1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одмор или замор?

Дискусија во 'Слободно време' започната од rossonerka, 19 април 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Еве се ближи летото и ме интересира како го замислувате летниот одмор и каков одмор посакувате.

    Одмор во вистинска смисла на зборот плажа, релаксација, станување порано и уживање на утринските зраци, убаво неколку часовно спиење, читање книги, кафиња за уживање, пливање, вечерни мали прошетки и јадење во ресторани и комплетно одмарање на организмот од стресот цела година кој не следи.

    Или спротивно јас велам замор :lol:
    Одморот вас ви претставува забавата. Беснеење до рани утрински часови, многу алкохол, многу журки и ноќни и денски, спиење до доцна, кафиња во најгласните кафичи, јадење брза храна, плажата е место за дремење под сенка и пиење кафиња и коктели и дома се враќате мртви уморни и желни за спиење :D

    Што е вашиот избор?
    Одите на одмор или замор?
    Или правите некоја комбинација и во тој случај што повеќе преовладува? :wasntme:
     
  2. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Јас сум дефинитивно за одмор. И секогаш тие неклку дена ми се правилен одмор. Нит пијам до 5 насабале, па после да спијам цел ден, не готвам(освен фала богу мали исклучоци да спржнам нешто), не акам да купувам сувенири и бижутерија, не одам по бутици, ништо од тоа бре :D Спијам, се сексам, пливам, се сексам :rofl: , се љубам, уживам, го користам секој сончев зрак, и одморам
    Забавата не е само лумпување и беснеење, забавата е во се, во насмевката и сонцето :)
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Одмор во вистинска смисла на зборот плажа, релаксација, станување порано и уживање на утринските зраци, убаво неколку часовно спиење, читање книги, кафиња за уживање, пливање, вечерни мали прошетки и јадење во ресторани и комплетно одмарање на организмот од стресот цела година кој не следи. 8)
    И сето тоа по можност што подалеку од балканот. Ув како ми е потребен е ден ваков одмор
     
  4. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    775
    ухх замене идеален одмор би бил мешавина од "одмор и од замор" :D :D

    *станување во 10 (секако будење во прегратка на саканиот), бањање, дотерување и шминкање... појадок во најблискиот ресторан..
    * во 11:30 прошетка низ парк или низ град... (ова би го заменила и со краток шопинг но дечкоми мрази)
    * потоа одење на плажа со дечкоми и секако друштвото.. уживанции, играње одбојка, карти, сончање, итн..
    * по враќањето од плажа би издвоила 2 часа за секс и уживање во када со дечкоми :D
    * егзотична вечера во романтичен ресторан или во домашен амбиент :inlove:
    * итсс тиме фор парти.... лудницаааааааааааа.... журкиии до раните утрински часови (најкасно до 3:30 после полноќ).. враќање дома и брз секс :$ ... спиење максимум 4 часа.. :D па лето е .. греота е повеќе да спиеш.. треба максимално да се искористат сите убавини што ни ги нуди ова годишно време 8)


    освен овие што го набројав би вклучила и ноќно капење на плажа... одење на концерти... шопингггг.... и посетување на некоја нудистичка плажа (доколку би имала можност некогаш):D :D
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Леле колку ми е моментално потребен одмор, само што го видов зборчево се залетав како кученце пред врата од месарница, :lol: .
    Па, искрено да би бирала во моментов би одбрала некоја комбинација на пример од 14 дена (кои може само во РЕМ фаза да ги добијам,ама ај малку хипотетички не е страшно да си правам илузии) 9 дена вистински одмор, а 5 т.н. замор.
     
  6. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Одмор ама незначи дека туку така ќе си го поминанам распустот :) Сакам малклу да ослабам и мн други работи :) Ама секако базен,плажа,ноќни прошетки :inlove:
     
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Интересна тема, Роси.

    Мислам дека најмногу зависи од тоа со кого си на одмор.
    Ако си со големо друштво, дефинитивно е замор, ама ако си со партнерот е повеќе одмор.

    Сум била и на двата начина.
    Кога бев со другарките, се на се 9 девојки, еден доручек не фативме. Преку ден киснемве на плажа и пиевме, а навечер од 8 часот почнувавме да се спремаме за излегување. Не се занеше која каде е, што носи, што прави. Општ хаос. И замарање беше, секоја вечер на штикли од 8, па се до 5 сабајле. Спиење никако. Значи замор, ама прекрасен. Замор-одмор. :D
    А со дечко е поинаку. Ти си го диктираш темпото, си стануваш наутро за појадок, си шеткаш кога сакаш, каде сакаш и морам да напоменам значително помалку внесуваш алкохол. :D Е тоа е баш одмор-одмор.

