа сонце. Најубаво е јуни, септ.
Јас се утепав од барање по агенцииве.Значи двајца возрасни две 8 год деца и 8 мес бебе за 6 ноќи 1700 евра.Во Кемер Alkockar excluzive hotel .За август.Кажете ми бил некој таму да сподели искуство?
Здраво женски Дали можи да ми кажите кои се сигурни агенции ? Да ми кажите од кој хотел во Аланија сте задоволни? Ви благодарам
crystal admiral resort одличен , одалечен е од градот но немаш никаква потреба да одиш до него, огромен ресорт , во него имаш се..
Феминки искуаство Аланија или Сиде? И дали е добар период од 1 до 10 јули за летовање во Турција со бебушка 13 месеци?
Мислам дека е премногу жешко тој период. Ние кога бевме крај на август буквално изгоревме.. Со бебе од 13м јас Сиде би го одбрала..со поголемо дете Аланија..