Ако некој бил во Алања ве молам за споделување на искуство, или за хотелот Sealife Buket и агенција ЕТЦ травел
Аланија бев два пати, да знаеш подалеку е од аеродромот, имаш уште околу 2часа возење до хотелот. Морето така така, поубава е и плажата и морето во Сиде. Исто и има каде повеќе да се прошета во Сиде.
Zdravo, jas lani bev i odlicen e hotelot, sigurno vide ne e klasicen hotel tuku kako bungalovcinja se, edinstvena "maana" e sto e malce izbacen od gradot, iskaca na avtopat i nema kaj da se seta osven da si fatite busce. Sobite,hranata i plazata se super
Јас бев лани Анталија во прва половина и беше пекол. Навечер беше претопло по 40°С, а денски да не праам муабет. Исто водата беше многу топла, во споредба со Грција од топло влегуваш во ладна вода, а тука од топло во топло, сосема исто.
Некое хотелче со 5звезди, за средина на Септември за со дете 3години? Буџет 1500еур. Да има занимации за деца, базенче плитко за деца и морето да е блиску со песочна плажа.
Едно банално прашање за тие што биле во хотел со дете што користи адаптирано млеко, даваат некој електричен бокал или треба да бараш да ти грејат вода? Како го приготвувавте млекото за децата?
Во повеќето соби по хотеливе имаш електричен бокал на располагање, прочитај на букинг што се ти содржи собата.
И ние тогаш ке одиме, како ке преживееме не знам гледав на прогноза 40° се надевам дека нема да е многу жешко зошо хотелот е надвор од град па ке дувне некое ветре
Некој да не има идено во Marti Myra Кемер? Ептен ми се допадна па да видам дали ќе ни го сменат во агенција
Здраво ... Хотелов изгледа преубаво. Преку која агенција ви е аранжманот? И Да прашам ... Дали климата е попријатна во Кемер за разлика од др места. Сум била во Анталија и Аланија во септември и жешко е . Годинава можам кон крајот на јули... Температурата е уште повисока тогаш....
Преку Еуросава го има. Ние имаме уплатено но со можност за промена на хотел. Досега не сме биле Кемер, и мн ни се допадна хотелов па изгледа таму ќе одиме. Уф, крај на Јули не само што е топло туку и многу е спарно..
И јас сум втора половина на Јули, само тогаш имаме одмор. Дали некој бил сместен во областа Okurcalar, резервиравме таму,на слики плажата ми изгледа одлично,за жештините ме интересира дали е исто како Аланиа,ако некој бил нека сподели искуство
Dali e sekogas taka? Konkretno hotelot koj jas sakam da go bookiram kleopatra atlas hotel ne nudi takva opcija toa vazi samo za bazenot