Како што пишав погоре, летовите се ноќе. Околу 2-3-4 наутро, не ми текнува точно. Во хотел стигате наутро околу 8-9 и почнувате со одмор. Соба зависи од пополнетост, ние околу 12-1 ја зедовме. Последен ден напуштате во 11 и цел ден сте во ресортот. Летот е пак ноќе, автобус ке ве собере околу 10 навечер.
Фала ви на сите за споделени искуства. Јас едвај чекам искрено, досега немам одено, се надевам ќе поминеме убаво.
Супер. Јадење вкусно, персоналот љубезен, мирен и тивок хотел е, многу чисто што ми беше најбитно, се чисти секој ден. Има комбиња до плажа во одредени саати, има распоред, може и пешки околу 15мин, ние одевме некогаш. Бар на плажа се доплаќа, ама не е скапо, на базен од 4 до 5 попладне имаше ужина, некои слатки, пити, овошје. Блиску е центар, шетавме секоја вечер, има ресторани, кафичи, маркети, продавници за сувенири. Ако ти треба нешто друго, пиши. Хотелот е прекрасен.
ме интересира дали има лежалки и чадори на плажа и колку се доплаќаат? и дали има бар на плажата за земање пијачки и дали и тие се наплаќаат? Aко имаш некој слики од плажа,или хотел да ми испратиш ако не е проблем
И ние сме некако годинава за во Турција. Препорака за убав хотел за со деца. Значи да има и аква парк, плажа блиску... разгледувам и по агенцииве, ама сакам и искуство некое...
Белконти во Белек, ние лани бевме, има аква парк, додуша прилично мал, посебно за возрасни, посебно за деца како ограден базен. Имаат одличен детски клуб и занимации. Мал е хотелот, плажата е блиску, песочна, за мерак. Мене ми беше топ иако собите не беа нешто wow, терасите мали, ама реално, во соба само за спиење бевме. Land of legends ви е во близина, некои си десетина минути со бус, тематски парк и шопинг центар. Не знам цени, не бевме ние, оставивме за следен пат. Не е евтино, ама е забавно, мислам дека вреди со деца. Види на нет што има, мислам дека ќе ве заинтересира.
Ние сега на 7ми је одиме во Narcua Resort Side преубаво место е една жена на фб го фалеше премногу за со деца е супер има аква парк и луна парк и ништо не се доплаќа ние преку фибула ќе одиме
Ние одиме на 18 јуни во Sunmelia Beach resort во Сиде.Прв одмор во Турција ни е па ќе видиме како ќе поминиме.
Zdravo, Nie ovaa godina rezerviravme vo Cornelia Diamond Golf Resort vo Belek, i uslugata e golden ulltra all incluse, i jas odam so dve deca i vo booking ima mnogu sliki i mnogu opcii za decata. Jas rezervirav so Euro sava i minatata godina bev so niv i sum mnogu zadovolna, na promocija rezervirav early booking ovaa godina kraj na juni odam 9 nokjevanje.
Pak e mnogy skap so 50% popust so dve deca 10 dena 4200eur. E sega ne znam dali vredi seuste ne sum bil ama samo pofalni zborovi sum slusal i sum procital, a najbitno imase mnogu rekreaci za deca, luna park, trampolini bazeni i sto uste drugo, i plus toa uslugata golden. Ne znam kje vidam kje zapisam posle kako bese, koga kje dojdam.
Ве молам ако може да ми помогнете Во август ќе наполни 2 години а во план бевме да одиме од 23.07 до 30.07 7 дена, меѓутоа дека е најжешко и сега се мислиме меѓу Турција и Грција со оглед на тоа што е помал син ми и ништо нема да памти... дали би било подобро од следна година да одиме за Турција или ?
Зависи вие каде сакате, на него ќе му биде убаво и таму и таму. Ние бевме со 3г машкото и 1ипол г девојчето, преубав одмор ми беше. Малата 2г во ноември ќе полнеше. Баш уживанција, јадеш, пливаш, шеткаш и за ништо не се грижиш Имаше организирани активности за деца секој ден, од цртање, до разни игри, музика и забава секој ден за дечињата. А иначе бевме во Август, во најжешкото Само што иако е толку жешко, ув зраците не се како кај нас и во Грција. Јас тогаш не го осетив жешкото, ниту изгоревме, а по цел ден бевме надвор..
Здраво, годинава планираме одмор во Турција со две деца, што мислите кој термин е подобар за одење почеток јули или средина до крај на август. Гледам преку фибула има убави понуди, некој да не бил во хотел со буџет до 2500 евра да ми предложи
Здраво, и јас се мислев за тој хотел, кажете ми морето какво е и дали е блиску плажата, за со деца дали е ок?