1200€ Хотелот беше хориа делукс мислам…Во Аланја Конакли…Јас старно незнам шо да правам од агенција ми викаат до денес да кажам точен одговор и вие денови да ја уплатиме целата сума… Ми викаат патници идат авионите наши летат…Стварно сум во паника како јас да знам до 14 ти дали ке се исгаснат пожарите …Плус имам некој места шо сакам да ги посетам како Ленд оф легендс и шо ако баш таму неможам да отидам треба само у хотел да седам…Или до 15 ти ако не го исгаснат пожарот свесно да се качам у авион и да идам некаде каде што не е безбедно…Искрено незнам стварно шо да правам незнам …Плус и воЗдухот за дишење не е убав сега таму…а Грција Албанија не ми се иде ич….Хелппп
Здраво Јас вчера се вратив од Аланија.Ти на кое место ќе идеш? Нека не те плаши ситуацијата со пожарите зашто кога одевме накај аеродром вчера ги поминавме сите места никаков пожар немаше ни Сиде ни Манавгат каде што гореше претходно.Се си е ок изгасени се.Уживај во одморот
Препорака за хотел со 5 ѕвезди во Бодрум, Кемер, Анталија и дали вреди да се доплаќа за Ultra All Inclusive? Што спаѓа во Ултра?
Одел ли некој преку ЕТЦ травел за Турција? До сега сум била преку Сава турс и Травити,но оваа год.понудите ми се поевтини преку етц.И воедно пишете ми препорака за некој убав хотел .Никако неможам да се решам каде да одам.
Здраво За хотел со 5 ѕвезди во Бодрум следи ја Лила на Инстаграм и така по цел ден само објавува хаха..Најискрено за местава што ги наброја незнам но знам за еден хотел со 5 ѕвезди во Лара золва ми што беа се вика Delphin Imperial али е скап но беа презадоволни Ултра ти е плус бесплатни увозни пијалоци масажа можеби и тоа
Diamond Premium & spa во Сиде. Прекрасен, модерен, забави секоја вечер. Врвна услуга. Зависи и до колку цена бараш. За овој е отприлика 1300-400 за двајца. Колку е поголем ресортот имаш повеќе забава, шетање, базени. Со алл инк мислам ништо плус не ти треба. Масажи се доплаќаат и со ултра.
Здраво, сакам да прашам дали некој бил во LRS Lake & River Side hotel & spa во Сиде ... Воедно сакам да прашам дали во септември е ладно во Турција за одмор ...
Сакам да прашам за формуларот што се пополнува за влез во Турција, двајца ќе одиме со дечкоми со авион, дали два одделни треба да пополниме или еден и кога се пополнува, најкасно 3 дена пред тргнување? Друго освен пасош, сертификат за вакцина, осигурување и формуларов не е потребно нели?
Фала ти многу! А да не знаеш кога се пополнува, најкасно 3 дена пред тргнување, можам пример една недела пред одење да пополнам или пак треба во текот на последните 3 дена пред тргнување?
Треба најкасно 3 дена пред тргање да е пополнет, можеш и една недела претходно, само си го пишуваш датумот на влегување во државата тоа е битното. Само да не е пополнет помалце од 3 дена пред влез. Нас ни го побараа кога чекиравме карти на нашиот аеродром.
Последните 3 дена пред тргнување. Значи најрано 3 дена пред тргнување да е пополнет. Бидејќи не треба да е постар од 3 дена. На аеродром не те пуштаат горе без да ти е пополнет формуларот. Имаше луѓе и на аеродром што го пополнуваа.
Сега ме збунивте, двете мислења се спротивни, најрано или најкасно 3 дена пред тргнување? Колку што сфаќам на страна пишува во текот на последните 3 дена, така ли им значи ова
Da ne e postar od 72 chasa. Znachi poslednite 3 dena pred poagjanje. Ako trgnuvash na 20ti, popolni na 18ti ili 19ti ili dodeka patuvash kon aerodrom. Dovolno e pdf da go spushtish ili screenshot da napravish, ne mora da e isprintano.
Имате некакво инфо за Анталија во септември? Од Еуросава ништо не знаат,понуди уште нема не знаат ни дали ќе има летови заради ситуацијава..