Сите ја фалат Турција па најверојатно годинава таму. Сите коцки се поклопуваат, па ќе видиме. Кушадаси ќе биде дестинацијата, викаат плажите биле песочни, морето топло и чисто, богат ноќен живот, е сега за храната не знам ама од муабети викаат евтино било. Се изградено, преубаво и историски делови и урбанизирани, луксузни делови, милина. Прекрасно, баш сакам да отидам! Има кај да се шета и да се слика човек
Девојки колку часа е отприлика патот со автобус, дали некоја од вас била со таков превоз? И дали е лош патот, премногу напорно или..?
Aко одиш во Кушадаси, и ако не планирате со кола да одите, само Лејдис бич и никаде на друго место, ем има шеталиште со еден куп продавници,ресторанчиња и кафичи, ем е блиску до центарот, со долмуш за 5 минути си таму. А такси беше околу 15 лири навечер за враќање, пошто долмушите се о 11и30 навечер. На друго место подалеку од Лејдис бич е по тапо некако и плус тие места се подалеку од центар. А во центарот не ви препорачувам сместување, нема плажа, градската плажа е буквално меѓу бродовите, и е 5 метри долга и 3 метри широка со едно ај да не претерам 20 лежалки значи центар никако ... Се на се јас имам многу убави впечатоци од таму. Не е ефтино за ефтино, во кафич во центарот платив за водка со швепс 8 евра ... Гардероба, се знае тоа што е добро и таму е скапо, оние парталине турски се ефтини. Храната не ми се допадна ич, нити во хотелот нити надвор освен донерот. Тоа е тоа, ако сакаш да ме прашаш нешто повели. Бев и во Анталија пред неколку години е за таму немам зборови, изгор скапо ама прекрасно единствено кафичите се поефтини од Кушадаси
Уфф нбајубавото нешто што сум го видеела. Бевме лани за матрура во Кушадаси и преубаво си поминавме. Има многу продавници и кога ке почнеш неможеш да ги исшеташ сите А цените се така така, како кај нас така и таму е .
Лани бев во Кушадаси. Фативме страшно ефтини понуди, 10ноќевања, пат, доручек за 130евра. Морето е прекрасно , немам зборови, а имаат и преубави тури кои не треба да се проуштат за ништо на светот, сафари џип, Памук кале, крстарење со брод, турска бања.... Ноќен живот има , на една улица “Бар стрит“ се полно дискотеки, храната е добра, а цените како во Скопје. Би одела повторно, но само фамилијарно. Има премногу манијаци, тоа е лошата страна ,човек посебно женско неможе слободно да шета. Ние бевме во хотел, каде центарот ни беше на 10мин пешки, а исто толку и Лејдис бич. Доколку се возевме со јавниот превоз , ќе ни беше подалеку, зошто кружат за да соберат туристи од секаде. Патот е напорен на одење патувавме 21час, а на враќање 20часа. Кој и да оди бидете спремни на многу многу многу ужасно многу ценкање. Првите 2-3 дена ни беше интересно, но после веќе немавме ни сила ни живци за да се убедуваме со нив. Ценкањето го има и во рестораните и во дискотеките.
Супер се... а млади има? Ноќен живот на високо ниво, така? Сакам да кажам да не е фамилијарно местото, знаете на што мислам.
Мене пак од сите плажи Лејдис бич нај не ми се допадна еднаш отидовме 100 пати се покајавме и никогаш повеќе не се вративме. За мене најубава плажа беше Санрајс милини преубава плажа на две нивоа ем средена и убава ем со културен народ, а не како на Лејдис каде што вриеше од Турци (читај манијаци ) и од турски жени облечени како ниџи и така се бања во морето Млади врие ептен многу ние првата година кога бевме во автобусот најстарите беа млад брачен пар со дете од 4 години исто како на средношколска екскурзија да бевме
Беше 850 или 900 евра по лице,тогаш беа тие цени,а сега баш гледав за оваа година се поскапи околу 1200,1300 евра по лице така да нема шанси пак таму,ќе барам друг хотел.За 14 дена ти кажувам колку беше цената во тој хотел значи,цели 2 недели алл инклусив и водката и бејлис и коњак скоро се беше вклучено,во другите хотели не беше така сите увезени пијалаци се наплаќаат,секаде каде сум била и сум прашувала значи,ама Турциве се опасни они си произведуваат и кај нив бејлис и водка и се и овие ваљда беа нивно производство па затоа не ги наплаќаат.Феноменално беше значи,немам зборови.Види си на нет и сама,а ние бевме од крај на јуни до накај 10 јули,така нешто.
