Дечки едно прашање ако може. При резервација за одмор во Турција преку Фибула колку треба да уплатам за да си ја осигурам резервацијата? Знам дека 15 дена пред поаѓање треба да биде целата сума платена.
Имаме закажено некаде 14 август преку еуросава 30% од сумата ни е платено сакаме да откажеме ради ситуацијата и да се смири огнот дали ќе ни ги вратат парите?
Ќе уплаќаме неделава за во Arnor De luxe hotel&spa, да не бил некој случајно да сподели мислење за хотелот?
90% од пожарите се изгаснати и ние се плашевме за тоа ама се средува полека ситуацијата. До 14ти мислам дека се ќе е изгаснато.
Дали некој бил во Alan Xafira resort? Ако може подетален опис како сте задоволни од услуга, хигиена храна, базени, плажа. Знам дека е далеку од плажата, на ревјус има многу негативни коментари па не знам дали воошто вреди да го гледам. Презадоволна од Seaden World Resort and Spa, ама годинава многу поскапено од лани. Ептен модерен, чист, огромен ресорт, забава на секој чекор, водата топла.
@Antolinaa Гледам дека си упатена па можеби знаеш, а и секако кој знае и има искуство да ми каже кој град да внесам како место на престој бидејки градот во кој ке одам не ми го дава како опција?
Поаѓам во Турција за некој ден, но ситуацијата со пожарите ме плаши и паничи. Дали во вакви случаеви агенцијата е должна да ми ги врати средствата доколку се откажам од аранжманот? Малку се неозбилни од Фибула ни а, ни б за ситуацијава... Утре ке им вртам да направиме озбилен муабет.
Го знам ова јасно ми е, ама сега не се нормални услови. Прашувам во случај на ваква природна катастрофа како што се случува во Турција.
Извини касно гледам, каде одиш? Претпуставувам Сиде, Кемер, Лара тој дел. Внеси во City - Antalya, во District - Alanya.
Ти благодарам . А имаш некакво мислење што прашав погоре околу ситуацијава и рефундирање на средствата?
Нема за што. За рефундација немам искуство не знам. Моментално другарка е во Сиде веќе 3-4 ден. Ако треба некое инфо ако сакаш да прашам.