Нема на што. Агенцииве наши повеќе ги нудат хотелите во Анталискиот залив, за Кушадаси се главно со автобуски превоз, а за Бодрум сигурно има летови.
Бодрум не сум била, Кушадаси тоа што го пиша и членката. Бев пред 10г со автобус, напорно е малку, ама супер минавме. Бевме на Памук Кале, Ефес со куќата на Дева Марија, Селџук и на крстарење. Инаку, има и други екскурзии. Аланија и Кемер сум била, Аланија е поголем град и поубав и нуди доста забава. Не сме биле по дискотеки, ама имаше една улица од двете страни кафич до кафич. Има и клубови, полно е туристи. Можеш да ги посетиш Црвената Кула, Калето, жичарата, крстарење со пиратски брод. Исто, водичите што се таму, ако одите преку агенција нудат разни екскурзии. Во Land of legends не сме биле, ама брат ми има одено, преубаво било. Кемер е помал град, ама кафичи и клубови има. Ние бевме на Фаселис, таму има многу убава плажа и шума, водата не е брановидна и еден ден до Анталија на прошетка ( сами, не преку тура) и на жичарата во Анталија, преубаво е горе, цел град се гледа. Е сега ако се плашеш од височина како мене, малце ќе се препотеш. Ама вреди. Ние бевме преку Фибула во Аланија и Кемер, доста добро се организирани. Оваа година пак планираме со нив.
Бевме со мм лани, преубаво. Секој ден ја чистат собата , менуваат пешкири. Храната одлична и разновидна. Базенот е супер . Морето не ни се допадна искрено , плажата со камења и водата од еднаш премногу длабока да пропаднеш. Хотелот како хотел е супер , е сега да знаеш дека наоколу пешки нема многу за шетање, неколку продавници . Ако сакаш одмор за релаксирање тогаш ти го препорачувам хотелов Ние одевме преку фибула
Fala za info. Za zal ke ispadne od igra poradi plazata, toa ni e glaven prioritet poradi deteto Poradi ubavinata na crvenoto more, najverojatno i godinava ke plivame vo Egipet
Ние бевме цело време во базен , поради тие причини, а не па со детенце. Како и да е , убав одмор посакувам
Здраво. Ме интересира каква е плажата во анталија, сиде, кемер... Дали има убави плажи со кристално чиста вида како во грчка...
Во Аланија бевме на Клеопатра, таа е убава, песочна плажа. Во Кемер беше со каменчиња. Водата и на двете места е убава, само знае попладне да е брановидна и после неколку метри доаѓа длабоко. Во Грција сум била само во Калитеа пред 11г. Плажата не ја памтам, водата беше почиста и доста плитка на почеток. Таква не е во Анталија. Ама, општо за одмор Турција е незаменлива. Сепак, секој си има различно барање.
Јас сум била 3-4 пати на одмор во Турција, во Чешме плажи огромни пространи со бел песок и тиркизно море, буквално како бора бора, е сега ние одевме со кола патувавме од 15 до 18 часа сега со децава нема шанси за така, а аранжмани немаат од мк... Ќе разгледаме опции, фала многу