Здраво, дали може некој да ми кажи како е за на ова место The Land of Legends ,колку е влезницата и што има вклучено во влезницата или посебно се плаќа за да се користи ?
Poradi koronata ovaa godina ultra luxary ke nema iako se e ubavo objasneto po agenciite za hrana nema obilno tuku si naracuvas i cekas da dobies i nema od full kako porano
Искрено не ми текна колку плативме, но не беше ефтино. Имаш пола водни атракции, а пола rollercoasters (ич не ми текнува на назив на македонски). Се доплаќа да пливаш со делфини, а делфин шоу спаѓа во цената.
Ништо не нарачуваме. Има изобилие, ко и претходни години. Уште од пиле млеко што нема. Таму сум, не зборувам на памет. Од хотелите не се сите отворени за гости. Распрашајте се пред да уплатите дали хотелот работи или не.
Планираме да одиме на одмор во Турција , во Алања . Ако се оди по план , на 9-ти следниот месец тргнуваме од тука . Ќе патуваме со авион . Е сега , ќе одиме со се децата . Проблемот е што и јас и маж ми прв пат седнуваме во авион . Не ми е страв од летот , туку ќе прашав , дали има каде да се пресоблече бебе додека трае летот , каде ќе спие , дали треба да се земе транспортер или нешто каде би можело да седи и спие бебето , или во раце ќе спие ? Не знам ништо околу патување со авион со мали деца .
Ако се тече по планот , тргнуваме со летот во 2 часот по полноќ 9-ти спрема 10-ти јули . Не ме држи за збор , бидејќи свекрва ми организира се преку агенцијата со која она беше на одмор годинава , па не сум баш информирана во колку часот точно тргнуваме , но знам дека е околу 2 или 3 часот ноќе . Секако од 00:30 треба да сме на аеродром , па не ми менува многу во колку часот тргнуваме .. Дали имаш информација , дали може да се патува со потврда од матичен за прележан Ковид 19 , или сепак мора тест ? Ние прележавме сите , па затоа и го одложивме вакцинирањето за после 6 месеци од корона , да не ни направат проблем , да си се осигурам навремено јас со документи со се .
Потврдата од мој термин дека сте имале позитивен тест преведена на англиски. Летот е во 3 и пол, а во 12 и пол на аеродром.
Јас сум вакцинирана а дечкото ќе вади брз антиген тест, ти да си прашаш во агенцијата за потврдата Значи со истиот лет одиме
Исто искуство имам @Tory и не само од оваа год. и лани бев и многу претходни ама со коронава од лани во хотелов кај што сум единствена измена е што зад штандовите со храна има стаклени паравани и не не нарачуваш туку застануваш и им кажуваш или покажуваш од која храна и колку сакаш да ти стават. Многу строго пазат на хигиена и по хотели и по трговски центри и да нема што нема од избор на храна, вакви муабети дека нема избор или е намален може да вртат по некои нискоразредни агенции кои имаат цени до плафон за аранжмани, а никаква услуга во однос на исхраната па вадат некои смешни оправданија
@Idedemja Во хотелов каде што сум, на влез во ресторанот мора да ставиш маска и обавезно ракавици, бидејќи сам се послужуваш со што сакаш, колку сакаш. Нема шанса да те пуштат на влезовите да парадираш без заштита. Персоналот сите до еден се со маски. И тоа ниту еден не сум видела со маска под нос, на брада, на чело итн итн. Уредно, скоцкано се како што треба. Рекла казала муабети колку сакаш.
Исто е и тука и плус мерат температура на влезовите, сите од персоналот со маски и ракавици кој видел знае кој не знае паѓа на таквите муабети