    Мој конечен избор би била златна средина, ама да мава на одмор повеќе :rofl:
     
  8. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Одмор !!
    Да се изаспијам за сите денови во учебната годнина кога легнувам во 1 а станувам во 6 ипол :D
     
  9. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Јас би рекла помешано. :lol: Како и да е кога сум на одмор сакам да се излежавам на плажа, да се бањам, да се сончам и уживам, но сакам и навечер да ми биде интересно, а не да си легнувам во 10 часот од што нема што да се прави. :lol: Досега не сум била сама на одмор, така што навечер се шетавме со мајка ми и на крајот од вечерта зборувавме лежејќи во кревет, но оваа година планирам сама да одам на одмор така што сакам да си поминам лудо и незаборавно. ;)
     
  10. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Изразот е Одмор, но јас повеќе би рекла замор. :lol:
    Стануваш рано за на плажа, цел ден си лево-десно со реквизитите, пливаш, па трчај да јадеш, па ова па она... Вечерта ќе си легнеш касно и сабајле стани со олкави подочњаци.
    Да, дефинитивно замор. :!:
     
  11. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Оваа година, здравје, планирам одмор од соништата ...
    Прво ке одам на Замор, со многу луѓе од целиот свет, барови, дискотеки, забава и смеа до сабајле...
    Но потоа ке ми треба убав Одмор, во вистинска смисла на зборот.
    Само неколку добри книги и спремна сум за на плажа, за ладни коктели и топли сончеви зраци :)
    Море, пливање, сончање, мир и тишина. Одмор, како никогаш до сега.
    Навечер прошетка низ местото (каде што ке одам), па дома- винце, тивка музика, свеќи, романтика... ахххх едвај чекам да дојде денот за одмор :)
     
  12. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Богами баба сум станала :D
    За мене совршен одмор е:
    - Станување во 08.00 наутро, навремен појадок
    - фаќање на утринското сонче на плажа
    - лежење и уживање по цел ден
    - добра музика и дневни коктели
    - вечерна седенка ............и опет исто * 10 дена :lol:

    Резултат: полни батерии, супер тен, свежо лице и богами- мозок на пасење ;)
     
    На crazyinlove19, Trendafilka и marama им се допаѓа ова.
  13. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Богами скоро секогаш одам на умор :| Помина тоа кога се одеше на одмор, ми фалат тие времиња. Си одевме со моите и стварно беше тоа одмор. Добро не ептен, сепак ги малтретиравме де оваму, де онаму ама дефинитивно не беше ни приближно како летувањата што сега ги имаме со другарките.
    Особено минатата година во Будва, се спиеше малку се шеташе по цели денови, не се јадеше воопшто, се пиеше ептен и се онака испомешано. Си дојдов дома ослабена 5кг и катран црна како никогаш досега. Штикли носење секоја вечер, а нозете изгорени од прекоумерено сончање ама трај за лепота.. Карина штикли си носи ако нозете жар црвени..Полни кеси од шопинг терапијата во Подгорица, се симнувам од автобус дека облечена со нови алишта и видно изменета мајка ми не ме позна. Ма умор дефинитивно, после се одмарав дома ми викаат ти на одмор демек беше :wasntme: Ама сепак умор за паметење е тоа..
    Стварно ми е потребен еден одмор во буквална смисла на зборот, по цел ден да се излежувам и да уживам, тоа најверојатно би било кога би имала сериозен дечко ама сега засега поубаво ми е вака.
    И оваа година најверојатно ќе има умор, ја чекам другарка ми од Лондон да си дојде па заедно да идеме.. тешко дека ќе има време за одмор :D
     
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    дефинитивно одмор
    иако оваа година мислам дека нема да има, ама тоа е, здравје догодина
    во замена за тоа, на тераса горе, простри си лежалка или на гратска плажа под сенка со книга во рака, опуштено :lol: :$ тркни до Олимписки ако сакаш да попливаш, купи си што ти душа сака по бутициве низ град(летен шопинг незаменлив)и така
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.522
    Секогаш тргнувам со помислата дека одам на баш одмор!И така,пакувам се лежерно,лесно,ниско,удобно,не ставам во куфер фен и пегла за коса и си велам,ај еден пар сандали на штикла за секој случај и пакувам две книги!

    Стигнувам таму,првиот ден,се прилагодувам на околината и си легнувам рано,станувам во 8-9 сабајле и одам на плажа и си викам...ах,е ова ќе биде одмор додека благонасмеана си го гледам ортакот како поцрвенува на сонцето и шмукам нес,сок или вода и ко права госпожа со шешир на глава читам книга!
    Се прибирам во вилата тн смештај и си ги упознавам комшиите и си викам уат д хек!Дечки,вечер ќе одиме некаде?!И тука мојот џигер вика оооу ноооооу!Кршам шанкови,пуштам коси,ортакот ми се опушта максимално такоџе.И пак станувам во 9 сабајле да пијам кафе на балкон уз љубав и мирис на море и се чудам на себе,добро што ѓаол си?!Спиј до 12,легна доцна,ама тогаш магично имам енергија за 100,а кога сум дома со обврски,само се влечам и кукам,како сум ненаспана!И така,комбинирам последниве неколку години и одмор и замор и се враќам свежна и полна со позитивна енергија.А да не се подречам,амаааааааа да не се подречам,немам лош одмор поминато.Сонцето ми е елкисир за расположение.Се смеам од јутра до сутра,што на тезно,што на мутно,ама се е под контрола.Успешен микс имам,ако не две книги,со една прочитана се враќам,изрелаксирана и стокмена тамам!Да не навлагам у детали,досадна да не бидам!

