Здраво, некој што патувал со Еуросава да ми ги објасни малце цениве не ги разбирам. Во пребарувањето една цена а кога ке ја отвориш понудата сосема друга...
Што мислите кој град е најдобар за одмор во август? Анталија, алања, кемер, бодрум, мармарис, кушадаси? Од овие само бодрум и анталија имаат аеродром нели?
Има аеродром и во Аланија, ама нашите нудат летови само до Анталија. Инаку, јули и август е многу жешко и со голема влажност на воздухот, ама се издржува. Ние бевме средина на јули, супер поминавме.
На првата слика цената е по лице, (p.p - per person), а на втората ти ја дава цената за вкупниот број на луѓе кои си ги означила.
Да, им пишав и на нив ми кажаа, многу скапи ми се видоа , другиве понуди од агенции поевтини беа. Можеби дека хотелите од Еуросава се ultra luxury
Имаме патувано со нив. Најдобро е да одиш таму. Јас хотелот што го гледав, беше поскап вака на сајтот ама на лице место цената беше ок, се погодивме. Хотелите што ги нудат се преубави
Дали само Евросава и Фибула држат чартери за Турција а другиве агенции продаваат за нив? И која е подобра Фибула ило Евросава? Фибула ми е попозната а Евросава поевтино малку ми е..
јас денеска резервирав за Аланија, Holiday Garden Resort преку Фибула има некој искуство со нив? и дали има некој превоз од хотелите до градот како автобувчиња?
А плажите во Бодрум какви се? Генерално, коментар за местото? Читав повеќето одам во Гумбет што е неколку километри пред Бодрум, таму имало повеќе хотели, дали баш во Бодрум не е за одмор, не сфаќам
Ние резервиравме преку Аурора . Во Лара ќе одиме. Гледавме да нема многу возење од аеродром до хотелот затоа што ќе бидеме со бебе 1год.
Здраво Дали бил некој во Кумбургаз да сподели искуства поточно се работи за овој хотел https://escapetravel.mk/patuvanje/hotel_marin_princess_kumburgaz/