Uplatıvme vo Seven seas palmerıan bay. Nov bil. Se nadevam dobar kje da e.. Eurosava mı dade ponuda recısı 1000e poeftına od Fıbula za ıstıot hotel
Хотелот не е нов, реновиран е, и има оценки или кецови или петки https://www.google.com/search?q=sev...FzIGJheQ,ru_phdesc:vkLOHw2hgl8,trex_id:SKrYYb
Здраво, дали некој бил сега брзо во Олудениз Фетхије да сподели искуство како и со што патувале до таму? Фала
Eurosava, sekoja god ideme preku niv Lago e vrv, posebno hrana i usluga sto ima golema razlika so ovoj hotel, a go plativme poskapo od Lago..
Здраво мила. Резервиравме во овој хотел крај на август. Кажи ми нешто повеќе за него, храната како е? Имат ли организирани активности и забава? Плажата гледам песочна е, се плаќа ли нешто од пиење јадење во барот на плажа што е или и тоа е во алл инк понудата? Да носам ли крпи за плажа? Син ми ќе е 22 месеца храната за него ок ли е? Многу прашања имам знам, ама кога ќе можеш шкртни нешто Тенкс
Ако зборуваме за Белконти, мислам дека ќе ви се допадне. Мало хотелче е, не е огромен ресорт, има гужва, ама не премногу. Храната е ок за деца, има се', од чорби, варива, риба, меса, до хамбургери, шпагети и палачинки, овошје и зеленчук, ѓозлеме, сладолед, има доста избор. Ми се допадна што ништо не беше презачинето ко што знаат Турците да претераат со зачини. Се' ти е вклучено, ништо не плаќаш таму, крпите за плажа не треба да ги носиш, ти даваат картички на рецепција, колку картички, толку крпи ќе земаш. Плажата е песочна, лежалки и чадори си има, не се доплаќа ни за пиење. Има одење едно пет минути од хотел до плажа ама не е страшно. Морето има бранови, не е ептен плитко, ама па ни длабоко не беше нешто многу, таман за со деца (моиве поголеми беа кога бевме). Собите се ок, чисти, не премногу луксузни, ама и онака во соба бевме само за спиење. Има неколку тобогани, има детски аквапарк, детски клуб, секојдневна анимација за децата, активности како цетање, барање богатство, танцување, пливање, стрелаштво, ама мислам твоето е мало за вакви активности. Мислам дека ќе ти се допадне малото базенче во детскиот клуб, колку што се сеќавам убаво беше опремено, чисто, имаше и игралиште со лулашки до него, и најважното, мислам дека беше скоро постојано под сенка, барем еден дел (има доста зеленило во хотелот). Навечер има сценски настапи од тимот за анимација што е во хотелот, првиот дел е за деца, после е забавата за возрасни, детскиот дел се повторува. Има тематски вечери и за храна и за музика. Мене лично ми се допадна, се надевам и вас ќе ви се допадне. Се' ти е достапно од влез до излегување од хотелот, и да не ве внесат одма во соба, ти можеш од почеток да почнеш да користиш услуги, да јадеш, да одиш на плажа, се' што сакаш. И на последниот ден, и после чек аут, имаш каде да се истушираш, пресоблечеш и средиш за патувањето иако немаш соба.
Фалас ти премногу на деталните инфо, се надевам ќе ни се допадне зашто не е баш ефтин. Уште едно прашање може? Како е со локација, има маркети аптеки во близина, гледам на мапс има ама пеш колку би биле блиску не знам. И нешто да се види надвор од хотелот блиску да ни препорачаш? Гледам има ранч со коњи ептен блиску, сте биле? Извини ептен те испозамарав
Пешки не се оди до Белек, не е баш близу, односно проблемот е што е топло, не далечината, но има превоз секако. Во градот имаш се', пола саат пешки е, а со комбе многу побрзо се стига. Ние не бевме во Белек, цело време останавме во хотелот, освен што отидовме до аквариумот во Анталија, тоа беше организирана тура. За аптеки и маркети не знам, немавме потреба од нив. Во близина е Land of Legends, тематски парк, ама има и трговски центар, цел комплекс е тоа, треба еден ден најмалце да се помине, ама пак ви треба превоз и организација од хотелот.
Е ова ептен битно инфо фала ти, да се опремам со се од лекарства. Фала ти уште еднаш што одвои време да ми одговориш на се
Sme bile vo toj hotel pred 4 god i imam topla preporaka za nego.Prvo bevme vo Mahberi beach ama potoa se premestivme vo ovoj.Plazata ti e extra, pesok i mnogu ubavo.Koga odite i preku koja agencija?
Дали може некој да ми каже какво е морето, плажите? Не најдов никаде.. Club bayar, Beldibi beach, The marilis hill resort. И ако имате искуство, мислење за овие хотели?
Бил некој во Октомври во Турција? До кога им е сезона знаете,ме интересира дали е топло тогаш сеуште?
Лани бевме во Сиде и ни се допадна. Годинава се мислиме за Аланија. Има ли таму што да се шетне надвор од ресортот?