Искрено не знам кога си била и имало ‘‘нинџи‘‘, ама преклани немаше, јас преклани прв пат бев во Кушадаси, не само што немаше ‘‘нинџи‘‘ туку 80% од лугето на Лејдис бич беа македонци, срби, романци, чеси, словаци и помалку руси, англичани, германци, бугари и албанци, а останатите 20% беа турци (што е и нормално кога си во Турција). Добро сега морам да признаам дека песочна плажа си е песочна плажа и не може да биде не знам колку бистра водата, ама па јас камења не поднесувам, па си трпам и матна вода (кога немам пари за Малдиви тоа е) ... Не би сакала некој да добие погрешен впечаток дека таму има само забулени, како прво оние забулените ги видов само на крстарењето кога бевме, по тие збутаниете плажи, а второ ако некому му сметаат ене ја Грција и цел Јадран па и Италија а , можат и подалеку оние кои си имаат повеќе пари, па нема да гледаат ‘‘нинџи‘‘. Анталија е многу поубава, и за шопинг и за забава а за плажа да не зборувам, 10 километарска и едно 30 метри широка (Кониалти) таму се наогаат 90% од капацитетите за сместување во Анталија, огромни комплекси хотели, прекрасни плажи, познатиот бич-парк на самиот почеток на Кониалти кој е всушност еден цел комплекс од кафичи и дискотеки, прекрасно нешто за забава и одмор ... стариот град, рестораните се е некако на ниво јас сум воодушевена од Анталија и пак би отишла таму, а во Кушадаси не би отишла по втор пат ... Годинава пак ке одам во турција и се мислиме помеѓу Кемер и Бодрум (Гумбет), би требало да е Бодрум повеќе за забава поточно Гумбет ама па во Кемер има песочни плажи кои во Бодрум-Гумбет ги нема ... па ќе видиме ... Ако некој бил во Кемер или Бодрум нека сподели искуство
Патем за Анталија морам и ова да го кажам, нашиот хотел (просечен со 3*) беше одма карши плажа, и повеќе го нема во понудите, сега за Анталија нудат само хотели со 4*,5* и 5+* така да е прескапо (бар за мене си кажувам) инаку на плажата цел ден не служеа со овошни салати и лежалките не се плаќаа ако порачаш барем еден пијалок освен во Бич-паркот каде се наплатуваше влез некои 5евра ми се чини ама вредеше бидејки следуваше со картата еден коктел и постојано служење овошни салати. За разлика од Анталија во Кушадаси плаќавме по 7,5 евра за две лежалки и чадор (инаку има можност и да си ставиш пешкир на плажа) а немаше кафич на плажа нити музика. Ајде да чујам некој нека каже како е Бодрум или Кемер
Нормално секој си има различен вкус и и различно мерило за што е убаво, а што не Не зборувам од кутура бев и ја видов плажата, можеби да ја видев само таа плажа и мене ќе ми беше убава И да ми сметаа нинџите затоа и не се вратив повеќе на Лејдис Нема потреба да се возбудуваш тоа беше само мое мислење и небеше ништо поврзано со тебе така да немаше потреба да ме цитираш! Чао, пријатно
Да бидам искрена, млади ,друштво како што може човек да начека во Бугарија, во Кушадаси немаше. Повеќе беа деца, со професори најверојатно , или ајде нека се повозрасни луѓе кои ги чуваа(ова во дискотека го видов). Низ град беа строго по возрасни странци. Само македонци што одеа , односно во нашите автобуси имаше друштва од по 4-5 луѓе. Поради овие работи, мене Турција ми остави впечаток како земја која би било најубаво да се посети со фамилија. Веќе пишав дека цените се како во Скопје. Лебот е ефтин, има еден маркет(не ми текнува како се викаше) кој е сличен на Кам, сите од таму пазаруваат. За јадење да се купи од маркетите искрено нема бог знае што. Само од ресторани , дали од тие што се на плажа(за преку ден) или во центар, навечер... Само да си знаете и покрај тоа што во менито има веќе цени, за ценкање можноста постои, само да нема срам.
Точно дека секој има различен вкус. Прво, те цитирав затоа што не сакав да им се искриви сликата на тие што сакаат да одат таму, па да можат да ги видат и двата коментари, бидејќи були немаше кога бев јас, второ бев и на уште 3 плажи подолу накај Лонг бич и беа помали и со камења. И трето, биди малку поучтива, не те нападнав јас па да ми се обраќаш со: ‘‘ не се возбудувај, не ме цитирај, чао пријатно‘‘ , јас ти се обратив затоа што сакав да кажам дека не се согласувам со тебе и дека јас сум видела сосема друга слика таму.
Иако сум 10 години постара од тебе и јас ја барам забавата во Турција, па затоа годинава се мислам за Бодрум, викаат дека таму оди кремот од Истанбул и дека има страшно добри забави, лежалки во Гумбет не се плаќаат ако порачаш пијалок, а Гумбет е уствари центарот на забавата, таму се сите кафичи и дискотеки и + центарот на Бодрум бил на 5 минути со долмуш ... ама друго не знам како е, другарка ми беше лани па ми кажа дека било најзабавното место во Турција а она има до сега преку 5-6 пати отидено таму на различни места па и верувам ... Сепак во Турција сите тие популарни дестинации не се мали места, забава има секаде, само да не се зафркнеш провери си на Google map каде поточно се наоѓа хотелот во кој сакаш да уплатиш, да не е некаде во некоја далечна населба или кај што има само хотели и вили, гледај да е поблиску до градот а сепак не во центарот заради плажите, бидејќи градските плажи се лоши секаде. А да и за тоа што викаш да не е фамилијарно место па види вака, секаде ќе начекаш и фамилии и млади, но фамилиите претежно се во хотелите кај што има All inclusive заради децата, заради забавата за деца покрај базените, зошто има игротеки и храна кога и да им се пријаде додека во помалите и хотелчињата со помалку ѕвезди се претежно млади кои не се прибираат шо се вика во хотел
најдов понуди со овој хотел и ме интересира дали некој знае каде поточно се наоѓа, има ли сопствена плажа, близу ли е центарот?
^Ги погледнав хотелите. Ова не е во центар,милион посто, имаш сигурно едно 10-15мин пешки до центар. А хотели на самата плажа нема, односно сите се на 5-10мин од плажата. Друго, хотелот или е блиску до плажата или е блиску до центарот. Центарот и плажата(градска, Лејдис бич) се на две спротивни страни.