Ние кога бевме во Грција на одмор, си носев термос, насабајле и поручек одев на шанкот на плажата без проблем ми ставаа топла вода, а ако снемав преку вечерта одев во кујната. Најдобро е да си прашате на самото пристигнување, ние така направивме пред да ни го дадат клучот, вработените се јавија во кујната и шанкот на плажата и без проблем дозволија.
Jas dve godini po red odam vo oktomvri i toplo e kako vo leto, temperaturata e 30tina stepeni taka da i moreto e toplo
Лелеле и мене ова ме мачи Многу летови имам поминато и по 10 саати и пак ми е страв Најмногу ми е гадно кога слетува надоле и ќе слетаме и кога ќе станам нозе ми се тресат некако.. и се мислам ќе ми се слоши или нешто ќе ми се деси или при полетување кога се искачува или не дај боже турбуленции.. а околу мене гледам мајки со деца викам боже како им е тешко и за деца се грижат а јас едвај себе се носам а и од гужва на аеродром и чекање во ред ми е мака, лани летав преку ден и во Бодрум премногу гужва имаше на аеродромот за назад, се надевам сега за Аланија дека ноќни се летовите нема да има толку гужва.. ауу забегавме у друга тема со мислењево ама ете некако поврзано со одморот во турција
Во сите хотели би требало да има но за најсигурно можеш да си провериш на самата страна на хотелот во кој ќе бидете сместени што се има во собата . Таму детално е опишано. Во некои буквално ни четка за заби не ти треба има комплетно се. А секако додека сте на плажа во баровите ќе ви направат услуга за да можете таму да го приготвите млекото. Зависно од хотелот ама дефинитивно нема промашај во секој поглед.
Хотелот што го гледав на Фибула го дигнаа за два дена од 1733€ на 1914€, а датумот е за 3 месеци од сега. Со кои други агенции сте патувале ама да не продаваат аранжмани на Фибула?
Не сум сигурна но мислам дека сите продаваат аранжмани на Фибула. Знам дека они ја држат Турција. Е можеби Савана и Аурора да имаат свои аранжмани, но не сум сигурна. Овие помали агенции препродаваат само.
прашањево може е малку глупо но некој ако знае да ми одговори дали во хотеливе што ги нудат агенцииве за турција има свинско или се е пилешко, риба ?
Здраво. Препорачајте ми место во Турција кое е добро за пар и колку сте платиле исто и туристички агенции преку кои сте оделе.
https://www.tripadvisor.com/Hotel_R..._Beach-Kemer_Turkish_Mediterranean_Coast.html Искуства со овој хотел? И општо одмор во Кемер во август?
Искуства за Marti Myra,Kemer,или генерално за Кемер?Планираме од 11ти Јуни,не би требало да е претопло,за со дете 2год.
Nıe ıdeme na 11 Junı tamu Hotelot e odlicen i nudi mnogu aktivnosti ı vo agencıja nı go pofalıja, edvaj cekam da ıdeme.Mıslam deka kje nı bıde najdobar odmor do sega. Hotelot e cel vo zelenılo, ima mnogu ladovina od šumata. Bi bilo okolu 30 stepeni kako sto gledav prognoza. Plus za deca ıma mını Zoo, ıgrotekı , kuglanje tenis, restoran za deca