Здраво ве молам споделете хотел во Грција или Турција за одмор за двајца во Август. Буџет 1000-1200€...
Ве молам искуства со хотел Asia Beach resort & spa во Аланија од 23.07 , како е плажата таму ? Таму ќе бидат кумашините па сакаме и ние да идеме таму со 2 годишно дете? или да барам друг хотел во Анталија од 13.08
Ramira Joy во Аланија. Или Ramira city, тој е само за возрасни, над 16. Во град се и двата, подалеку од плажа, ама комбиња редовно до и од плажа. Храна супер, се чисти секој ден, и вработени љубезни. За тие пари, види во Фибула нека ти предложат или на веб страната, има филтри според буџет, термин на одење, колку ноќи и сл. И ќе ти излезат предлози. Одбери Турција, подобра е во секој поглед. Мој совет
Зошто? Јас за море отидов и беше полошо од што очекував. Се останато беше профи, кој оди за тоа, нема да направи утка.
Калитеа е буквално една улица. За море и да одмориш да, а за шетање стварно нема што да се види. Кој може да си приушти Турција е подобар избор дефинитивно.
Ако бараш изобилие од храна и базени да, добар избор е Турција. Ама морето е под просек, не е тоа што јас сакам. Ние можеме да си приуштиме ама не ни со допаѓа. Годинава пак ке одиме во Грција.
Кој што сака така и бира. За море, Грција да. Калитеа беше и топло, плитко на почеток, чиста вода. Ама, скиснав од досада. Нема што да се види во тие места. Јас не одам само за морето. И не сум некоја пливачка, а и немам желба по цел ден да лежам на плажа. Сакам да шетам и да го разгледам градот, да посетам други места. А Турците за гостопримство се број еден.
Ако си без деца, имаш острови, имаш Црна Гора, Хрватска. Барем ние пред синко имавме активни одмори со шетање на повеќе места. Плус многу е битно дали си со дечко каде си плаќаш сама свој дел, дали си во брак и дали си во брак со дете. Пример, по човек за 700 евра ке одиш фул во Турција 10 дена, јадење пиење, можеш во градовите да шеташ а превоз е преевтин. Плус ке си избереш хотел само за возрасни, журки, алкохол, нели ако те занима тоа. Овде добар дел се мајки со деца, а за дете над 2 години плаќаш карта авионска од 200-250, па ти пресметај за фамилија колку е. Ти на одмор одиш за деца, да дишат од тој воздух, а не хлор од базени. Генерално во Грција на краци е истото секаде, само плажи различни.
И јас би ја одбрала Турција пред Грција, и морето е супер, никогаш не се бањаме во базени, исклучиво во море и секогаш бираме хотел што е на сама плажа, да е убава, а ги има голем број. Колку и да е поскапо (а не е баш, јас со две деца сум, едно од 12 години) повеќе ми се исплати Турција отколку соседниве земји. Тие хотели во Турција се поповолни за семејства со деца, оти реално многу е полесно кога не се замараш за ништо, оти сепак си на одмор и сите уживате. Мене лично егејскиот дел од Турција не ми се допадна поради морето, ама тоа не е причина да плукам по нив, оти многу убави одмори имаме истерано баш во Турција, и притоа доста шетавме, со мали деца. Грција е прескапа, преценета, морето не ги пере, колку и да е убаво. Не би одела таму, ама годинава немаме баш избор заради неповолни дати за одмор, па ќе одиме на втор крак, среќа најдов солидно сместување на сама плажа по нормална цена. И тоа одиме само поради тоа што сакам децата на море да ги однесам, секако во Охрид ќе си бидат поголем дел од летото.
Ако не ти е проблем, прати ми од кои хотели си задоволна. Ние бевме во Сиде, по препораки од задоволни пријатели кои биле таму плус од агенција кажаа дека таму е најдобра опција со дете. Плажата е одлична, широка, песочна, одржувана. Ама морето беше длабоко на 2 метри преку мене веќе беше водата, имаше огромни бранови во некои денови. Пак ке кажам, синко не ни влезе во море, а ни јас не се бањав многу. Ние плативме малку под 2000 за хотел на сама плажа, а во Грција никогаш не сум потрошила толку. На одмор никогаш не готвам, јадеме надвор или на плажа. Кој оди за јадење и пиење и целосно да одмори, да, Турција е прав избор. Ама кој бара убава плажа како мене, тогаш Грција.
Нас секогаш ни е приоритет плажата, според тоа бирам хотел секогаш. Лани бевме во Белконти ризорт на сама плажа во Белек, не е голем, ама супер беше хотелот и морето беше одлично. Во Кушадаси бевме во Батихан, исто на сама плажа, не ми се допадна морето, ама одморот беше убав. Одличен хотел ти е исто и Spice Hotel во Белек, на истата плажа со Белконти. Лани плативме околу 1500 евра за цел аранжман, двајца возрасни, две деца (11 и 5 години), што ми е сосема ок. А хотелите во Грција се ем поскапи, ем со полоша услуга, со дополнителни трошоци во самиот хотел кои вообичаено ги нема во Турција. Не одам за јадење и пиење, одам за одмор. Исто одам за одмор и во Грција, таму не готвам, без разлика што има кујна во апартманот. Плажата ми е секогаш најважниот дел од одморот, без разлика каде одиме, и секогаш бирам хотел според тоа.
И ние си поминавме одлично, не кажав дека било лошо. Ако ме прашуваш дали вредело за парите, ке кажам зависи од преференци. Освен морето се беше топ. За наш вкус беше прескапо. Во Грција во хотел никогаш не сме биле ама секогаш наоѓаме апартмани за пристојна цена, за 10 дена од 300-500 евра, зависно од период. Хотелите што ги предложи ми дава сега дека се над 2000 евра за 9 ноќи. И лани и сега, се што е на плажа е над 1800-2000 евра за 2 возрасни, плус не ми ја предметува картата авионска за дете, значи уште 200-250 евра. Во Грција никогаш не сме потрошиле 200 евра на ден, колку што излегува во Турција.