Седум дена. Толку се доволни, секако. Супер ако наоѓате апартмани за таа цена оти одамна нема ништо толку евтино во Грција. Јас одвај најдов апартман на сама плажа по нормална цена во јуни, ако 77 евра од ноќ е нормална цена за четворокреветен апартман (а директно кај газдата е 120 евра од ноќ за истиот период). Пред ковид за четворокреветен апартман плаќавме 80 евра од вечер, ноќевање со појадок, сега го нема тоа. Секаде е поскапено, и Турција лани беше прилично поскапо од претходните години заради пандемијата, големата инфлација, општо секаде е сѐ покачено.
Брат ми беа лани за 1500 ама 6 дена,јас од тие 2 дена ги отфрлам, прв ден и последен ги немаш , значи ефективен одмор е 4 дена,а плаќаш преку 200 евра ден. ,тоа е скапо, а за нас пак лани ни нудеа аранжмани преку 2500 еур во јули,па бевме Хрватска.
Јас најдов повеќе опции со цени до 50 евра за апартман со 3 кревети. Со 4 се поскапи за некои 5 евра. Во Грција со сместување од да речеме 50 евра ноќ до 200 евра имаш 150 евра, што се многу пари. Мене со мое трошење ми излезе многу поскапо во Турција. Сооднос пари и квалитет не добив. Грешка си. Ги искористуваш сите денови. Летовите се доцна ноќе/ наутро. Натаму летот ни беше во 3-4 наутро и во 9 бевме во хотел. Собите не беа спремни, ни покажаа каде да оставиме куфери, ни дадоа пешкири, храна и пиење не е проблем, веќе во 12 бевме во соба. Последен ден се одјавуваш во 11, а автобус за аеродром имавме во 10 и пол навечер. Крпи храна се можеш да користиш, дури и во сауна се бањавме со чиста вода во купатило.
Сите денови ги искористивме до максимум, оти летовите се ноќно време. Сабота навечер тргаш, недела рано наутро си во хотелот, одма користиш услуги од старт. Последниот ден до крај си таму, иако порано ја напушташ собата, сепак остануваш во хотелот и си одиш на плажа, на ручек, се тушираш, имаш место за одмор, ама буквално се. Мене ми беше проблем што летовите каснеа, инаку е добро.
Во ред, јас лично не најдов за јуни ништо под 80 евра на лице место, и тоа 80 евра се четворокреветни апартмани што се подалеку од плажа и преку пат. За тие апартмани ни 50 евра од ноќ не би дала, ама тоа сум јас.
Многу зависи и на кои места бараш. Јас тоа што гледав по прифатливи цени беше на прв крак или Тасос. Втор крак се беше изгор над 70-80 за 2 возрасни. Сума сумарум зависи од очекувањата и потребите. До сега никој не се пожалил од Турција ама еве ние не сме презадоволни.
Јас така си рачунам секогаш за било каде. Прв ден си уморен, последен веќе заминуваш и не ти е паметот во одмор. Еве во 03 ви бил летот значи во 01 сте биле на аеродром, а сте се сместиле во соба во 12 ,тоа се скоро 12 саати без спиење и првиот ден мора да одмориш и преспиеш зошто ретко кој спие во авион. За мене не е искористен ден. Од тие причини под 10 дена на одмор не одиме,а десет дена со големи деца сега веќе нема под 3000 еур. За тие пари има подобри дестинации.
Да, не паметам точно во колку беа ама ноќен лет беше, али не е битно дали 3 дали 5 наутро, знам само дека во 9 бевме во хотел. Плус претходен ден во спремање ти поминува. И јас затоа сакам барем 9 ноќи или повеќе, а на втор одмор ако одиме, и 7 дена ми се доволни. Јас не што не спиев, беш преплашена цело време од летот. Хаос. Последен ден ме фаќаа нервози пак од летот и да си одам. Во Албанија додека стигнавме не фати пладне. Ама затоа во Грција на почеток за 4 часа си во апартман.
Da da, skoro prasav vo Eurosava mı kazaa seuste neznaat tocna cena zavısı ı do perıod na patuvanje no kje bıde slıcna ko lanı do 250e po dete ..
200-250 зависи од период. Над 2 години плаќаат карта како возрасен, со тоа си има и оброк, со туркиш беше топ јадењето, куфер чекиран до 20 кг. Тие препродаваат аранжмани. Гледај си фибула или еуросава. Сите други ти се поскапи.
Голема разлика ли има во цена? Твоја одлука си е, ама јас не би одела со непроверена агенција, нели ако не најдеш мислење некое. Друго е Грција и во кола ке спиеш, ама авионски организирано е поризично. Фибула лани водичот беше од Босна, организирано на ниво на Балкан е.
Ние резервиравме за Анталија, од 11. јуни. Само малку ме буни тоа што ни направија понуда 6 ноќи, се трга на 11, а враќање на 18? Значи што ќе правам до чекирање и после чекирање, кога се тргнува навечер. Тука имам малку збунка, стигам наутро и чекам до 14h за да се чекирам во соба? Ако има некој искуство пишете, мада ве читам дека веднаш влегувате во соба, нели така дополнително плаќање за ден плус?
Одиш на плажа и ги користиш сите услуги што ги нуди хотелот. И првиот и последниот ден. Ништо плус не сум доплатила.
Може и порано да влезете во соба. Ние доручкувавме, после почекавме, на плажа не ни се одеше веднаш, бевме уморни. Во соба влеговме порано, накај 10. А последниот ден ние шетавме до градот, се вративме, вечеравме, кафе ова она и дојде време за одење.