Прочитав негативни рецензии,тоа било пред една недела имало стомачни вируси во хотелот, сепак сакам во градот,не понастрана.
Јас резервирав во Ramira Joy, во град е. Е сега не е ресорт, градски хотел е, помал нормално, ама доста добри рецензии има на Booking, Tripadvisor... Не сакав голем хотел и сакав во град, па овој е добра варијанта. Околу 800м од центар на Аланија.
Здраво заврши мојот одмор Мармарис прекрасен град, чист безбеден и убаво уреден. Патувавме со кола, 14ч одлично поминавме, хотелот екстра.
Здраво се двоумам помеѓу Хургада и Бодрум во септември во Хургада сум била во Бодрум не сепак во рангот на цените гледам дека хотелите Хургада се доста пораскошни, мојот партнер не бил ни таму ни таму ама никако да се одлучиме. Совет искуство...?
Ги гледав сликите и ги читав критиките за овој хотел,(нема плакар за облека,само штендер),е сега ме интересира ова... Значи сами си најдовте сместување преку букинг претпоставувам (без агенција претпоставувам,како функционира превозот од аеродромот до хотелот,сами ли си плаќавте бус или такси, сепак Аланија е многу оддалечена од аеродромот),а преку агенциите се има можност и да се осигура аранжманот од отказ ( се плаќа некој процент "за не дај боже"преку осигурителна компанија)...и што ако надминува куферот над 25 килограми, тоа не може да се предвиди кога се купуваат авионски карти (па сите ли носат мали куфери на одмор )...и дали и авионските карти сами ги купувавте кога во исто време и го резервиравте хотелот?
Преку Фибула уплативме, летаме на 28.8. Така да не можам ништо да ти одговорам. Знам дека и двајцата имаме по еден рачен и еден чекиран багаж.
Ние уплативме во Bendis Beach во Бодрум на 25.08. Има ли некој што бил таму да сподели искуство? Прв пат ќе летаме со авион јас, маж ми и ќерка ми (19 месеци) Отприлика колку трае летот? Во 5 саат сабајле е, многу ми е страв како се ќе помине, се надевам дека ќе спие
додека се дигнете во облаци ќе слетувате,многу кратко трае летот саат време,опишти се и уживај,многу блиска дестинација е и не би требало да се плашиш и многу подобра варијанта од кола,безбедна и сигурна,се надевам дека убаво ќе си поминете на одмор и спреми се баш за тропски горештини
Дечки како што гледам сите хотели се одалечени од градот. Има ли често превоз од хотелот до градот? Препорачајте што да се посети во Аланија и околината.
Во Мај (здравје боже) сакам да одам на неколку дена во Истанбул.Кажете ми со која агенција да одам и на кои хотели да обрнам посебно внимание за сместување?
Zdravo gi gledam jas sega ponudite sto se so early bookung i toa ne se kojznae sto popust turcija antalija za letovo 2023 mnogu poskape od minatite godini.Imase ponuda na fibula i sega sakam nekoj sto bil ili slusal za ovie dve hoteli se mislam kremlin palace vo lara, i vo side ovie Royal Alhambra ili Royal Dragon? Ili ako imate primeteno ili ste bile vo nekoj hotel imate dobro iskustvo spodelete kje ve zamolam. Jas vo Lara sum bil i vo Belek, ama Side ne nikogas.sakam nesto za deca da ima kako luna park navecer za decava mi se 4 i 8 godini zasto koga bev vo Royal Seginus vo Lara vo 2019 imase toa i mnogu ubavo pominavmr no ne sakam dva pati na isto mesto.
Поскапени се. Во споредба со 2021 кога уште беше корона, лани цените така и така, ама оваа година бааги скапо. Брат ми беше 2021 во Сиде, види Луна Бланка хотел, беше задоволен. Тогаш платија по 560 еур од 10.09. за 6 ноќи, сега истиот период тој хотел е 750 еур.
Ај и јас да прашам препорака за место/хотел во Турција, од некој што веќе бил и го препорачувате. Битно ми е за децава да има занимации, аква парк, да е блиску плажата, и морето да не е многу брановидно. Читав некаде имало многу ветер и бранови, не запамтив каде. Немаме одено таму на летен одмор, и ништо не знам околу местава. Знам дека е жешко, ваљда има некаде и попријатна клима, пошто сме алергични на сонце. Па супер би било да споделите малку повеќе за мојава дилема единствено што знам е дека би оделе крај на јуни со Фибула
Тој период станува доста жешко. Идеално е август втора половина. Ама и доста скапо. Тогаш е ептен сезона. Ако сакаш ке ти пишам во приватна порака каде бевме, ама плажата не е ништо посебно. Доста е длабоко и имаше бранови. Сиде инаку.
Од Аланија Кемер и Сиде најубаво ми беше во Сиде. Има каде и да се прошета ептен убави песочни плажи, Аланија исто. Кемер најмалце ми се допадна, мислам ресортот беше преубав и се шуми околу него но сепак од таму не мрднавме, освен уличка со аптеки и маркет др не видов.. А дали би се осмелиле да тргнете со кола? Сакаме таква авантура годинава, неколку дена за Истанбул па за Бодрум. Таму сакам годинава.. Или најдобро да си гледам дирекно за Бодрум чартер лет..
Каква кола мајка??? Јас син ми до Албанија едвај го анимирав да не излезе од седите, газето го болело. Плажата во Сиде е топ, убава, широка, песок, секоја вечер ја чистеа, хотелот на сам плажа ни беше, ама морето ич не ни се допадна. Грција не ја менувам.