Здраво. Ако може некој да каже како е во Кемер плажата и водата. Дали има песок или е камчеста. Ме интересира и внатре во водата како е песок или камчеста.
Во Кемер обично е камчиња, некои ресорти ги имаат своите плажи направено со песок така да, сигурно пишува во опис каква плажа имаат
Претежно каменчиња. Види страна назад, имам слики ставено. Тоа е Чамјува област во Кемер. И во водата е каменчиња, дури се препорачуваа такви специјални обувки за во вода. Ние не земавме, ама многу носеа.
Јас бев во короната преку Escape travel и ние бевме таму на ефтина тура за да го видиме Истанбул и да не прошетаат со водич зашто огриомен е за некој што иде прв пат не може сам да го шета. Кумбургаз местото искача на Мраморно море и не е убава водата за бањање прво многу е плитко, па потоа водата е матна, хотелите што беа понудени преку агенцијава беа стари хотели, но за 3-4 дена за тие пари ок беа, нема споредба со хотеливе по туристичкиве места. Ние кога бевме уште беа цените ефтини, сега Турција е недопирлива
Прекункои страни букирате за турција и дали е ок сега во јули да се оди со 15 деца и 9г дете бидејќи тогаш имаме опција само?
Ние одевме преку Фибула. Јули е пекол да знаеш, влага има ненормална, не се дише. Ние во Септември само сме оделе па пак знаело да е жешко а не Јули.
Ми помина времето да се редактирам...ако веќе немаш избор и мораш Јули, тогаш Кемер ти е нај добра опција зошто е повеќе со зеленило. И водата знае по таман дека е со камчиња за разлика пр од Сиде итн.
Za dvete poima nemam kako odi toa prv pat ke ni bide da odime so agencija bidejkji sekogas odevme sami na dr lokacii.
Ние кога бевме немавме тогаш деца, плаќавме заедно хотел со авионска карта. Е за деца беше до одредена возраст бесплатно ама еве @Bubish26 нај веќе ќе ти помогне зошто она е со мали дечиња. А за хотели препорака, тука сум
Во Турција имам одено 4 пати, ако сакаш вистински одмор, а еве ти си со деца, таму ти е рај верувај. Е сеа и за хотелите бара мн читање искуства итн, јас сум читала по еден месец пред да одиме, и фала богу за ниеден немам замерка. Еве ти викам Кемер ти е супер опција за Јули, јадење пиење имаш премн избор, и обавезно барај плажа до хотелот. Ние така секогаш биравме. Плус со авион е др приказна, само куферите, агенцијата мисли на се и одиш да уживаш. Оваа година ќе морам Грција инаку не би се мислела ич за Турција. Разгледајте убаво опции што како па ќе си одлучите.