1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одмор во Турција

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од sarah.key, 6 мај 2010.

  1. ubavi4ka

    ubavi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    8
    Тие што уплатиле за во Атли- кушадаси преку која агенција и колку пари? поз
     
  2. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    бил ли е некој во Кушадаси во некои од овие хотели TECIMEN/ TOPALAN/ SEALY so 2** се и се наоѓаат близу плажата LADY BEACH?
     
  3. Wilde2105

    Wilde2105 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    24
    Сум била во Аланја и Мармарис , и топло го препорачувам Мармарис за млади и ноќен живот ;) :)
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vvendetta

    vvendetta Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    14
    Бев ова лето у Кушадаси ги знам овие хотели али не седев таму, бевме у TECIMEN на гости кај една другарка и хотелот е убав мислам за 2 * е топ. Инаку TOPALAN i TECIMEN не се на lady beach
     
  5. vesni4kaaa

    vesni4kaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    8
    Abe pa, ke kaze nekoj za Bodrum??? Kako e?, ima li ubavi plazi, i negovo iskustvo ??????????
     
  6. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Бодрум е прекрасен,но цените се малку повисоки од другите места во Турција,јас ја препорачувам Аланија!
     
  7. I.love.your.lips

    I.love.your.lips Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    970
    Bev lani i na vistina e carsko... Dobro ti zavisi vo koj hotel kje ides najcesto hotelite se all inclusive..
    Mn. e ubavo kamo da se vrati vremeto ;(
     
  8. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Годинава сакаме со дечко ми да одиме на одмор во Турција, ама сеуште сме во недоумица за на кое место... Вујко ми и вујна ми беа минатава година во Аланија и рекоа дека морето било катастрофа многу брановито... Некој да ми предложи место, хотел, агенција... и секако со авионски превоз и all inclusive :)) Фала однапред :)
     
  9. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Дајте некоја агенција сигурна што организира одмори во Турција?
     
  10. Elenaaaaaaaa

    Elenaaaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    31
    мислам дека фибула има убави понуди за турција, барем оние од лани што ги гледав стварно им беа топ :)
    инаку ако барате убаво место таму, јас би ви го препорачала Kемер...
     
  11. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Сите поголеми агенции организираат одмори во Турција, а оние пак помалите соработуваат со поголемите така да секоја агенција организира одмор во Турција
     
  12. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Анталија ти ја препорачувам.ПРЕКРАСНО НЕШТО а хотел со 5 звездички Кервансарај ЛАРА.Нема да сакаш да се вратиш :D совршенство бе луѓе.Преку Фибула јас бев.All inclusive и ние имавме,а бе јас пак сакам да одам таму,и во истиот хотел не сакам друг :D сон е хотелот,сон.
     
    На Viiiiip му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Дали се сеќаваш колку те чинеше цел аранжман и во кој период? :)
     
  14. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Fibula има навистина богата понуда, но и доста скапа според мене. Кога барав аранжмани за Турција минатите години таму цените за 7 дневни аранжмани беа иста цена или дури поскапи од 10 дневни аранжмани во други агенции. Можеби и нудат поексклузивни хотели па затоа и повисоки цени..не знам, но според моите можности од фибула можев да си дозволам само пократок аранжман за мене неисплатлив.
    Единствено кај нив од агенциите кај што се распрашував наидов на такви пократки аранжмани од 10 дена. Од друга страна пак ги немаше во понуда на Фибула Бодрум, Кушадаси и Мармарис, а изборот паѓаше таму на крај :)
    Патем и не сум љубител на ол инклузив зошто ќе се врзам повеќе за хотел и наместо за целодневни јадења (=дебелеење) и седење покрај базен (слика која постојано ја гледам по одмори и ми е одбивна). Бирам полупансион и средствата што би ги дала за all inc. ги пренасочувам на авантури т.е. плажирање, море, шетање, дегустирање...
    Сепак морам да забележам дека општо секоја година цените за Турција општо растеа, дали ќе биде така и оваа година ќе видиме. Инаку обично одбирав аранжмани до 400-500 евра со вклучен авион, во ек на сезона во Јули.
     
