Одмор во Турција

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од sarah.key, 6 мај 2010.

  1. Cvetceto20

    Cvetceto20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2020
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Дали е паметно да се оди во Турција со 3 годишно дете околу 07 јули,
    И кој ресорт би ми предложиле
     
  2. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    6.089
    Допаѓања:
    9.007
    Пол:
    Машки
    Многу е жешко во јули и август. Ако мислиш дека детето ќе ја издржи таа топлина, тогаш оди.
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.823
    Допаѓања:
    323.924
    Толку е топло што периодот од 12 до заоѓање сонце ќе го проаѓате во соба, од силно испарување и жештина нема воздух.Па дури и просториите за ручек неможат да ги изладат.
    Сега сојдов од Тр, дневна Т се качува до 33 степени...во мај и е многу топло.Замисли колку е во јули.
     
  4. slimy

    slimy Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.458
    Пол:
    Женски
    здраво,
    За тие што прашуваат за авионите во Турција јас можам слободно да кажам дека најдобар избор е туркиш аирлаинс иако се поскапи, и сун експрес не се лоши, но хајлошо искуство сум имаал со фрееберд тие и каснаат и не ми се допадна.Инаку јас одам со два деца секоја година по 10 дена со мали деца од 6 месеци кога имаа и можам да кажам најдобар избор од Анталија за деца нема.Толку е чисто и водата и хотелите , но и тоа пред резервација проверете проценка во боокинг и трипадвисор, никогаш не сум бил под 8 и секоаш сум бил задоволна.Оваа година планирам на почеток на јули инаку сеуште не сум резервирал.Да вистина е дека е многу топло но август е уште потопло од јули.Минатат година сум бил во Аланија во инчекум плажата кај хотелот Руби Платиниум и можам да кажам дека водата е многу плитка и многу добра за деца, исто така и Кемер не е длабока и има многу топла вода.
    Најмногу погоден за деца беше Rixos Sungate Kemer, Spice Hotel Belek, Cornelia Diamonds golf Resort Belek isto i Royal Seginus Lara имаше и луна парк навечер.
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  5. slimy

    slimy Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.458
    Пол:
    Женски
    Инаку заборавив да прашам вие што бевте во турција или сте резервирале со која агенција и дали сте задоволни?
     
  6. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    828
    Пол:
    Женски
    Пишете хотел и агенција од кои сте задоволни од турција
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Megann18

    Megann18 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    6.549
    Пол:
    Женски
    За тој хотел имам слушнато само пофални зборови, но лично јас не сум била.
     
  8. Giinna

    Giinna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Како се снаоѓате со мали деца при ноќно патување? Дали издржуваат да не спијат цела вечер бидејки по аеродроми и голема гужва моето не би заспало сигурно. Исто чек ин во хотелите е од 11, што правите за тој период? Во анталија се стига до 2 саат сабајле, од аеродром до хотел трансфер да кажеме и 5 часот нека е, после тоа што? Чекање во лоби?
     
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.444
    Допаѓања:
    193.082
    Ако си после 7 одиш во ресторант имаш веќе почнато со појадок
    Ке се напиете сок кафе ке јадите и ако е изчистена собата и пред 11 ке влезете
     
  10. Giinna

    Giinna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Со дете/ децата што правите? За нас возрасните најмалку проблем. Како се справувате сп децата ми е прашањето
     
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.444
    Допаѓања:
    193.082
    Е тоа неможам да ти помогнам
    Сами бевме со сопругот
    Има лежалки ке ги ставите на лежалките да си спијат
    Но ептен се фер ке ви ја изчистат веднаш собата
    Ние стигнавме во 7.30
    Отидовме на појадок и кога се вративме на рецепција накај 8.30 одма ни дадија клуч од собата

    Во кој дел и кој хотел одите
     
  12. slimy

    slimy Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.458
    Пол:
    Женски
    Еве јас со моете искуство со 2 деца кога патував за прв пат во Анталија големиот веќе беше 5 години а малата 7 месеци.После чек ин можеш количката да ја земаш горе не знам колку години ти се децата но ако се ептен мали ќе заспијат во количка,или кај тебе.После влегување во авионот моите веднаш спијат, јас му давам секогаш шурупче Локомотив за да не повраќат по пат и од тоа заспиваат.Таму после ќе ги земате куферите, и надвор ќе ве чека претставник од агенцијата и ќе ве упати за понатаму.Во некои хотели кога ќе не видеа со мали деца пред 12 часот го спремаа собата, и влеговме порано.Но и ако треба да чекаш јас секогаш кај ранацот што го имаме со себе ,таму му ставам купаќи и облека за плажа и веднаш тргаме за накај базенот или накај плажата и таму играат дур не заспијаат.Ќе гледаш дека од радоста и возбудата нема да праат галама ништо.Убаво да си поминете, кај ќе одите кај кој хотел и кога?
     
