Здраво Нас од Фубула ни рекоа 1 ден пред да тргнеме за на одмор да се пополни,така и направивме и тоа е тоа.
Одиме за Аланија на 2 септември до 9ти. Ситуацијава за влез во државата многу ме плаши. Јас сум вакцинирана, но дечко ми сеуште не е и под паника сме сега. Од агенција Фибула ни кажаа дека ќе имало организирано тестирање, 17 евра ќе чинел тестот и ќе бил задолжителен. Сега мене не ми е јасно можеби лошо сум сфатила. Нели ако не си вакциниран, прележан во последни 45 дена, и не правиш PCR, ти следуваат 7 дена карантин дома. Исто така ни кажаа дека ако испаднеш позитивен на свој трошок ти е лекувањето во Турција бидејќи остануваш таму.... Има ли некој што оди во септември? Демек одмор, уште 100 грижи испаднаа :/ .
Ние кога бевме на почеток на август само на мк аеродром ни побараа тест, а ако имате во скоро време прележано можеш потврда за прележаност или антиген да правиш. Јас сама си направив во Никоб 1000ден кошта за 3ч го добиваш на меил на мк и англиски. Кога им кажуваш дека е за патување не ти го пикаат до крај на нос како што се прави коа те тестираат туку само на почеток.
Да да тоа точно за влез во друга држава секако треба пцр или антиген но јас прашувам за враќање во Македонија согласно новите мерки што ќе важат од 1 септ..
Дали некој бил во хотел Jadore во Сиде и дали сте задоволни? Во Петок ке тргнувам но уште се двоумам помеѓу хотеливе.
Јас ви предлагам да отидете преку друга агенција ние бевме преку нив и воопшто не сме задоволни од нивната организација.
Може подетално? Сме биле ние 2 пати досега преку нив се си беше океј.. @Rafafa Како бевте задоволни од Ј’адор?
Знам и многу други со нас шо беа го кажаа истото дека претходните години не биле така…Прво идеш на аеродром не гледаш никаков водич никаква група … ајде ок тоа стигнуваш на аеродром у Анталија огромен…и си буквално како изгубен од таму не знаеш на каде треба да се упатиш за да го најдеш автобусот што би те однел до самото место што треба да си…100 влезови излези има…Додека оние што беа со фибула сите си се собираа на едно место водичот си имаше табла а од нашиот авион сите барат како изгубени каде треба да се иде… Конечно го најдовме автобусот водичот таму си стои место да дојде да не пречека од авион… За на екскурзии шо идевме не идевме со водичот не земаа само од хотел турчин возач не остај каде што треба и демек ни рече у 17:00 часот на исто место ок така напраивме а превозот никаде го нема … Водичите од други агенции си ги собираат луѓето ги прашуваат сите околу еден по еден дали се од нивната група… Ги собраа се качија во превозот ние уште чекаме превоз пола саат го чекавме на сонце надвор …И така беше на сите екскурзии…За враќање назад не оставија на аеродром и водичот си замина… Не дај боже да излезе некој проблем немаш на кого да се обратиш…Турците не разбираат доволно јазик..Едноставно те оставаат сам да се снаоѓаш да бараш каде треба да отидеш… Едни 2ца исто со нас со беа и едвај на најдоа горе 10 минути пред да влеземе во авион последни чекирале карта и нормално кој како чекира си оди Ама треба да има водич и сите заедно да идат од место до место а не сам да бараш… тие од фибула водичот не се одели од нив .. И на екскурзиите цело бреме беа во близина шо и да ти затреба инфо или помош имаш кај да се обратиш … алал да им е за организацијата…Јас следен пат би идела само преку фибула…
Ќе одам на одмор во Турција, ама прво ќе одам два дена во Белград па од таму ми е летот, преку српска агенција и се мислам покрај сертификат за вакцина и формуларот не треба ништо друго, страв ми е да не ми прават проблем нешто оти сум влегла и во друга држава, а и за србија истите правила за влез се ко за нас, едино ако ме тестираат по случаен избор, вие шо мислите
Здраво, ние сме на одмор во Турција а треба да си одиме во четврток. И сега треба да се тестираме во хотелот, но ми е страв. Дали има некој кој што се е тестирал во хотелите и како е поминал? Или мислење што да направам?
Не знам зошто би ти било страв, едино ако мислиш дека можеби си позитивна, инаку тест со брис прават сигурно како и кај нас, не зимаат крв или нешто слично, не би требало да е нешто различно
Уф по таа логика да им оди во ќар на хотелот, но распрашај се ако испаднеш не дај боже позитивна да има некаде до близина каде што можеш на своја рака да се тестираш за да се провери или од прва таму тестирај се и готово
Уплативме денес за Алан Џафира преку Фибула. Еуросава испаднаа тоолку не сериозни овој пат.. Нејсе,искуства за таму?
@Bella* Мислам дека ти имаш идено во Алан Џафира, како си била задоволна? Има вифи низ целиот хотел..?
да бев,немам зборови најубаво поминав,имаше wifi насекаде да од собите,до храната од пиле млеко што се вика,базенти,тобогани, спа...до сега најубаво што сум видела
Здраво, да ние се тестиравме во хотелот и поминавме супер. Негативни бевме. Ние одивме преку Сава турс и тие ни рекоа дека во хотелот тестот е 15-20 евра а ние плативме за еден 30 евра. И општо не сме задоволни од агенцијата. Организацијата им беше нула. Значи дефинитивно со нив веке НЕ!