Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одмор во Турција

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од sarah.key, 6 мај 2010.

  1. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    53.109
    Пол:
    Женски
    А на аеродром колку е антиген тест?
    Брат ми има две дози но нема поминато 14 дена, ќе му прават проблем така?
     
  2. ElJo

    ElJo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Не знам за во Турција како е за деновите за вакцина. Ама на аеродромо не можеш да се тестираш како што ми кажаа од агенцијата. Само во хотелот можеш. Ама пак ако сакаш прашај си ти.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Препорака за хотел во Сиде? Или било кое место за со дете од 3 години?
     
  4. Mila987

    Mila987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2014
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Дали има некој препорака за хотел да е на сама плажа, со две мали деца и преку која агенција сте оделе?
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. emceto

    emceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Zdravo feminki, prv pat ke odime vo Turcija na odmor, konkretno vo kemer vo hotelot Armas Kaplan Paradise. So deca sme. Letot e rano vo 5:30 pa sakav da prasam iskustva pristignuvanje vo hotel? Vrakanje od hotel do aerodrom. Primer nie bi stignale vo 7:30 na aerodrom I do hotelot bi patuvale saat vreme moze I dva a vo hotelot moze da vlezeme vo 14 casot pa Kako bi bilo vremeto od pristignuvanjeto do smestuvanjto? I Po izleguvanjeto od hotelot vo 12 casot do zaminuvanjeto vo 20 casot na aerodrom. Be molam za iskustva.
     
  6. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.580
    Допаѓања:
    52.605
    Пол:
    Женски
    Ние лани бевме во Лара.
    Времето на летот, пристигнувањето,приемот во хотелот и одјавување на собата беше од прилика исто .
    Со саат два разлика ,плус минус.
    Ќерка ми имаше 1година
    Тој дел од одморот беше катастрофа.
    Си чекаш во лоби до 14 часот да ти дадат соба. Во лобито 28 степени, не може да е поладно дека надвор некаде над 40 беше.
    Ние едвај некако со врски (маж најде некој од нашиот град што работел таму )па ни средија да ни дадат соба во 11часот .
    Убаво е што ти ставаат алка веднаш на пристигнување и можеш се да користиш, освен собата. Да се бањате во базен, да јадете и сл.
    Ако имаш поголемки деца ова не би ти било проблем.
    Исто и за одјавување мака.
    Цел ден низ лоби шеташ, можеш се да користиш освен собата, а нас баш собата ни требаше, пошто со мало дете.
    Да се бањаш на море или во базен, мораш после туш, не ќе седиш цел ден со сол..
    Алката ти ја вадат штом ти стигне превозот. Значи цело време си со алка ,се користиш ,освен собата.
    Се измалтретиравме многу, а и ќерка ми исто.
    Затоа реков додека имам мали деца така веќе не одам.
    Друго се беше супер, совршено.
     
    На Sesil, SunnyGirl2 и emceto им се допаѓа ова.
  7. emceto

    emceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Ти благодарам за одговорот Кате. Ми беше многу на мисла како ќе биде тој дел со пристигнување и заминување сепак деца од 4, 6 години се...ќе огладнат, ќе заспијат. Ама супер штом може да се користи се друго освен собата веднаш по пристигнувањето. Одиме во јуни па се надевам ќе биде добро.
     
    На MariNina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Jacobana

    Jacobana Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2018
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Ајде малку да ја размрдаме темава.
    Сум била во Турција 2 пати и би одела пак и пак.....
    Ама гледам разлики во цените за аранжмани во ист хотел. Предложете некоја добра агенција со добри цени.... Оти откако ќе појдиш иста е услугата....
    Поздрав
     
    На Ajrinii му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Фибула, еуросава и сава турс. Ама прво гледај ја фибула.
     
    На mssuniquee и Jacobana им се допаѓа ова.
  10. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    53.109
    Пол:
    Женски
    Имам одено неколку пати преку Еуросава и лани преку Фибула. Двете се одлични :)
     
    На Jacobana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    Каде се најубавите плажи и каде е најдобро за пливање? Слушнав дека во Анталија е отворено море и имало бранови големи, вистина ли е? Во Бодрум многу ми беше ладна водата. Предлог место или хотел со широка песочна плажа и мирно море, да не е одма длабоко
     
  12. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.987
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Машки
    Ако одиш во Турција само за плажите, барај сместување во појужните делови на земјата. Таму плажите се песочни (повеќето) и тиркизни.
    Мене ,,Сината лагуна" ми е омилена плажа во цела Турција.
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Jacobana

    Jacobana Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2018
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Во Турција има еден куп хотели.... За плажа тешка работа да најдиш убава. Тоа да бараш да не биди кај хотелите....
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    Сината лагуна кај Фетхие ли е, сега на гугл така гледав, таму какво е гратчето
     
  15. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.253
    Пол:
    Женски
    Се зависи кој месец планирате да одите. Кога е најтопло поготово Јули не би ти препорачала да идеш Анталија- Алања права Сахара. Асвалтот се топеше ние кога бевме .

    А морето беше тополо како чај.
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    Средина на јуни
     
  17. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    Смештај ако знаеш за во близина на таа плажа ако знаеш пиши, преку агенција да е
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.456
    Пол:
    Женски
    Нашиве агенции не организираат тури за тие места иако порано имаше до Фетије, ќе мора сами да си го испланирате одморот таму, па и со сопствен превоз да одите.
     
  19. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    Ништо од тоа, со агенција сакам. Сега па Кемер го загледав Dosinia Luxury Resort ама плажата со камења е и главна улица се поминува или подземен тунел за до плажа гледам на повеќе хотели е така и средина на јуни ми е страв да не е ладно.. Сиде најубаво ми се гледа ама хотел не можам да погодам, не ми треба аква парк, диско, хаос гужва, сакам песочна плажа, да не е одма длабоко и да има некоја приватност изгледа многу барам
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.456
    Пол:
    Женски
    Види го овој
    https://belconti.com/en/home/
    На сама плажа е, во Белек. Ми се гледа песочна дека е.
    За времето, јас преферирам јуни, ние од 12 уплативме. После е многу жешко.
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.