    На Nine25 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  15. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Јас сакам некои агенции поевтини, но сигурни. ЗНе сум во можност да фрлам 500 евра а плус ќе ти треба и за таму пари.
     
  16. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Јас сакам алл инк. за Турција бидејќи имаат специфичен начин на готвење, со сала и незз си што... Имам премногу сензитивен желудник и пре би дала 500 евра отколу 10 дена над шоља да ги поминам повраќајки, си имам проблеми со јадењето... Вујко ми и вуна ми беа преку ЕТЦ травел во Аланија во хотелот Бела Маре 4*, и беа пре задоволни од услуга од хотелот... Негде околу 350 евра ги кошташе по човек на почеток на јули беа, сосе авион, такси и се надаље.... Е сега ми рекоа дека евро не потрошиле надвор од тоа(но сепак они со деца, не биле ни по диска ни по крстарења ни ништо).
    И тие не беа задоволни од морето, многу било брановито, ама многу, а мене и тоа ми е доста битно, не планирам да одам на одмор за да дремам на базен, одам за морето.... Така да и тоа ми е доста битно :)
     
  17. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Поквалитетен аранжман, а сепак и поефтин може да се најде во агенции што нудат со автобуски превоз.

    За храната сите мислат дека храната е ужас зошто имаат специфичен начин на готвење и храна. Ако е така може и целиот all inc. да биде со нивни јадења :), ама нормално дека не им оди во прилог на нив таква храна да им даваат на туристите без разлика дали во хотел или ресторан. Ако некој има желба да им ја проба националната кујна тогаш бујрум, али сепак има избор :) Сепак тоа се високотуристички места и барем до сега не наидов на јадење со сало, овчо месо или некој друг бучкуруш. Може на некој му се погодило да наиде и на таква храна, но во глобала мислам дека има прифатлива храна за секој. Баш ме воодушевиле со вкусот на храната и декорацијата :). Сите полупансиони до сега беа со богати шведски маси со храна, а секако и all inc. е на високо ниво ама не е за мене.
    Рестораните надвор во глобала нудат нормална храна т.е. исто прифатлива за туристите затоа што тоа е најважно. Негде имаат и мекдоналдс и бургер кинг кои нудат стандард храна која на сите ни е позната.
     
    На Nine25 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    А добро, зошто Савана има понуда само за во Бодрум и Кушадаси? :^)
    Очекував да има поголем избор, ни Анталија ја нема.
    Сега ги разгледувам понудите, треба веќе да се резервира за летово, ама се двоумам дали и годинава во Грција да одиме, или да фатиме накај Турција. Дечко ми запнал на Кипар да одиме, ама на ова Саванава ни Кипар, ни свети Кипар... :?:
    Савана некако ни е најдобра агенција, барем порано кога сме патувале, преку неа сме оделе и никогаш немало проблеми. Со цени се супер, ама изборов им е катастрофа.
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Интересни цени има Савана за во Турција и вчера се јавив да прашам што и како влегува во цената и ми кажаа дека тоа е само хотелски смештај патот е во сопствена режија :( и затоа е толку евтина понудата. Немале чартер летови оваа година :). Кој сака да се нафати на 14 часови возење вуала :wasntme:
    Ако сакаш Кипар има нешто понуда на Аурора ама скапоооо. И тоа нудат хотели/апартмани кои се во грчки дел а тоа е исто како да си отишла во Грција. Сакам Кипар ама на турскиот дел, таму е многу поубаво. Има нешто преку српските агенции ама нема ништо испод 2 000еур за 10 дена Кипар.
    Скапо оваа година Турција, острови Кипар, Малта..па неа колку ја сакам :wasntme:
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Уште е рано сигурно сите агенции ќе дадат понуди за Турцина, поготово за Кушадаси. Ианку конкретно Савана знае да биде поскапа од другите агенции, разгледајте си убаво, ние пред некоја година така се зезнавме уплативме за Турција преку савана и 9 ноќевања со појадок е сега не се сеќавам колку пари и дури одпосле видовме дека преку Атлантис во хотелот од спротива што ни беше што значи скоро немаше никаква разлика од нашиот дури и поубав базент имаше за истите пари имаш 10 неќевања со појадок
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.