Може ли да ми кажете искуства за Кушадаси за во септември како е,дали водата е чиста, има ли многу бранови?
Моментално сум тука.Се е супер но бранови има премногу.До кај 11-12 часот е чиста водата потоа матна и треви.А од бранови неможеш ич да се избањеш.
Jas se vrativ od Side Antalya pred nekolku dena,i mozam da kazam deka prekrasno si pominav. Plazite se super cisti bea no se prepolni so luge,cenite se prifatlivi i uslugata bese mnogu dobra.Vremeto e prekrasno okolu 33 stepeni ne e ni zesko ni ladno.Za smetaj imas od 3 zvezdi hoteli pa se do 5 zavisi kolku si spremen da platis,no se vrvi ubavo i so poskromen buget.
Лани бев од средина на август исто беше многу брановита. Зависи на која плажа одите некаде е многу валкана некаде па стакло
Сме биле на Лејди,Лонг,Буда,Каппело,и денес на градската.И да ти кажам секаде беше исто до 11-12 чисто да ти е мерак да се бањаш,но после 12 секаде станува матно,треви,и бранови огромни. А топло е околу 40степени,со цените е прифатливо..
Nikogash ne sum bila nikade vo Turcija .. daleku mi e i skapa e ama ovoj pat mora da otidam do Istanbul i Kushadasi , Antalija eden den
Па и не е толку далеку, има многу подалечни дестинации, па луѓето одат на одмор. Малку е напорно со автобус, да, ама имаш можност авионски за овие места што си ги спомнала. До Кушадаси не, туку Измир најблиску. Јас бев автобуски и до Кушадаси и до Истанбул. Авионски до Истанбул е саат време, можеш и сама да си одиш, не мора преку агенција. А и аранжманите преку агенции не се скапи. Една другарка беше во Кемер средина на јули за 550 еур со чартер и се вклучено во хотел со 5 ѕвезди. После средина на август цените се поефтини. За разлика од мене што плативме 600 еур апартман во Калитеа што беше обична соба и превоз во таа цена. Ни оброк, ни ништо. И плус што потрошивме, а цркнавме од досада.
Ubava e Turcija golema zemja i sto e najbitno prijatelsko nastroena so Makedonija .. A da ima shto da se poseti vidi primer: Istanbul , Izmir , Kusadasi , Antalija , Ankara , Capadokia ubava e i vredi ako se ima mozhnost da se otide , a za daleku e daleku ama ne mnogu barem do Istanbul a posle vo Aziskiot del na turcija kade shto e Kusadasi , Izmir i Ankara e daleku ako idesh so kola avtobus poshto mn e golema e teritorijata na Turcija mislam najgolema na Evropa
Здраво Зимото сакаме да одиме на неколку дена за Турција. Кое место вие би ми го предложиле, со оглед на тоа дека јас не сум била никогаш. Какво е времето? Колку дена се патува? Која агенција ја препорачувате? Што е важно да се знае? Колку е скапо? Дали може да се купи нешто или не?... Фала Се надевам на ваши брзи одговори.
Би ти препорачала да го посетите Истанбул. Во зима е многу ладно, понесете и чадори за дожд и непропустливи јакни и чизми. Од скопје се патува 12-14часа со автобус, со авион мислам дека не се исплаќа. Важно- пари секогаш во предни џебови на неколку места, кога купуваш вода или нешто ситно во еден џеб имај само ситни пари. Важно број 2– пред да тргнеш види лирата колку е спрема еврото. И рачунај си на телефон кога ќе влезеш во менувачница за секој случај. Храната не е скапа, облеката исто. Ако те интересира нешто повеќе пиши
Си бираш како ти одговара, според место, линија итн.. Нема да згрешиш ако резервираш само со доручек бидејќи храната надвор е многу убава, вреди да се проба се. Некои зборуваат англиски некои разбираат и српски, бугарски
12 Saata od Skopje do kade mislish do Istanbul ?? mene po 16 do 20 casa me fati do Kusadasi ... cel den
Здраво Сакам да ја посетам Турција на лето, поточно регионот на Анталија, но мене приоритет не ми се хотелите, туку чисто, плаво море, како на Халкидики на пр., а не сум сигурен дека морето таму е баш така. Дали морето и плажите во тој регион можат да се споредат со тие на Халкидики на пр., односно дали морето и сино и чисто, и која населба ја има најубавата плажа и море? Благодарам.
Чисто плаво море не барај во Анталија.. Самите од агенција ни кажаа дека за хотели се иде Анталија а за море Грција