Еве јас сум една од тие што резервираат од зимо за во селата грчки, да земам да се отепам а? Попуст секогаш фаќам убав, солиден гледам да е смештајот, инаку горе долу е тој во Грција. Посекако битна ми е плажата, да е блиску, чиста вода, песочна, иако си шетаме наоколу ние. А за јадење ресторани има, гладни нема да останеме. Годинава уплативме 500 евра за 10 ноќевања, вилата е убава, базен има, ми се допадна баш. Така да уште 1000 за јадење да потрошиме, не е исто што и во Турција каде би не фатило 3000. Да се разбереме, не спорам дека Турција е лоша, не сум луда, ама со цените богами се забега веќе секаде па и таму.
Кемер е добро. И башка во август и во Грција е пекол не само во Турција. Па затоа морам претпазливо да се изразувам за да не ми се сипат тука од што се погрешно се разбира. Ама на крај краева ова е форум за дискусија а ова е мое мислење, секој си има свое. За мене селата си се селски туризам, и да ми платат не би одела. Ако можам да си дозволам одмор ќе одам како што треба. Турција нема споредба според квалитет на одмор. Не би сакала да се замарам со лежалки, јадење или да трчам каде што имало Лидл/Масутис и тоа да ми е приоритет и да одам со полнет багажник јадење.
Како јас да сум пишала. Ако одам ќе одам Турција и да не се замарам со превоз, јадење, готвење, лежалки имало/немало... Ако не можам да си дозволам, не одам, дома ќе си седам. Аланија бевме од 28.8 до 3.9. Жешко многу, мене не ми смета лично, ама на базенот кога бевме покажуваше 40 степени. Е Кемер бевме од 23.8 до 30.8. И јас го одбрав божем имало планини, шуми, ама искрено нема врска. Многу е влажно и некако таму жешкото повеќе ми сметаше од Аланија. Баш така.
Турција оваа година стана како Малдиви и Сејшели и тоа со вклучена карта од СК, не со групен чартер.. Ама да се затворам една недела и единствена релација да ми е соба-базен-плажа и обратно за куп пари не ми се оди ... А веќе неколку месеци ја мислев Турција ... Со тие пари Португалија и Шпанија ми се подобар избор...дури и Канарски острови за тие пари се во игра. Или крстарење по медитеранот ако човек резервира на време, со се пакетот за пијачки ...
Убаво е. Чисто, топло. Попладне знае да е брановидно, и длабоко е. За некој метар доаѓа длабоко, не е плитко како во Калитеа ( таму саму сум била 2014, така памтам, не знам други).
Доколку сакате дестинација кадешто е посвежо морето да се оладите одете во Бодрум, бевме во јули надвор пекол топло водата да се оладиш/освежиш како да си во Охрид од околу се е опкружено со планини и таму е убаво за бањање.
Полани бевме во Lignano Pineta, Lignano Sabbiadoro искрено поплитка плажа немав видено кул за со деца али голема мана е тоа што немаат опција за јадење повеќето хотели се само доручок . Глупоати а цени за 5 ноќа околу 2000€
Турција и Грција имаат различно поимување за туризам, не се карајте. Генерално Турција удира на храна, во цена е уклучен и лет, има трансфер од аеродром до хотел и назад, скоро сите хотели се со базени, приватни плажи со чадори и лежалки. Со ова автоматски со пола ствари не се замараш ти. Меѓутоа од мое искуство, морето не е чисто како во Грција, напротив е матно и топло и температурите се неподносливи. Повеќето резорти имаат вечерни програми ама има некои немаат, па така мој совет, ако сакате ем резорт ем навечер и да шетате, гледајте да е резортот блиску до поголем град, има такси и автобуси. Грција од друга страна, има почисто и поубаво море и као ајде е поблиску ако одиш со кола и климата е попријатна. Ама затоа резорт во Грција кошта 5 пати повеќе од резорт во Турција. Сум бил и во Грција и во Турција, и во сезона и вон сезона, грците дефинитивно наплаќаат многу повеќе а во квалитет добиваш многу помалку.
Во Турција никако не добиваш повеќе. Единствено можеш мозочен да добиеш на 50 степени со огромна влага. Тоа гурманлоци и удобности пто ги нудат се џабе , климата е ужас. Морето е често со бранови и многу се бањаа во базен. Инаку бевме крај на август и септември еднаш и никогаш повеќе.
Да потврдам за Ставрос само, и тоа скоро закажано, не зимото. Олимпик Бич и Лептокарија дури и за 45/ноќ најдов, добар смештај со добри рецензии. Ако сакате контакт ќе ви пишам. Имаше и еден во Врасна, прв ред, излегуваш од куќата и само улица те дели со плажата, ама не сакам таму.