1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одмор во Турција

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од sarah.key, 6 мај 2010.

  1. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    јас кога бев Мармарис бев во хотел со 3* полупансион(поручек и вечера) бидејќи за време на ручек бевме на плажа и јадевме брза храна..патував со авион и ме чинеше 550euro . Не е баш село..убаво е..плажите се песочни но ние бевме деца-друштво без родителите и толку време не поминувавме на плажа па и поручекот го пропуштавме.
    За дискотеки ги има многу и во центарот е многу бучно.Има мн добри дискотеки впечаток ми остави -Аренна - ,негде земаат пари за влез негде не ,но не е многу скапо но внатре во дискотеката факт е дека треба да направиш многу сметка :D .
    Народот е мн комуникативен,добри трговци се,прават и прекрасни забави....и да најубаво е кога ќе шеташ до тебе да има некоја машка особа зш турцине не чека ни 5 пари за тоа :lol:
    и Нареден пат би сакала анталија да појдам..мислам дека таму е најубаво..
     
  2. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    sakam da odam za kusadasi i najdov hotel so pojadok.dali moze nekoj da mi kaze kako se dvizat cenite za jadenje i pienje vo restorani sendivcari i kade e najdobro i najeftino da se jade.i dali mislite deka so okolu 180e bi mozelo da se prezivee 9dena vo kusadasi samo za hrana i nekoi turicki :$ tolku e budzetot za ovaa godina
     
  3. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    476
    Ах...и ти како мене, спиење со појадок!
    Тоа ти е голема грешка, заради тоа што Турција е муслиманска држава да те потсетам и мене лично не ми се допаѓа нивната храна...имаат еден куп овчо месо и се готват со лој :worried: Мене искрено освен една вечера која за 2-ца не чинеше 50 евра, друга храна не ми се допадна. Во хотелот каде што бевме немаше ресторан, ама имаше во хотелот од спротива, па за останатите 7 дена си уплативме вечера по 5 евра чинеше една, и така раат си имавме.
    Грицки, кафе сок, се тоа е како кај нас дури и поевтино...
    Туричките не се баш евтини, мислам дека околу 15 евра беше воден парк, Ефес е околу 30 или 35 евра, а брод 10 евра, бар така беше пред 2 години. А за излегување исто не е баш евтино :(
    Мој совет е одма да си уплатите вечера, оти искрено со тој буџет тешко на крај да излезеш....
    И ние планиравме да потрошиме малку ама испадна по 200 евра за аранжманот, и уште 250 за таму... :( среќа што носевме настрана иначе ќе требаше да ни праќаат од дома :lol:
     
  4. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Бев на одмор во Турција во Аланија...многу е убаво...градот, плажата... :)
     
  5. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Јас не сум била во Турција досега, ама во март е планирана екскурзија во Истамбул. За тие што биле имам неколку прашања: ако сте ги посетиле оние стандардни знаменитости на Истамбул (од типот на Аја Софија и сл.) колку е тоа напорно, земајки предвид дека имаме туристички водич?
    Колку е скапо во Истамбул (храна и шопинг)?
    И, ако некоја од вас патувала со автобус, колку часа отприлика се патува?
    :)
     
