Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одмор во Турција

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од sarah.key, 6 мај 2010.

  1. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.777
    Допаѓања:
    53.110
    Пол:
    Женски
    @MilaSs12 Минатата недела бевме до Солун, абе од дома презаспаа дури во Космос станаа :) Назад уште поубаво уморни беа.
    Моите од бебиња се научени, се по автопати се :D Ние често идеме до Истанбул со кола, е сега на два ума сме за Бодрум..

    Јас па Турција не ја мењам, евентуално за Шпанија би ако имаме понуди годинава. :D
     
    На marlonbrando69, slimy, Aschenputtel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.349
    Допаѓања:
    26.214
    Пол:
    Женски
    Ние бевме лани мајка на таква авантура, интересно ама мачно
    Мислам дека мене појке ми се смачи од патот отколку на децата
    Малиот помал беше и појке спиеше
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.662
    Допаѓања:
    18.298
    Пол:
    Женски
    :rofl: Ако сте биле, направете пауза неколку дена и правец Бодрум.
     
    На t.a.m. и mssuniquee им се допаѓа ова.
  4. Lili4e

    Lili4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.555
    Пол:
    Женски
    :bow:
    Не знам дали Сиде, Кемер или Бодрум? Колку повеќе читам, само ми се менува мислењето. Еве Анталија ради жешкото ќе ја тргнам, ама па и плажата битна ми е, морето. А кемер борова шума, палми и тоа убаво… за анимации, аква паркови, чистота,луксузен хотел се тоа мислам секаде го има, или се лажам? Од агенција ми пратија 25 хотели да разгледам
     
  5. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.777
    Допаѓања:
    53.110
    Пол:
    Женски
    Da akva park cıstota golem ızbor na hrana ı anımacıı ımas vo sekoj hotel so 5* .. Kemer bese mnogu ubav cıst vozduh no da se proseta okolu nemase nısto, ılı resortot bese vo nekoe selce :D Bodrum ne sum bıla, planıram godınava da go posetam:)
     
    На Aschenputtel и Lili4e им се допаѓа ова.
  6. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.494
    Допаѓања:
    3.972
    Пол:
    Женски
    Ако ти е битно море ондак Бодрум . Ние бевме минатата година. На Егејско море ти е. Другиве ти се на Средозмно а тоа море воопшто не се споредува со Егејско :)
    Плус имаш кај да шеташ а има тури и до грчкиот остров Кос.
     
    На Lili4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.524
    Допаѓања:
    201.567
    Пол:
    Женски
    Ние летоска бевме во Белек, од 12 јуни, една недела, тоа време е таман, да не е многу жешко. Бевме во Белконти, ми се допадна, не беше голем хотел, ама на сама плажа беше, со доста зеленило, посебен дел за деца како детски клуб и имаше тобогани, ама аква парк не баш. Плажата беше супер, песочна, чиста и пространа, морето од сабајле мирно, попладне со бранови, ама убаво беше.


    Бевме еднаш до Кушадаси со кола од Скопје, напорно беше, ама брзо се стига, оти генерално е автопат. Два дена патувавме, со тоа што тргнавме рано утрото од Скопје (чекавме доста на грчка граница оти имаше многу гужва, многу наши одеа на продолжен викенд), вечерта преспавме во Чанак Кале, утрото ја посетивме Троја, и некаде накај 14 часот бевме во хотелот. Со едно дете од 4и пол години бевме, издржа, ама цел пат занимации имаше. На враќање некако ми беше понапорно, а истиот пат, само што тогаш преноќивме во Галиполи. До Бодрум има сигурно уште неколку стотина километри, мислам дека би било ок патувањето. Ама ти си знаеш со децата, како поднесуваат возење. Ако издржуваат до Истанбул, мислам дека и ова би го издржале, само да не одите во јули и август.
     
