Трет пат по ред одам на Средоземно, во Анталија и секогаш било чисто, оваа година и во најплиткото, во јуни беше пречисто. И во јули и август сме биле, не било над 33 степени, иако оваа година во јуни баш печеше сонцето поинтензивно.Бранови првите два пати скоро и не видовме, многу е битна местоположбата на хотелот/плажата каде се оди, оваа година, во попладневните часови имаше бранови заради ветрот, но умерени и прифатливи за пливање, наутро беше тепсија. На роднина, па во Турција, цел одмор им се погодил така што не влегле во море, но каде биле поточно, не знам. Во Грција, исто така зависи каде сте и какво е времето, па и на Халкидики и Солунска регија сме виделе и тоа какви бранови. Нема правила, кому како му се погоди.
https://www.savatours-mk.com/ Eve pogore napisav link od agencijata, mozes da vneses podatoci i kje ti izleguva cena.
Здраво. Препорака за место во Турција за со дете година и пол? Плажата да е блиску, да нема бранови многу и да е со ситен песок. Хотелот all inclusive да е и аеродромот да е блиску до хотелот.
Cornelia Diamond лани бевме и преубаво е. Гледам дека го има и на Мк агенција како понуда. Плажата е преечиста, нон стоп ја чистат, не смее пушење на плажа, на самата плажа има барови кај што можете овошје и пијачка да земете, одма е тука базенот, покрај базен е ресторан со ала карта, па за ручек немора да одите до главниот ресторан. До тој ресторам што е на базен одма се наоѓа и игротеката за деца и бебиња, внатре имаш соби за преслекување за бебиња,доење дури и креветчиња за спиење и е преееечисто. Одма споен е тука и базенот за деца. Храната е прееевкусна, персоналот е чиста 10ка. Пошо е се тука блиску, стварно е идеален за со мали деца, за разлика од Нирвана оваа година бевме таму.
Здраво на сите. Според мене Турција е правото место за одмор, стварно вреди за парите што ќе ги дадеш, за разлика од други дестинации. Сум била во Кумбургаз, во близина на Истанбул, во хотел Марин Принцес преку Ескејп Травел. Презадоволна сум искрено, хигиената во хотелот беше на највисоко можно ниво, љубезност и услужливост исто така. Храната беше превкусна, хотелот има три базени, едниот е со солена вода, исто така има и спа, интернет, клима, дури и лежалки и пешкири вклучени во цената. Хотелот е на сама плажа, едина замерка ми е дека морето не е баш убаво како што е во Грција на пример, беше доста ладно и не можевме да се бањаме. Другото беше се погодено, во близина има продавници, има маркет Мигрос, има ресторани за брза храна итн. Искрена препорака од мене за сите што сакате фамилијарен или лабав одмор. Исто така, има можност да го посетите и Истанбул, со доплата. Е сега, ова лето сум заинтересирана за некој аранжман за Анталија, па некој што бил да сподели впечатоци и искуства. Какви се плажите, како се движат цените таму, дали има каде да се прошета, дали е погодно да се отиде во септември, бидејќи сум слушнала дека се доста високи температурите? И да препорачате некоја агенција што нуди аранжман за таму, агенцијата да е во Скопје. Благодарам однапред!
Исто и јас сум бил во 2023 таму и е еден од најдобрите хотели Корнелиа, многу чист исто така најквалитетна храна.И за децата има многу активности и поволности и посебно мену.
Дали знаете како можам да се информирам за авантурите што ги нудат, како land od legends и сл. Лани кога бев доаѓаше еден човек и ни нудеше во хотелот ама беше многу скап.
Можеш на страната get your guide да пребараш и да видиш за тој дел какви екскурзии се нудат,можеш да најдеш поволни цени тука
Dali nekoj ima ideno Alanija vo hotel blizu kleopatra plazata da mi kaze dali tamu hotelite nemaat svoja plaza i dali se naplakjaat lezalki na kleopatra ako si gostin vo hotelite ?
Сите хотели си имаат плажа. Можно е да не се вклучени пијалоци од барот на плажа, ама тоа си прашуваш во агенција, а и си стои во самиот опис на хотелот. Јас бев во хотел подалеку од Клеопатра, ама хотелот си имаше дел од плажата со бар. Лежалките беа бесплатни, пијалоците и храната се доплаќаа. Во Кемер кога бев и пијалоците беа вклучени и закуски.
Sesil сакам да те прашам кога имаш летовано во хотелот, бидејќи имам прочитано многу негативни рецензии дека климата не работела, течело вода од горниот кат, фрижидерот не работел, храна немало доволно за сите гости, бубашваби имало во собите. Не знам дали пишуваат лаги или е навистина така. Кога прочитав лоши коментари се разочарав и ме фаќа страв да не ми се расипе одморот.
Пред 2 години бев. Исто и тогаш имаше такви коментари, јас немам замерки, клима, тв, се работеше. Топла вода нон стоп имаше. И храна секогаш остануваше на крај.
15 август ќе е доста жешко. Ако не ви смета, ок е. Јас сум одела од 23 и од 28 август, по 1 недела, вриеше. Аланија е прекрасен град, Сиде не сум била.