Да, хотелите се преубави. Ама греота е да одиш Турција и одморот да го поминеш во аква парк. Турција е толку прекрасна земја, и подобро имај сместување кое нема аква парк, тобогани, а парите потроши ги да разгледаш некои прекрасни места кои ги нема никаде на друго место, тобогани секаде ќе најдеш.
Каде и да идеш во Анталија имаш каде и да прошеташ ван хотелите. Конкретно Сиде има и историски места и преубава чаршија. Имаш и тоа каде да прошеташ.. Имаш и Сеа Лајф аквариум кој препорачувам сите да го посетат Зоолошки се има.. Аланија исто има базари чаршии ние не шетавме толку по Аланија со бебе,имаше и тури со бус кои ве шетаат. Според мене вреди секој денар одморот во Турција. Толку се љубезни гостопримливи. Нам количката ни ја скршија на аеродром самите вработени однесоа ја завариа исфарбаа се Нешто поефтино е Кушадаси. Таму не сум била но исто го фалат местото. Може да се најде доста ефтина понуда за таму Посебно многу ми се допаѓа кај Турците дека кај нив многу се почитува бремена жена или жена со мало дете. Пред нас еден пар кој му се развика на детето дека претрчало улица полиција ги застана.Сега идам за шопинг таму и даваат големи попусти на трудници. Ептен ја обожавам цела Турција
Да, Кушадаси е прњубав и има многу интересни места и атракции во близина. Иначе за Сиде сакав да те прашам, кои места се интересни за посета таму?
Во Сиде е убаво да се посети античкиот дел, амфитеатар од VII век, храм, кањонот во Манагват, базарите и аквариумот. Пред 4 години бев во Сиде и толку се сеќавам За сите места имаш тури они те носат, до историскиов дел се стигнува со брод. @Laufinam За часови незнам,деновиве ќе ти ги пишам сите инф
Да да храмот е. Секогаш врие од туристи таму Чешме во Измир беше? Мм има ќерка од тетка таму, да и се најавиме ли како гости ?
Ne vredi Avsa ako se odi vo Turcija 100 pati podobro e Kusadasi , Antalya , Cesme blizu Izmir , Bodrum kakvi ostrovi kakvi bakraci ... isto ko da ne si bila u Turcija toa Avsa
Денес стасавме и баш ми се допаѓа.Можеби поатрактивни се другите места со исклучок на Кушадаси, сите ми имаат кажано декс мршник место е.Е сега јас во Турција прв пат одам затоа што немавме избор инаку мажот ми не ја сакаше и супер ми е.Сме биле и на подобри места како Сицилија, Мајорка, Грција на разни острови и краците, ама не е лошо и овде, т.е убаво е за тие што сакаат мирен одмор.Едино водата на мраморно море е поладна Цените се ниски освен алкохолот во маркетите е како во кафич 100ден испаѓаше мало шише или лименка.А јадењето и во ресторан е евтино.
по фб групите читам луѓе што се жалат дај боже вие да поминете се ок и да нњмате проблеми со агенцијата
Не не супер минеме, едино што превозот им е минибус, и шоферот си пушеше мислеше дека ако отвори прозор, нема да сеќаваме....ма да клима нонстоп си дуваше и не беше лошо патувањето, почесто пократки паузи.Бугарите на влез ни мереа темп.Турците на автобусот пред нас ги тераше секој со куферот да се симиња и да мине низ процедури низ граница, а нашиот шофер турчин беше отиде таму се разбра и не не задеваа за багажот.Смештајот супер како што се договаравме, чисто, на 2мин од плажа, тројца возрасни сме баравме апартман со две спални, добивме тоа а плус уште три кревети, одвишок баш комотно.Турциве се прељубезен народ, само англиски слабо им оди
Во врска со коронава ич страв да немате за Турција. Буквално на секој метар,метро трамвај продавница дуќан има обезбедувате и премногу полиција кои опоменуваат ако ви е спуштена под нос,а казнуваат ако воопшто ја немате. На секој влез во трговски или поголеми дуќани мерат тт. И дензинфекција скоро во секој дуќан. Алал да им е
Пробајте на српски, ние Кушадаси кога бевме повеќе српски збореа од англиски. Каде сте, во кое место?