1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одмор во Турција

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од sarah.key, 6 мај 2010.

  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Мене пак и Алања и Сиде ми беа прекрасни, немаше јаки бранови, храната беше прилично ефтина, ми се допаѓаше миксот на остатоци на грчка култура измешана со турска култура, плажа, релаксираност. Супер е!
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Незнам како на некои не им се допаднал одморот во Турција. Зависи и на кои места одиш а и во каков хотел се сместуваш. Прво и основно правило кога одиш за Турција земаш хотел со 5* ѕвездички и Ал инкл. и на ништо не му ја мислиш. Имам 3 пати одено, Кушадаси и 2 пати Анталија (Белек и Алања). Презадоволна сум а и оваа година планираме Турција.
    Тој раскош, јадење, пијалоци - коктели, бескрајни песочни плажи, центарот на Анталија неможе ни да се опише.... :x
    Све у свему колку пари толку музика а и зависи што бараш од одмор
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  3. happy23

    happy23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    и јас за ова лето ги погледнав сите агенции каде што имаа арнжмани за Kушадаси и повекето беа од 180 до 200еур со автобуски превоз во хотели со 2 звезди и имам во план таму да одам почеток август 10 дена и парите што би ги дала за авионски превоз или хотели со повеке звездички би ги искористила за повеке тури и повеке шетање,доколку некој лани или прехлани бил во некој од тие хотели со 2 звезди би била срекна да ги слушнам коментарите и советите :D зашто прва година ке ми биде во Tурција а многу ми ја фалеа ;)
     
  4. moni24

    moni24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    121
    Лани бевме во Турција на одмор во Ѓумбет на 1 километар од Бодрум . Прекрасно си поминавме :inlove: по гостопримливи луѓе немам сретнато , само кажи им дека си од Македонија и завршена работа :) одма комшо , комшо ни викаа попусти на секаде (додуша тие се познати по ценкање но и тоа значи) и специјално за Македонците комшо прајз :D многу фини луѓе запознавме по ресторанчињата што одевме и од хотелот каде што бевме и до ден денешен комуницираме на фб така да ви препорачувам да одите таму нема да зграшите , само за Кушадаси некако не ни го фалеа многу и луге и од агенцијата(поминавме и од таму да го видиме но плажите се на еден крај а хотелите на друг , но има хотели и со сопствени плажи но тие се мн скапи) .
    Ние бевме со кола авантуристички :) екстра беше :inlove:
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Прочитав коментар назад дека Мармарис бил село,а мене не ми остави таков впечаток туку баш напротив на одлично и комплетно средено туристичко место добро за млади луѓе. Многу поголемо и поубаво од други туристички места. Одбравме хотел кој не беше луксузен од со 3* (со авионот не чинеше околу 400 евра), но сепак добар, со доручек и вечера, блиску до плажа, блиску и до центарот и се покажа како многу одличен избор. Храната прилагодена за наш вкус, немаше овчи меса и не знам какви лоеви, туку шведска маса со по 3 главни јадења секој ден различни и стално се наоѓаа нормални работи што вообилаено си ги јадеме.
    Лежалки и чадори не се плаќаат по плажите, цела обала е со кафичи-ресторани кои работат цел ден и има богата понуда на коктели за 2-3 евра.
    Климата во местото е исто супер, не беше влажен воздухот и посебно навечер беше многу пријатно, баш за уживање надвор. 8)
    Пешки можевме слободно да одиме до стариот дел од градот и марината покрај која има супер ресторани. Во стариот дел има улица со топ дискотеки и барови и влезот е бесплатен така да можете слободно да си ги шетате сите и во сите има супер журки. :rock: Акваленд,продавнички,џиџимиџарници,Бургер Кинг и Мек Доналдс ресторани...чим не сакавме да си одиме дефинитивно проводот ни беше ретко добар :)
     
    На Annath и mynameislove им се допаѓа ова.
  6. Panki.Friik

    Panki.Friik Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    12
    Јас сум била неколку пати во турција и не ме воодушевило нешто мннн!!
     
