Здраво. Дали некој бил во хотелот во Анталија и како сте задоволни, со две деца 6 и 4год, каква е плажата, храната, хигиена... Ако некој бил нека сподели искуство
Kakvo e moreto vo side? I dali nekoj bil vo club nena hotelot. Alanija znam deka e podlaboko i ima dosta karpi.
Местото е убаво, јас во др хотел бев ама плитко ко во грчка нема, инаку водата е убава и чиста со ситни камчиња
Ние резервиравме 13ти јуни за во Аланија, се надевам нема да е многу жешко, не го избрав септември намерно дека јуни е почеток на сезона (т.е таму април-мај почнува) почисто е во однос на се, море, хотел, базени итн... Септември е гужва, можеби грешам незнам, но секогаш сум за јуни повеќе во споредба со септември
Сум била и во Сиде и Аланија, малку по убаво ми беше во Аланија. Септември е рај за во Турција, знае да е уште топло ама за разлика од пикот на летните месеци, по убаво е. Не е лошо ни Јуни, првите 2 недели, после верувам се потопло и потопло е. Сепак за мене по убав ми е Септември за Турција.
На плажата во Сиде дува ветер и не е толку влажно. Аланија е многу влажно. Сиде е помало место, ама има ископини од Грчко време. Аланија е поголем град и има повеќе за шетање. Најголем дел од хотелите сепак не се во градовите и ако сакате да шетате ќе треба да одите со јавен превоз.
Ќе одам со мало детенце од 2 ипол години. Не ни е до шетање, повеќе сме плажа сервис - односно стани, јади, оди на плажа, врати се. Сакаме баш одмор - одмор. Но, не знам Септември да не е касно, или пак ладно. Јуни исто така. Некако збунка сум. Ако одам Јуни да гледам првите недели? А за Септември? во која агенција резервиравте?
Не е ладно во јуни, водата е топла. Ги носев децава во Турција во јуни, одма кога завршуваше школската година, водата е претопла и за мој вкус. Септември е повлажно, потопло и потешко, барем од мое искуство.
Здраво. Едно прашање тие што патувале за Аланија. Знам дека е рано ама гледам куферите се на попуст Патуваме двајца возрасни и две дечиња 6г и 4г со Еуросава, на колку кила багаж имаме право? Знам дека ние со маж ми по еден куфер од 20кг. дали за децава смеам чекиран багаж исто така по едно мало куферче? За децата плаќаме само карти затоа претпоставувам дека имаат право на исто багаж како и ние? Благодарам
Ние лани летавме Анталија со дете 2,5 год. Картите ни беа со вклучени 20 кг чекиран багаж и 8 кг рачен багаж за сите тројца.
Смееш. Ама биди разумна не носи 4 куфери, да се отпакуваш, да се спакуваш, да ги влечеш по аеродроми, автобуси, да ги чекаш на лента... Ако имате 2 поголеми во нив спакувајте се. Ние 3ца се пакуваме во 1 голем и пак има работи кои ги враќам не пипнати. Пешкири не носи или провери, во хотелите кај што сме биле имало пешкири и за на плажа и за во соба. Носиме ранец во него имаме се што ни треба за сабајлето кога ќе стигнеме во хотел да не отвараме куфер (купачи, резерва облека, крем за мачкање итн.)
Секако нема да носам 4 големи куфери, но би земала мали едно за креми и козметики друго за опрема за пливање, пливачи сме професионални па не одиме никаде без опрема инаку пешкири секако не носиме си има во хотел, горе еден ранец со работите што ги спомна