  13. slimy

    slimy Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.458
    Пол:
    Женски
    Ние оваа година се решивме за Сидера Кирман во Аланија Окурчарал резервиравме на почетокот на јули ќе одиме. Таму не сум бил порано во овој хотел ако некој бил нека кажува како поминал.
     
  14. Giinna

    Giinna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    сами и ние сме оделе, затоа ми е страв со дете :sweat:
    Нас и летот за одење и враќање ни доцнеше па во хотел стигнавме дур во 12-1 попладне наместо рано сабајле
    Во кола спие, во количка не баш. Ама влези излези од авион во кола па во хотел мислам ќе се разбуди и после душата ќе ми ја извади :(

    Немаме уште резервирано, се мислам дали воопшто да одиме таму
     
  15. @nchy

    @nchy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2017
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    Јас да споделам искуство за Sunmelia beach resort hotel and spa Side.
    Задоволни во секоја смисла,од хигиена,богата храна,љубезен персонал...прв пат одиме тука и тоа истражување лично пред да дојдеме,без посебна препорака и да кажам подобро не можевме да одбереме. 100/10 би им дала и на хотелот и на организаторот на патувањето Еуросава.
    Децата презадоволни,една секунда нема да ви биде досадно ми нив ни вас.
    Единствена забелешка за нас што често летување во Грција е плажата, мешан песок и камчиња,брановите вода. Амаа затоа секогаш имате неколку базени за сите возрасти за замена
    Мислам никој не го спомнал ресортот тука па еве...секоја пофалба.
    Тоалетите што одат сите често,што се на базенот не знаете колку се чисти,мислиш пред вас никој цел ден не влегол...собите секој ден средени,пешкири нови,барот во соба освежен....
    Секое утро лежалките и подот го чистат,како човек да не поминал,а илјадници не има.
    Топла препорака за секој кој се размислува
     
    На Aschenputtel, ALISA0000 и slimy им се допаѓа ова.
  16. AlmaOculta

    AlmaOculta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2026
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    774
    Пол:
    Женски
    Препорачувате да се оди во Октомври или септември?
     
  17. Okica

    Okica Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    515
    И јас исто би прашала, само да го дополнам прашањето со која агенција е најсигурно и на кое место ? Благодарам ако некој одговори
     
  18. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.272
    Допаѓања:
    5.285
    Јули евентулано да видиш Кемер како се температури може да е по пријатно заради планината и шумата, Анталија и Аланија јас не би одела јули и август.
    Никако не ги оставај да не спијат цела вечер. Јас ја легнувам порано 19-20ч, ако треба во 1-2 сабајле да лета. Може и во 21 ќе заспие ама легнување пред 20ч секако, а со нејзе и ние. Ако не ја легнам и ако не заспие, на аеродром ќе биде лудило, исто се однесува во гужви како што викаш, ја фаќа еуфорија, адреналин, ама потоа ја совладува умор и е неиздржливо. Плус што авионот може и да доцни, така што мора да има неколку саати сон пред тоа. Ако успее и во авион да заспие супер, пола саат пола саат не е важно, пак уште еден рестарт, иако нејзе и е тоа превозбудливо и интересно и не спие. Ако одите со чартериве од Скопје за Турција, премногу оптимистички ми е дека ќе стигнете во 2 во Анталија и во 5 во хотел. Ако имате таква среќа да немате чекање и доцнење никаде, јас си носам ранец со купачи, алишта резерва и креми, директ за на плажа, крпи ќе ви дадат од хотел, и дур е готова собата си уживаме на плажа. Инаку достапно ти е се од рестораните и услугите веднаш штом стигнете.

    @AlmaOculta @Okica Во Турција септември/октомври не сум била, ама сум била во Кипар тој период кој има слична клима. Искрено мислам дека е подобро септември отколку јули и август, но денот е пократок ако тоа нешто менува. Сме оделе преку еуросава.

    За авионите како модели на авиони се сите исти за тие релации, не се преоптоварувам со тоа. Услугата на туркиш внатре да подобра е ама не е избор на чартер. Доцнење на авион не зависи од авиокомпанија и туркиш доцнел, турбуленции исто не зависи од авион и авиокомпанија. Ова за некој што се плашеше од летање, меѓу кои и јас. Не сум пробала ама голем дел од луѓето околу мене што пречесто летаат си земаат дијазепам, нешто за смирување, што мислам дека е многу паметно не знам зошто се мачам постојано.
     
    На Okica и Giinna им се допаѓа ова.
  19. Giinna

    Giinna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    И годинава ќе ја одложиме Турција особено ради ситуацијава со Израел па од година здравје ќе видиме како. Фала ти во секој случај
     
  20. ignacija

    ignacija Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2020
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Дали некоја од вас е била во Bosphorus Sorgun Hotel во Сиде. Се мислам дали да резервирам па да ми даде мислење како е било.