Јас се ова ставам во еден голем куфер . Ама ај со едно дете сме, еве нека е и уште еден мал. Пријателите со кои одиме се вака, еден голем, еден среден, еден мал, 2 ранци, па јас дур ги испособерам, да ги наместам и ќе искинам живци. Козметика во мали шишенца и кутивчиња си префрлам и не ставам се што ставам дома, иако сме на одмор немам време за рутини. Опрема за пливање не знам каква носите, ние носиме наочари (остатокот за нуркање во Турција не го носиме пошто не е живописно) и плус кофички и сл реквизити и тоа се во еден куфер . Нема врска, не те премислувам, ако ти е полесно така носи, ама јас сум научила да не се препакувам веќе, пошто самото пакување ми е стрес од тоа се да земам, нешто да не заборавам или да не затреба не дај боже, а реално има се да се купи ако затреба. А ако земате куфери, таков малечок, јас би гледала да е со димензии за кабински багаж, за во иднина да можам да го користам и за таа намена.
Инаку секоја година носам еден голем за децата и ако нема перална не ми стасуваат секој ден по два пати се пресоблекуваме, во хотелов има но незнам колку се допол Во опрема спаѓаат пераи х4, даска за пливање со се пумпата, две мали даски од стиропор, гуми, наочари, и д-р играчки за на плажа, во право си за тоа дека многу не треба да носам ама децата премногу се валкаат у ден по три пати сум ги преслекувала секако има перални но овде се наплаќа колку незнам, ке беше супер да си имав у соба перална, Али тоа е тоа рано е здравје само до тогаш ќе се спакуваме
Ти стварно многу носиш, каква перална, па и да има јас не би пуштила на одмор, валкани нека си седат Јас и носам фустанчиња неколку и некои понча за на плажа, тоа го соблака на плажа и цел ден е во купачи. И уште неколку комплетчиња. Ние еднаш само сме излегле од ресорт. Анимации има и преку ден и навечер. Инаку од сабајле до вечера се шуткаме од еден до друг ресторан/бар, од плажа до базен, немам ни кога да се пресоблечам. А за опремава гледам мерак ти е, ама ај имаш време ќе размислиш. Ова што си пишала носам во Грција, во Турција не знам, поинаков тип на одмор ми е. Рачунај не е исто морето како Грција, со супот нема ни кај да се оди, пераи ставаме само кога нуркаме. Стиропорните даски реално не ти требаат пошто имаш гуми и мускули, ма да лани носев едно стиропорно елече ама мене ми го собра во тој еден куфер .
Овие моите одат на пливање и маж ми е досаден со тие реквизити и во Охрид ги користиме (патем од Охрид сме) јас не уживам толку во тие работи само сакам со часови да се сончам, инаку за облеката на секое одење на јадење ги облекувам и од таму излегуваме лом , Грција и Албанија во хотелите не беше дозволено да се оди на јадење по купачи и влечки, Аланија незнам како е инаку сакав да прашам како се справувате со кризите за спиење за време на патување, со оглед на тоа што сме од Охрид а летот е од Скопје во 01:20, треба да тргнеме најкасно во 22:00, незнам како ќе е со децава цела ноќ до сабајле ќе ги влечкаме по аеродроми, ќе стасаме пред зори а чекирањето во хотелот е од 14:00 секако ќе можеме се да користиме освен собата, но со која сила
Нека си ги остави во Охрид, таму ќе не знае што попрво да прави. Во хотелите во однос на облека, во главниот ресторан има знак дека не смее папучи и купачи, што до негде разбирам кога е вечера, ама насабајле пред плажа сигурно нема да носам патики па да се пресоблекувам во соба пак, така што не е толку строго. Во другите ресторани и барови сме седеле и по купачи. На аеродром треба да сте најмалку саат-саат ипол пред лет стигнати, од Охрид ако доаѓате стави уште пола саат да не има негде застој за секој случај. Ќе спијат до Скопје, па ќе спијат на аеродром, па во авион и после во автобус. Мојата не успева да заспие така, ама ќе клапне во некој момент и ќе заспие кога ќе ја пушти еуфоријата и адреналинот. Не знам дали би стигнале пред зори. Ако слетувате во Анталија до Аланија ќе имате уште 2 саати пат сигурно. Ние штом стигнеме прашуваме за соби и ни давале и во 10 часот ако се слободни, или земаме пешкири и на плажа па кој му се спие таму спие. Лани ни каснеше летот, па се изначекавме кога слетавме, па чекавме во автобус, па шоферот го утна патот и така во Лара (што е 15км до аеродромот) стигнавме во 10 сабајлето.
Се надевам дека ќе спијат, инаку секако ќе тргнеме и саат порано сешто може да се случи по пат али недај боже, и тие нема да спијат од возбуда во авион така мислам дека прв пат ќе се возат, инаку 90км е хотелот од аеродромот така да пак ке имаме уште саат и пол/два патување... Како и да е фала ти за одвоеното време
Бил некој во Prestiqe Alanya (ex. euphoria comfort)? Го препорачувате за дете? И сте патувале ли преку papillon?