Ич не знаеш што да предложиш.. Го гледав и јас еднаш ама 330 евра од ноќ брате... Да не го нуди некоја наша агенција поефтино? Јас гледам аранжмани за почеток на септември..ама знам дека нема да имам кворум за одмор во пандемија
Ние бевме во Аланија и хотелот ни беше у прв ред кај најпознатата плажа Клеопатра. До центарот се стигаше за 20-30 мин. пеш или со бус за некоја смешна цена не се ни сеќавам во моментов. Претпоставувам дека ако ја прашате агенцијата ќе ви објасни, сигурно има и од вашиот хотел бус, ако не до центарот барем до плажата Клеопатра.
Ние сега сме повеќе за во Сиде зошто има поубави ресорти…И од агенција не рекоа дека поубави биле плажите таму ама за превоз ноќно време од Сиде до Аланја немало….И затоа се мислиме што да праиме…Некој хотели имале рент а кар е сеа незнам ни таа опција колку е исплатлива…Кој места вие ги посетивте?
Не можам по агенцииве да најдам од 420 до 500 евра понуди за Анталија (Аланја, Сиде, Кемер таа околија) се околу 600 евра и нагоре. Знам другарка за 460 евра беше. Испратете некои такви понуди ако најдете?
Во May Garden Club Hotel .. Свекрва ми беше со золва ми пред некоја година , и беше многу задоволна од услугата ( они беа all inclusive со алка , па и ние сме исто ) и вели плажата многу е убава , и ептен блиску , условите за со мали деца се одлични , во хотелот имаат скоро се што ти треба за бебиња и деца , дури и жени што ги чуваат на час-два за родителите да се одморат ( сепак јас не би ги оставила на непознати , ама ќе видам како ќе биде , ќе разговарам со вработените ) . Освен колица и млеко за бебе , друго не треба да " влечкаш " од дома . Имаат во хотелот и столче за хранење , креветчиња , специјални за на плажа за бебе .. само треба да се обратиш на рецепција . Вие каде сте ?
Ако си преку агенција се ти е организирано со превоз од аеродром до хотел од нив, ако одиш во приватна режија најдобро е такси да си фатите, насекаде има по аеродромот.
Во понудите што ги гледам обично пишува бесплатни локални пијалоци, додека за увозни се доплаќа. Кои пијалоци спаѓаат во локални што обично се дел од all inclusive понудите?
Локално пиво и вино. Негазирани Сокови ( оние за растворање кај нас). Газирани ( нешто налик приватниве што ги има кај нас за 20 ден 2л што се продаваат). Мене ништо не ме бендисуваше, освен пивото
Ние ке летуваме во Сиде,преку Еуросава. Искрено кога се јавив во Јуни за син ми ми побараа 210 евра. Кога се јавив да резервирам ми побараа 270 o И да ти кажам им изреагирав,па се вадеа дека тоа било доплата за малиот во хотел. Тој е 5 години,што исто така не ми беше логично. Им реков ке си побарам понуда во друга агенција дека понудата не е ок. На крајот ми се јавија и спуштија на 210 евра,без доплата во хотел секако.
Na fibula travel Im ostaviv poraka na fb niti mi pisaa niti nisto nikakov odgovor ne mi dadea a videv oti porakata e procitana