  6. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Аја Софија, кога бев јас во 2007 беше 10 евра да влезеш, а сега можеби е поскапо. За да влезеш во таа Плава џамија мислам дека беше без пари. Центарот на Истамбул ние го шетавме со автобус.Воопшто не е напорно да се шета бидејќи времето ти минува за час гледајќи ги убавините на Истамбул. Кога одевме ние одевме преку Грција, со траект по Егејско Море и се фати некаде 20-23 часа пат. Да одиш бидејќи нема да зажалиш. Поздравче :*
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Jас бев пред некоја година на семинар во Истанбул 7 дена и преубав е градот. Убаво ти кажаа во Аја Софија 10тина евра е, а во Плава Џамија не се плаќа.
    Потоа интересно е во Капали чаршија, таму имаш се и свашта имаш ценкање, пазење на ташните и новчаниците повеќе од се! И одете во група, сами женски никако, не е ич сигурно низ капали чаршија. Колешки мои ги барале да ги купат, посебно ако сте плавуша :rofl:
    Има улица со продавници ооооооогромна, ќе не знаеш кај да гледаш на која страна, цел ден да шеташ само на таа улица, цени просечни, Таксим се вика. Е сега не бевме на тие пазари кај што зимаат нашиве продавачки облека. Иначе има премногу трговски центри.
    Истанбул има 15 милиони жители, најброен град во Европа. Гужва невиде. Ако сте сместени надвор од градот ти треба 2-3 часа во гужва да излезете од него, зборам за 1 правец :!: . Шофери најлуди на целиот свет, таму секој има возачка и секој вози.
    То е то :)
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  8. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Јас во мај одам во Турција, таму ќе славиме матура . Го сакам Истанбул многу, а да точно е ова што го кажува Росоњерка. Ништо чудно некој да те сретне таму и за жена да те бара :tmi: Сами девојчиња никако, постојано со машки и тоа во поголема група. Задеваат многу, ќе бара некој да ве купи .. |(
    И ова за плавушите доста точно, од искуство :wasntme: :D
     
  9. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Ќе одам секако, веќе се запишав. само ме интересираше да слушнам од некој со искуство. Инаку и ние ќе сме оделе преку Грција. Некои влезници ни се вклучени во цената, само не знам кои точно.
    И ме интересираше како се движат цените на храната и облека, шопинг?
    Rossonerka, немој да ме плашиш, плава сум!!!! :lol:
    За пазење на ташни претпоставував дека треба, всушност во секој голем град тоа е потребно. Бидејки одиме со професори, ваљда нема да не остават сами...ама сепак ќе одиме по повеќе, во група.
    Сепак фала ви на одговорите!! :*
     
  10. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Бев две лета на одмор во Турција и можам да кажам дека сум презадоволна. За јадење воопште не ми беше проблем за тоа што во секој ресторант служат пилешко, а во многу има и направено и посебно мени со јадења што би можеле без проблем да ги јадеме. Цените се џабе многу е ефтино си изнакупував се и сешто како од бутици така и од пазарите. Многу е убаво презадовона сум од се ги имам посетено Куќата на Дева Марија, Памиккале, Ефес, АДАЛЕД и АКВАФАНТАЗИ. Пезадоволна сум од се на сите топло ви ја препораачувам Турција. :)
     
  11. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Мене времето во Турција ме утепа. Влагата беше 82 проценти. Излегов надвор на цигара, влегов во хол како штотуку излезена од базен.
    Малку така поскапи ми се видоа цените, за разлика од Египет. Плус помалку дена, а ист луксуз.
    Јас бев во Белек, Crystal Family Resort & Spa.
    Убаво хотелче. Хотелов беше фамилијарен како што вели и самото име. Храната леле леле. Колачињата ме направија каца. :D Ама руси...немам ништо против луѓето, ама бучни, се дерат, земале 10 вотки на маса. Пијат ли пијат. Деца се бркаат околу тебе. Имаше кино, па ги пикаа малечкиве таму, околу 2 саата мирно беше во главниот хол. :D Многу организиран анимиран тим, што е важно ако се оди со дечиња. :) Лошо опкружување, ама немав избор и мораше таму. Набиени цени по продавничките. Белек е прогалесно за топ пет најмонденски места не знам точно 2000 и која година, можеби затоа беше се така рипнато до таван. Ништо не си купив за грев. Морето ми се виде катастрофа. Пече како ненормална солта. Плус не беше чисто ич. Мене тоа не ми е и важно, не знам да пливам, но.. :)
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  12. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.612
    Допаѓања:
    2.472
    бев пред две години на одмор во Турција во Алања..и искрено не би отишла пак
    местото си беше чисто, водата на почетокот беше супер, но последните неколку дена имаше премногу бранови.. храната многу многу не ми се бендиса ама се снаоѓав (чоколади, сладоледи, чипсови.. :D ) а и Турциве некако многу нападни како народ..
    температурите пеколни..
     
