Ние бевме во тој хотел крајот на јуни.хотелот е убав многу чист,храната се повторуваше во глобала секој ден исто,за вечера имаше многу колона дури да дојдеш до јадење.анимацијата беше ок.во глобала за цената што ја плативме бевме стварно задоволни од одморот
Зависи што барате. Ние лани бевме во Adora Calma Beach Hotel, не е класичен хотел туку секоја соба е како куќичка посебна, има соби со сопстврно џакузи надвор и обични соби. Хотелот е нов, чист за јадење во глобала има исто како во секој All inclusuve хотел. Нема аква паркови и такви ствари, само еден базен, директно е на плажа, поглед неверојатен 95% ид гостите се парови. Навечер пуштаат музика во барот на плажа што им е. Еднаш неделно има танчерка за забава на гостите мислам во петок беше ама не сум сигурна. На некои 5-7мин пеш од хотелот има автобуска, фаќате автобус ако сакате да одите до градот. Во главно хотелот е за мирен и релаксирачки одмор.
Девојки, препорачајте хотел во Аланија за двајца, all inclusive, со сопствена плажа, и по можност да не е многу далеку од центарот. Околу 1000-1200€ за двајцата. И уште едно прашање, доколку нема сопствена плажа со лежалки, колку отприлика се движи цената за лежалките? Фала ви однапред.
Ramira Joy, Ramira City, Kleopatra Ramira. Сите се во Аланија, нови, чисти хотели со вкусна храна. Може да прочиташ коментари на нет. Јас бев во Joy, City е само за возрасни, а Kleopatra од сите мислам е најефтин. Види на Фибула, ги имаат. Ние преубаво минавме лани. Плажата им е малце подалеку, ама има комбиња често до и од плажа. Лежалки не се плаќаа, само пијалоци, ако сакаш. Не се скапи.
Даваат картички на рецепција и после секој ден си земаш со тие картички крпи.тие картички се враќаат кога се одјавуваш и доколку сакаш да го користите и последниот ден на плажа ќе ти треба да си носиш свои
Дали можеш да ми кажеш како помина по аеродромите, имавте ли проблем со пасошот? Истиот момент го имам и јас со ќерка ми, од фибула ме уверуваат дека ке немам проблем. А 300 приказни изнаслушав дека се мн ригорозни турците.
Дали пасошот има важност точно 6м ни ден помалце? Завчера казнија едни 120€ заради пасошот само да знаеш. Распрашај се убаво..
Ми вратија дека 6 месеци мора да има пасошот .. Буквално идам на ризик и да платам 120еу само да не ми расипат одмор.