Не мислам туку слушав на утринска дека е на листата за небезбедни држави според одредена статистика на туристичките агенции, дека имале многу откажани аранжмани... И реално територијално е близу немирите, дека одиме со мали деца инаку нема да мислам воопшто...
Ако ти е на мисла откажи, секогаш има добри опции за last minute. Ние оваа година така ќе резервираме не битно дали ќе е Турција или не.
Одлучивме да чекаме, имаме уплатено 30% останатиот дел треба да го уплатите 15-20 ден пред одење, така да ако има нешто недај боже ќе откажеме иако ќе изгубиме 250€ но на прво место безбедноста
Керозинот е толку поскапен што авионските карти ќе го стасаат плафонот. Аранжманите ќе поефтинат поради војната ама затоа пак авионот ќе поскапи.
Сепак не се мисли за цела Турција, барем не за туристичкиот дел, Анталијската регија. И јас се согласувам дека треба да почекате, рано е уште за откажување. Кога треба да одите?
Анталија нема врска со ништо. Ако аеродромот во Анталија работи, нема бојазност од откажување на аранжамани. Нема потреба од паники
Гледам годинава многу поскапе Турција Анталија, истиот хотел исто време над 1000еу поскапо. Гледам и по агенциве не знам други цени пишуват како промоци на нет кога прашуваш ниту промоција ни бутур. Од која агенција досега сте позадоволни оваа година вие што ги пратите се мислите или веќе сте резервирале за летово во Анталија?
За тригодишно дете е полна сума како за возрасен, околу 200 евра чини со чартер.. Сега во моментов картите се поскапени па е нешто повеќе.