Па да одиш толку далеку, 20+ часа пат, и да не е апартманот до море? Пред 3 години се беше со пониско цени, од што ке живеат газдите на хотели? Ол инклузив.
Ама сите апартмани и хотели кои се нудат во Турција излегуваат на море? Ако мислиш за Савана, тоа е туристичка Агенција...
Ама не се до море. Треба со превоз да одиш до море. Нема поента да се возиш до Кушадаси за пак да се возиш до море од апартман. Истото во Грција го има. За иста цена.
Земете проверете колку е авионска карта до таму, проверете колку е само хотелот сместувањето и видете дали агенциите претерале. Јес да цените се покачени, ама се е покачено и нормално ми е и цените да се преку агенции покачени. Истиот период лани кога бев, во истиот хотел сега цената е за 350евра повисока. И што вика @MilaSs12 да се возам до Турција и да не ми е хотелот на плажа да давам плус пари за превоз секој ден за на плажа ми е без везе. 1 евро беше до центар лани ( на 7км бев од Центар на Сиде) па, со тие пари секој ден да се зрпам до плажа и после до Центар да слагав ич не би ни одела. Јас сакав и сакам ко ќе станам сабајле да натнам купачите и да слезам одма на плажа, не 30мин возење, па ко ќе ми здодее качи се одмори, после пак. Па лежалки се плаќале или не, храна да мкнам по мене, ноу тенкс. Ама добро, секој со изборот и приоритетите.
Членката мисли на превоз со автобус. Со авион е напорно а не пак 20+ часа да се клацкам до таму. Таков тип на летување има во Грција па и Албанија. Со тоа што имаш апартмани на 5 мин пешки до плажа.
Доста далеку е од Сиде, постар хотел и плажата е камен. Секогаш читајте гугл ривјус и трипадвајзор или бар гледајте слики.
Дали некој бил во Side Royal Palace или Side Royal Style ? Каква е разликата ? На рецензиите има подобра оценка вториот. Дали и двата хотела иста сала за храна користат ? Ве молам искуства
Zdravo na site sakam da prasam nesto vo vrska so turcija dali nekoj ima informacija kolku e bezbedno da se odi bidejkji imase po vesti za napadite od strana na iran vrz turcija