  7. marince87

    marince87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    160
    И со право ти ја фалеле :)) Турција ти е приказна за страста. Сум била Кушадаси 2 пати и сега на 25ти ќе одам пак. Преклани бевме сместени во хотел во центар со 2 ** Атли се викаше. Хотелот нема да познаеш дека е со 2 **. Кај нас македонштинава ќе направи базент и ајде со 5 * хотел. Собите мали но уредни, со тараса, секој ден менување на постелнината и чистење. Поручекот е маргарин, домат, краставица, зденка, маслинка, чај или млеко или кафе. За Памуккале обавезно да појдеш, зашто за некоја година ќе го нема. Јас бев преклани и кога го видов се запрепастив- значи врска немаше со тоа Памуккале што јас го знам кога бев мала. Вреди да се посети, заедно со тоа имаш и ручек во хотел со 5 * и капење во термални базени - мислам дека некаде околу 25-30 евра сето заедно со се превоз до Памуккале чини. Ефес не го посетив преклани, ама го имам и него посетено- јас сум манијак за такви работи, обожувам ископини и се соживувам со нив е сеа малку ќе ти биде жешко и напорно ама ќе издржиш, тоа е околу 40 евра. Бевме и на крстарење на диви плажи тоа е околу 15 евра, ама не ме фасцинира многу, очекував многу повеќе :| Јадењето е ефтино, не знам зошто некои не го бендисуваат, секако дека турската кујна е многу вкусна особено пилешкото месо е прсти да излижеш. Па какви специјалитети имаат со компири мммммммм... Гиро со пилешко месо беше отприлика околу 2 евра, алкохолот поскап околу 5 евра, цигарите исто така околу 5 евра. Прашај што сакаш, дури сум тука ќе ти помогнам :) Поздрав :hai:
     
    На Annath и macalavica им се допаѓа ова.
  8. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    ЕЕеее и јас преклани бев во Атли хотелот :lol: Прекрасно си поминавме ептен сме задоволни од услугата, а и хотелот не беше лош.
     
  9. happy23

    happy23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    лелееее фала во многу :D јас веке си уплатив во хотел озгам со две * за на први јули,ако има некој информација за тој хотел ке бидам пресреќна.Tуку планирам да носам лап топ ама ми кажаа дека сефовите биле мали само за пари и накит а ми е страв да го оставам во соба слушнав разни приказни за кражби а не знам како иде и процедурата за на граница да не треба да го пријавувам и слично?
     
  10. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Баш ти е неопходно да одиш со лаптоп на одмор? Сефовите точно обично се мали, а јас лично едвај чекам да се отарасам од компјутер кога сум на одмор, па уште и да му берам памет да не ми го украде некој...не фала. Инаку нема потреба да го пријавуваш зошто е твој личен и го користиш.
    На аеродром кога сум носела ми го поминувале низ скенер само, посебно ставен во корпа кај што се поминуваат и другите работи што се носат со себе и тоа било тоа... Првиот пат кога носев така кога поминав покрај царината им кажав дека носам личен лаптоп, да не треба да пријавам и ми рекоа не треба.
     
  11. happy23

    happy23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    ок фала многу и јас мислам тогаш да не го носам,највеќе мислев поради музика и малку занимација во автобус неколку саата ама некако ме фати страв и се предомислив
     
  12. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Ти одиш со автобус, а батеријата тешко да ти го издржи целото патување зошто не е кратко, така да после ќе ти биде повеќе терет отколку разонода. Подобро слушај си музика од мп3-4-ка, телефон или нешто сл. Не мора да значи дека нешто ќе му се случи ама туристите се стално мета на кражби, иако баш во Турција бев сведок на оставање на телефони, апарати и други вредни работи на плажа и никој ништо не им чепкаше со саати. Се чудев како оставале така по 2-3 саати и си отишле луѓето некаде дали на ручек, дали на кафе..
     
  13. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    да не знае некој колку пари чини повратна карта до кушадаси со автобус? :?:
     
  14. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Од Велес до Кушадаси беше 85 евра повртна
     
  15. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    Jas godinava planiram da odam vo Kusadasi na odmor,,, ve molap preporacajtemi nekoj hotel vie kade sto ste bile prethodni godini .... plsss :hai:
     
  16. AngelGirl

    AngelGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    78
    Девојки има некој одено во Кушадади во Екин Хотел или Хотел Албора ?
     
  17. Lady90

    Lady90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    7
    Зависи преку која агенција некаде е 70е некаде 80е

    И јас летово ќе одам во Кушадаси. Тие што биле кажете ми дали примаат евра таму или треба сите пари во лири да ги сменам? И како стојат цените за лежалки и излегување ;)
     
  18. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Евра не примаат, ќе мораш да менуваш во лири. Курсот лани отприлика беше околу 2:1 (лири:евро).
    Инаку не знам дали е низ цела Турција исто ама во Мармарис на плажите лежалките и чадорите не се наплаќаа. Имало само некои поединечни плажи каде што се плаќале ама вака во глобала каде и да се решиш да одиш на плажа, беа бесплатни.
     
  19. StefiNikola

    StefiNikola Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    57
    Има некоја да оди за Кушадаси од 20ти Јуни? :D
     
  20. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Во Кушадаси на сите плажи си се наплаќаат лежалките од 10 до 15 лири лежалка со чадор. Инаку наплаќаат и во евра ама при наплатат и враќање на кусур ти секако си во загуба затоа едно пристигнување одма си замени во лири. Комбенацта што возат до плажите коштаат најразлично во зависност од далечината на плажата но се движат од 1,5 лири до 2,5 лири.