До вечерта си во хотелот, си ги користиш услугите максимално, плажа, оброци, пијалоци, активности, на крај пред заминување може да се истушираш и преоблечеш, обично во спа центарот (скоро сите хотели ги имаат). А куферите си седат во посебна соба на рецепција, кога ќе си одите, ги земате од таму.
Се' ти следува. Алката ти е на рака додека не се качиш во бус. Ние бевме до плажа,па се туширавме ,вечеравме и чекавме да дојде време за транспорт. Буквално се исто користиш, само собата не.
Нема повеќе претставник да ве пречека, но се гледа штандот. Само право е од излезот. Е таму ве упатуваат до кој перон и возило одите, каде што ве пречекува водич. Водичот е со вас до хотел и ви ги дава сите потребни информации. Најчесто дур зимате багаж ја проверува внатре резервацијата, ви кажува ако е се во ред и кога ќе влезете вие веќе сте најавени, давате ваучер и пасош и зимате алка.
Јас пред две недели се вратив не пречека преставник. Нејсе Брат ми е моментално во Сиде вели пекол топло е. Моите идат крај на месецов и мака ми е дали ќе биде вака времево оти не трпат мн топло.. Затоа јас секогаш Јуни или Септември идам заради децава..
Пак јас, ако имате во план да резервирате за Бодрум до крајот на месецов (преку Фибула), пишете ми имам код за попуст.
Здраво, за одмор во Сиде претпоставувам дека во рестораните не се влага по купаќи. Прашањето ми е дали би правеле проблем да се влезе со наметка за на плажа онаква како со дупчиња (сепак малце се проѕираат тие), или да не трошам пари за џабе да си земам фустанче хаха.
Во ресторанот на хотелот си имаше напишано да се облечени пристојно гостите и плус слика да не се оде по бикини. Најдобро, фустанче. Јас така одев.
Здраво девојчиња, бидејќи не можам да ги добијам во амбасада, знам дека тука ќе ми каже некој искуство. Уплативме чартер одмор од 13.09.2023 година во Анталија (6 ноќевања). Ќерката која има година и пол, пасошот и истекува на 13.02.2024 година. Ме интересира како е точно законот за влез во Турција. Од агенција ни кажаа дека е 150 дена пред истек (ама да прашам у амбасада, може да има промени), а тоа му доаѓа на 09.02.2024 година. Дали ќе биде проблем за враќање назад. Не знам дали да закажувам пасош по брза постапка или да одам на ризик..... Имал некој искуство? Ма да ми нема логика, на бебињава пасошиве им важат по 2 години, значи секоја година треба да си вадат пасош за да можат да влезат.
Ти благодарам, им пишав мејл. Ми вратија. За малолетно дете кое оди со двајца родители, не е проблем за некој ден 150 дена е по закон пред истек.
Да ве замолам за препорака/сугестија за релативно добар хотел и преку која агенција.... *Двајца + детенце од 3г. *После 3-4 Септември *Буџет до 1200-1300€
Кога бев пред три години, имаше, собираше од постојките што беа пред хотелите и беше некаде 5-6 евра по човек. Беше корона тајм, па возеа со 50 посто, ако не се качиш го чекаш следното.
Имаше на постојките блиску хотелите. Зависно колку си далеку изгледа толку плаќаш. Дали 1евро или 2 плаќавме ние. А бевме 10тина км далеку од центар.