    На Lili4e, minne992 и mssuniquee им се допаѓа ова.
  8. Jana87

    Jana87 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2016
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    6.406
    Пол:
    Женски
    Ја отворив темава за инфо за летово па дури сум тука @Lili4e да ти кажам лани бевме во Бодрум од 23јуни со две мали деца супер поминавме. Летот е краток 1.15минути, од аеродром до хотел зависи каде сте сменети ама организирани се. Климата е супер бар за мој вкус, цело време пирка ветер баш е пријатно е сега еден ден се погоди баш да е појак па се врткавме околу базен..инаку вечер спиевме без клима. Ние бевме сместени блиску до Тургутреис и секоја вечер шетавме некои 15/20 минути пеш. Плажата беше ок ама плиткиот дел е краток не е како Грција пример како што има на некои места. Чиста е водата, само тој период е малце поладна, Егеј е, не е чај како што викаат пример за Анталиска регија. За со деца ако сакаш анимации Vouge hotelot види го, останавме патници од групата таму јас подзинав, поголемиот да беше буден сигурно ќе плачеше да слезе. Има огромен аква парк, има Дино парк, Луна парк, тоа видов до влез на хотел додека се спуштаме да ги оставиме патниците, за плажата го имаше кај Лила на сториња лани, види и хајлајтс. Ние бевме во Sundence Resort ок е ама па баш дека е 5 звезди не би рекла, сега фибула го нуди како Arin Resort , сликите се истите од лани како што беше, дали е нешто сменето нз. Ама го има најубавото зајдисонце дефинитивно. До него е La Blanche одма од надвор ок впечаток подобар од нашиот хотел ми остави, секоја вечер имаа добри рок свирки кога миневме на враќање и тоа. Толку ми текнува ако имаш нешто конкретно прашај. Во прилог ќе ставам слики од плажата, инаку лани ја имав истата дилема како тебе дали Сиде, Белек или Кемер и на крај маж ми го избра Бодрум ради географската положба :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    На Zumbulce9, CareTee, Lili4e и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Lili4e

    Lili4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.555
    Пол:
    Женски
    Фала на одговорот. Преку која агенција бевте? Пробав да ти пишам лп но не можам
     
  10. Jana87

    Jana87 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2016
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    6.406
    Пол:
    Женски
    ти пишав јас белки е успешно
     
  11. slimy

    slimy Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    1.450
    Пол:
    Женски
    Препорака за добра агенција за поволна понуда за турција?јас бев со еуросава, и етц травел, друго не сум пробал.гледам фибула има покачени цени.
     
  12. Giinna

    Giinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    4.248
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира со која агенција бевте, во фибула цените горат, во ескејп травел најдов две хотелчиња што ми се свигаа ама оценките и коментарите за двата беа страшни
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.524
    Допаѓања:
    201.567
    Пол:
    Женски
    Сите се покачени, без разлика со која агенција ќе одиш. Фибула, Еуросава и Сава турс се тие што имаат најмногу аранжмани за Турција, ама каде има најповолни цени, не би знаела. Другите агенции мислам ги препродаваат нивните аранжмани, па цените се тие. Ако начекате попуст за рана резервација или евентуално за вон сезона кога нема гужва, може да поминете поволно.
    Ама генерално, за разлика од лани, цените се прилично покачени, не само за Турција, за секаде.
     
    На slimy, Aschenputtel и mssuniquee им се допаѓа ова.
  14. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    7.994
    Пол:
    Женски
    Јас сум задоволна од Фибула, лани бев во Аланија. Инаку да, сите се покачени. И Аурора и Савана гледав, тука некаде се цените.
     
  15. slatkacicata

    slatkacicata Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2020
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Жени, какви се цените во турската ривиера?
    Сакавме да резервираме Хрватска како и секоја година, но тие ги удвоија/тројно ги зголемија цените, па не одиме во Хрватска.
    И не е дека имаат причина да го прават тоа, мислат со евро валута можат да си постават каква цена сакаат.
     
  16. Jana87

    Jana87 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2016
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    6.406
    Пол:
    Женски
    Со Савана, лани малце поефтино излегуваше со нив во однос на Фибула. Инаку точно е дека сега сите цени се покачени во однос на лани од тоа што разгледував
     
    На Giinna и Aschenputtel им се допаѓа ова.
  17. Jana87

    Jana87 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2016
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    6.406
    Пол:
    Женски
    Кога ќе бараш хотел на страните на агенцијата избери број на патници, возраст на деца ако имате, дата на патување и број на ноќевања и ќе ти ги даде со точна цена сите хотели
     
    На Aschenputtel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lili4e

    Lili4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.555
    Пол:
    Женски
    Ние резервиравме преку Фибула, во Кемер. Имаше попуст за Валентајн, па искористивме. Инаку за истиот датум, исто место поскапо ми кажаа во Етц и во Еуросава. Прв пат одиме, па ќе видиме
     
    На Aschenputtel и mssuniquee им се допаѓа ова.
  19. Butterfly1212

    Butterfly1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Да ми препорачате хотел на плажа со плитка убава вода и без бранови.Сум била во Аланија не ми се допаѓа поради брановите. Каде нема бранови?
    Какво е во Бодрум?
     
  20. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.349
    Допаѓања:
    26.214
    Пол:
    Женски
    Најдобрата плажа е во Бодрум
    Тивко мирно незапурно за со деца прекрасно
    Нема да згрешите ако одите таму
     
    На Butterfly1212 му/ѝ се допаѓа ова.