Стварно годинава многу малку, а и многу поскапи понудите за Турција во однос на предходните години. Конкретно за Бодрум јас само преку Савана најдов понуда и толку http://www.savana.com.mk/default.aspx?p ... ID=1&mID=1 И баш сега ова го гледав http://www.odmorise.mk/mk/aranzhmani.as ... =2&plId=27
Затоа ја ќе си средам све преку интернет. 2 дена во Истанбул, после Бодрум 7 дена и пак назад 2 дена во истанбул и дома.
Грешка си, за Кушадаси со чартер оддамна се пуштени понудите http://www.amsmtours.mk/aranzman.asp?id ... tegorija=1 http://safari.mk/index.php?option=com_c ... 94&lang=mk http://www.ferijalkasikov.com.mk/Upload ... sadasi.pdf http://www.terratravel.com.mk/content/p ... romena.pdf
Еве и за Бодрум http://www.atlantis.mk/index.php?id=449 http://www.magelantravel.com.mk/offers. ... +ZE8yByJ4= http://www.magelantravel.com.mk/offers. ... f1HRtclqo=
Jас лани бев во Tурција и преубаво е , бевме во хотел со 2* и никаков беше, значи во турција само во хотел со 3* и повеке се сместивме во центарот така да се ни беше близзу а секој ден одевме на различна плажа , имаат добро организиран превоз со минибуси и ефтино е. Iма и што да се види, аквапаркови, памук кале, преубаво е, кој се мисли нека се одлучи за кушадаси
Jaс од Кушадаси ич не сум задоволна, иако бев сместена во хотел со 5*. Бордум и Мармарис ми се најубави и најубаво сум си поминувала, ама скапо е бре. СКАПО!!! Не знам дали агенциите не` крадат или навистина ги опињаат ценине, ама...скапо е. Треба да бираш дали да одиш на одмор таму или да купиш колa e**те.
Колку тоа е топло во Турција, и може ли да се дише на раат, гледам огромна влажност имало особено во тој дел кај Анталија, Аланија и сл.?
Може да се диши, а топло е многу. Околу 30-37степени(ова во септември). Кога ќе се тргне од фактот што само јануари и февруари биле ’ладни месеци’, кога врнело дожд и носеле пролетни јакнички јас мислам дека Турција е прекрасна во однос на климата(барем за оние кои сакаат топло време). (оваа информација ни ја дадоа жителите)
За делот кај Анталија сум чула и јас дека е влажнен воздухот, а кога има влага потешко се поднесува жешкото. А за делот Бодрум, Кушадаси, Мармарис климата е супер и во сред јули и август е загушливо него многу пријатно поготово навечер идеално е.
Дечки ве молам ако може да ми дадете линкови од некои хотели во Бодрум или Аланија или Анталија или Мармарис или Кушадаси со минимум 4* по ниска цена(Мислам не сега преголема) зш ако не нејдеме идеме Грција а Грција сме биле 1000 пати Фала ви многу Спојлер ако можете ставете линк и од која агенција со авион
Се двоумиме помеѓу Паралиа и Кушадаси. Ај предлози ако некој има одено на двете места. Сум била во Паралиа но не и во Кушадаси.