    У принцип,не ми треба толку многу одмор,колку полнење со позитива.
     
    На 1209, 2468 и Offspring им се допаѓа ова.
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Сум ги испробала и двете варијанти.
    И одмор и замор.

    Замор беше дефинитивно турата Венеција-Лорет де Мар-Кан-Ница-Монако.
    Возење во автобус близу 24 часа - не благодарам.
    Со другарка ми пустите, не можевме да дочекаме апсолвентска, па се з'гнавме да си уплатиме ваква тура уште во втора на факс.
    За апсолвентска не ни сакав да помислам.
    Вистински замор.
    Потечени нозе од автобус, паметам само препакување на куферот, мрцварење, буткање кој каде да се слика попрво, а фотките - гробар со подочњак до колена.

    Одмор - лезетски со мама и тате пред две години.
    Толкава мома, магарица, што ми текна, никој не сакаше од друштвото да се договори како човек, ни вамте-ни тамте, а душичка ти плаче за одмор... :?:
    Платено, ти сине само спакувај се.
    Сторено.
    Мозокот буквално на пасење.
    Ни тура, ниту посета на некој град, ниту бутур.
    Спиење, плажа, коктели, јадење, плажа, прошетка, коктели, спиење... и се' така во круг 10 дена.
    Радост. :)

    За мене совршена комбинација е прошетка секој трет ден некаде подалеку од плажата.
    Египет е совршен за тоа, исто и Турција.
    2 дена плажа - еден ден пустина.
    2 дена плажа - пирамиди.
    Па Луксор, ем да видиш, ем да одмориш, а секоја вечер журка.
    Најубаво. ;)
     
    На Sephora и crazylady им се допаѓа ова.
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Кога сум на одмор сакам вистински да се одморам од секојдневието, од проблемите што ме мачеле преку целата година. Тоа е и причината заради која сакам помирен одмор. Сакам да си го пуштам мозокот на пасење, да не мислам на ништо.

    Одење на плажа рано наутро, за мене тоа е најубавото нешто и најубавиот дел од денот кога сум на одмор. Нема нешто што повеќе ме опушта. Звукот на брановите и мирисот на морето. Уживање во сонцето со коктел, добра книга и добро друштво. Седење на балкон и пиење кафе. Навечер прошетка, на кафе или во ресторан.

    После ваков одмор се враќам дома навистина одморена, со убав тен, позитивна енергија и полни батерии. :)
     
  18. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Одмор - во права смисла на зборот! ;)
    Сум немала досега таков напорен одмор т.е замор и не верувам дека би си допуштила некогаш заморно летување |( !
    Секој летен одмор од десетина денови ми бил секогаш максимално искористен за релаксација и затоа можам да кажам дека ги минувам тие десетина дена многу опуштено!
    Со дечко ми одиме секое лето на одмор, ама онаков ,,домаќински одмор,, со легнување поранко, станување порано, плажа секој ден, редовна исхрана (поредовна здравје и затоа секој одмор се враќам со вишок 2/3кг :tmi: ), прошетки навечер...уживање! :inlove: Без пијанчење, без журки до доцна, без преспивање на цел ден...
    Сепак, како некое правило ни е од цел десетдневен одмор да си допушиме еден ден кога ќе се поднапиеме, другиот ден ќе поспиеме малце повеќе и ќе испуштиме малку од сонцето и плажата! Ама тоа е само еден ден додека остатите денови ми се подредени без отстапување ,,редовен сон, појадок, плажа, ручек, прошетка, секс... одмор за уживање!
     
  19. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Одмор-одмор дефинитивно! И тоа одмор со мама, ама помина времето за тоа ;( Пред две години ми мавнаа бубачките во глава дека ми е срам да одам веќе така на одмор, а и жената веќе не е желна за шетање :) , и одма си средив си стокмив одморче со другарки во „милиот“ ни Охрид. И отидовме, се изморив за цел живот и си дојдов. Кога дојдов памтам дека го изедов цел фрижидер и спиев едно 20 саати. Пак? Не, благодарам. Јас сум маза научена на храна и сон и моево телце не трпи журки и алкохол секоја можна вечер од „одморот“! Лани си го подбрав малиот и на одморче заедно на море. Мир и тишина, одиш кај сакаш, ако не сакаш не искачаш, јадееееш и јадеееееш, се враќаш црн како циганче со плус 3-4 кг. Ама ОДМОРЕН. Само плажа, моренце, сонце и ништо друго. Па и нека ми зборат другаЧките дека не знам да си ја искористам младоста :?:
     
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Јас си правам некаква си комбинација. Одмор во смисла на рано станување, доручек, плажа, пладневна дремка, плажа пак и навечер убава прошетка. А замор во смисла да цел ден шетам од едно на друго место со желба се да видам и секаде да стапнам :) . Замор ми е таков одмор кога одам во некоја цивилизација или пак сакам да ги фатам сите тури. Ноќните барови ги заобиколувам, не ми е тоа филинг и релаксација, повише би во некој ресторан-кафана за фино опуштање пред спиење.