  13. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Ako може да ми каже некој како стојат цените во Кушадаси и како сте задоволни вие што сте биле ? :?:
     
  14. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    На одмор во Турција бев еднаш и доволно е. Може во Истанбул само да одам, но на летување НЕ.
    Многу работи не ми се допаѓаат. Климата е многу влажна, нема воздух колку е топло. Без климатизер неможеш да замислиш да спиеш. Морето не беше бистро а јас мразам кога неможам да го видам дното.
    Мажите се многу некултурни, нападни. Во менувачница може да се случи да те зезнат, а банките се во центар.
    Во дискотеките е забавно но скапо. Ако во Грција еден коктел е 5 евра ваму е 10 и повеќе.
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Јас сум презадоволна!!!сум била на многу места и во мн.земји и на шетање и на одмори,но Турција е нешто посебно,бидена сум Истанбул,а на море бев во Анталија,хотелот беше со 5 звездички,беше перфектно,лјубезни се луѓето не се нападни,а не овде кај нас намќоришта бре...нивниот туризам е ненормално развиен,па и самата држава.да не случајно ви е поарно грција???да ви се мрштат и ве провоцираат.За одмор само Турција перфектно!!!ни Египет не ми се допадна баш!а за храната немам зборови,хотелите се прекрасни...посебно тие со 5 звезди ;) јас пак планирам оваа година.
     
  16. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Турција не е перфектна, има многу подобри места кои ние не можеме да си ги дозволиме ни со 5 години штедење пари. |(
    Египет да не ти се допадне? Си останала рамнодушна на Гиза? Да видам, да не поверувам. Јас како египтолог во душа работиве при срце си ги земам.

    Читам горе сум оставила не толку добар коментар за Турција. Кога ќе размислам не беше толку лошо, хотелот беше одличен, терените за голф (кои нас апсолутно не ни требаат), коктелите и така натаму.
    Женската послуга беше многу арогантна кон мене, машката пак заморна, така што доаѓаше до некоја рамнотежа.
    Водата лоша според мене, базенот не те лади само го впива тоа што се цеди од тебе. -.- А тушевите на плажа со жешка вода! Јеа, бејбе! :emo:
    Градот ништо посебно, локацијата онака...Имаше право од хотелот како шопинг центар, со 50тина ако не и повеќе продавнички. Цените кренати, влагата исто...тоа веќе сум кажала.
    За храна цареви, особено тоа што имаше секаде за јадење во секое време. Нема да го преболам турското печено лепче на жар.
    ..за турското кафе, па...Повеќе ми се допаѓа нашево турско. :D
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  17. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Уфф за Турција немам заборови...Сум била Кушадаси и Памук Кале и ви ги препорачувам на сите што имате можност, а не сте ги посетиле. Едноставно немам зборови, што и да кажам ќе премалку. Едно ноќевање 10евра полупансион, базен, шветска маса.
    Плажа-Убави кафичи, најразлични коктели(3-5евра), аеробик, водата пречиста, средена плажа, градот феноменален, луѓето културни..Сето ова е за Кушадаси
    А, Памук Кале е приказна по себе, таа не се раскажува туку се доживува!(Леле колку ја изнафалив Турција ама мене преубо ми е таму и никогаш нема да речам дека ми е досадна) :$
     
    На ubavi4ka и Angelche им се допаѓа ова.
  18. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Во право си и јас исто така,немам зборови за Турција...а Sephora МОЖДА била на некое не баш толку убаво место,незнам или е до вкусот,а Египет добро беше ама спрема Турција не фала,пустелија е,само во хотелите е добро иначе не е...видов се и Гиза и цело Каиро,и папируси хахаха....само морето е поубаво........Африка не ја сакам.
     
  19. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Штом велиш дека е се пустелија и само во хотел е добро си била сместена на многу лошо место. Каиро е фантастичен град, заедно со Хургада кој има многу добар ноќен живот за муслиманска (се извинувам на израз) земја.
    Зборував за гледање во однос на територија, а не за папирус.
    Како што реков Белек е прогласено во топ5 најмонденски места, претставува дестинација каде престојуваат оние европски богати фамилии...секако дека е убаво, но не фасцинира.
    Да не спамирам, секој различно гледа.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mona-li

    mona-li Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    9
    А преку агенција имате одено? Колку кошта аранжман за Кушадаси? И дали патот е премногу исцрпувачки?
    :*