Во Кушадаси бев пред 3год. Фантастично место, мене ми се допадна. Јас бев во Јули па не цркнав како што велат многу топло а башка навечер ваљда поради морето заладува и немаш воопшто потреба да пушташ клима во соба. Имаш тури да скокнеш до Ефес, Памук кале има и аква парк....има што да се види. Плажите се убави, големи, песочни и морето чисто и топло. Има на секои 5-10 мин минибусови што возат за на плажа (ние не одевме на хотелска плажа зашто не ни се допаѓаше и многу гужва имаше) за 1 лира=0,5еур тогаш беше така. Јас бев Алл Инкл. во хотел со 5*. Интернационална кујна, овошје што сакаш и колку сакаш, пијалоци....незнам колку е паметно да одиш само со доручек од хотел. Една вечера тогаш зашто сакавме така на бок со морски специјалитети не чинеше тогаш околу 80 долари (само еднаш јадевме надвор од хотел). Други ситници како вода, сок,чоколадо....не беа многу скапи ама да седнеш некаде и да ручаш-вечераш по нивни ресторани незнам и незнам дали ќе ти се допадне нивната кујна. Едно е што се готви по хотели бидејќи има странци и кујната е интернационална а друго е во нивни ресторани. Нејќам лошо да звучам ама хотелите со 2 и 3* не се баш сјајни. Ќе видиш влага по собите и купатила катанга. Многу беа разочарани луѓе тогаш што беа сместени во такви хотели, можеби сега е нешто поправено и реновирано во обзир на тоа што Турција без разлика кој туристички дел значи и Анталија, Бодрум, Мармарис привлече многу туристи последниве 3-4год и значајно рипнаа и цените. Посебно што цели области се купени/закупени од Руси и др. Ако е Турција само хотел со 5* само што сега е веќе скапо да си приуштиш таков хотел и навистина да ја доживееш Турција. Не ме сваќај погрешно, знам дека немаш голем буџет на пари па да си приуштиш нешто подобро али пак затоа убаво прогуглај по трипадвајзер, букинг и сл. др. форуми за да видиш убаво слики и искуства од таму. Мислам на хотели а за провод и убавина нема да зажалиш воопшто. Имаат убав центар на град каде можеш да прошеташ и безброј продавнички со све и свашта. Чудно ми беше што во близина скоро центар им беа гробишта :geek: Имаш тема Кушадаси прочитај си и таму
Не се прави споредба помеѓу Кушадаси и Паралиа. ПАралиа ти е во Грција, значи помалку патуваш, морето веќе го имаш видено, освен ноќен живот и тон македонци друго нема да видиш. Кушадаси ти е повеќе пат, НО морето е далеку поразлично од грчкото, прекрансо е, ќе видиш и сама, разликата се чувствува . Ноќен живот има, ќе видиш друга култура, македонци многу малку, скоро ич(освен оние во бус што ќе ги запознаеш па да ги препознаеш низ град), и милион други работи кои можеш да ги посетиш и видиш, а со то аодморот ќе ти добие сосема друга димензија од колку одмор во Грција. На тебе останува, да одлучиш. Јас на кратко ти опишав од каде што можеш да очекуваш.
Девојки има ли некој одено во Кушадаси на почеток на Септември ? како е ? Единствено тогаш можам да одам, планирав во Август ама ми излегоа обврски
Зошто бе така не биле задоволни од хотелите со по 2, 3 *? Јас одев во хотел со 3 * и топ си поминавме па за тие пари што повеќе да очекувам? Ние луѓето сме малку чудни за ич пари сакаме како богови да не гледаат, нормлано цената и бројот на * си го носи лукузот и поволностите. Фала Богу ние немавем никакви проблеми со смештајот, а и повеќето хотели што ги нудат нашиве аѓенции се пристојни.
Кушадаси на почеток на септември - ВОЛШЕБНО Јас лани бев во хотел со 2*, многу нормално, ок, чисто , средено, немам никакви замерки.
Dali ima nekoj iskustvo vo hotelot Grand Hotel Kurdoglu 4* vo Kushadasi? Da kaze kako e, all inclusivot dali e ok i sl?
Девојки, нова сум на форумот , но се зачленив само поради оваа тема Во КУШАДАСИ бев две години по ред, и искрено се мсилам дали да одам оваа година повторно имам одено во хотели со 2* аргау и сани хил...е сега...аргау 2011 година имасе прекрасни газди сто ни го разубавија одморот максимално и сто е битно, аргау се наога во центарот на градот...сани хил е ок, но, има многу лоша местоположба,која од друга страна пак ќе ти овозможи да ја запознаеш традицијата на турција..старите луге седат на чергичиња пред врата, дечиња си играат те поздравуваат...храната во хотелите е таа...за 180 евра се знае што можеш да добиеш а во чаршијата имаш што да си купиш да не се лажеме, имаш кинг бургер, имас мекдоналс, имас најубаво и нааајвкусно ПИДЕ кое морате да го пробате аква фантази,памуккале, џип сафари се трите задолжителни посети во кушадаси. Секој петок(мислам беше петок)е пазарен ден за кушадаси...не зимајте мн пари во вас, затоа што сите ќе ги потрошите макар што е многу ефтино за мене најубава плажа е лонг бич...најдолга, најубава и имаш избор, ако не ти се допаѓа помести се на друго место...8 км е долга)) доколку имате нешто да прашате, слободно...уживам да зборувам за турција)) и да...24 часа пат